Среда, 23 Октомври 2024   
ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО БУГАРСКАТА ЕТНОГЕНЕЗА НА КОИ БУГАРСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ НЕМААТ ОДГОВОР!

1dons copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар ДОНСКИ

Најголем дел од бугарските историчари и нивните претходници (а верувам и наследници) цело време повторуваат дека Македонците се (или порано биле) „Бугари“. Јас прв ќе ги прифатам ваквите тврдења доколку ми се даде убедлив одговор на некои прашања, кои не се однесуваат на потеклото на Македонците, туку се однесуваат на потеклото на Бугарите. Ова е и сосема разбирливо.  Штом тие тврдат дека ние Македонците сме имале „бугарски етнички корени“, тогаш логично е да ги погледнеме тие нивни корени за да видиме дали се тоа и „наши“ корени.

Според бугарската официјална историографија на добар дел од територијата  на денешна Бугарија во периодот на антиката живеел познатиот народ Тракијци кои имале сопствен јазик, сопствени цареви и  развиена култура. Во 6 век почнало доселувањето на Словените, кои во текот на следниот период почнале да се мешаат со староседелците Тракијци. Но, во втората половина на 7 век на североисточниот дел од сегашна Бугарија за прв пат се појавиле Бугарите. Во 681 година тие таму формирале своја држава (која во бугарската историографија денес се нарекува „Прво бугарско царство“, иако таа отпрвин била хаганат). Бугарите (според бугарската официјална историографија, а и според археолошките наоди) биле турко-монголско племе (Турки според јазикот, а Монголи според антрополошките карактеристики, т.е. припадници на жолтата раса). Нивниот прв познат владетел бил ханот (типична монголска титула) Кубрат, кој според „Именикот на бугарските ханови“ (дело напишано во  8 век) бил еден од потомците на хунскиот водач Атила „божјиот камшик“.  Дел од Бугарите предводени од синот на Кубрат по име Аспарух (чие име на вистинскиот бугарски јазик значело „виорен коњ“) дошле од Азија во Европа  и се населиле во североисточниот дел на денешна Бугарија, а дел си останале во Азија, т.е. на границата меѓу Европа и Азија и нивните потомци до денес живеат таму. Во врска со сето ова би сакал да ги поставам следните прашања:

  1.      Денешните бугарски историчари во најголем дел тврдат дека денешната бугарска нација е од словенско потекло (иако за време поранешниот бугарски сојузник Хитлер доминирала тезата дека Бугарите не се Словени, туку дека се потомци на Хуно-Татарите, како што тврделе припадниците на моќната фашистичка организација „Ратници за напредок на блгарштината“, со тоа што подоцна како сојузници на Сталин и на СССР преку ноќ почнала да се форсира словенската теза за потекло  на современите Бугари што значи дека во склад со дневната политика се менувало и нивното потекло). Но, еве сега официјалниот став е дека денешните Бугари се „Словени“, т.е. потомци на Словените кои во 6 век се населиле во Бугарија. Значи ем се Бугари, ем се Словени…  Но, ако е така, тогаш се поставува логичното прашање: кога Словените во Бугарија станале „етнички Бугари“, ако се знае дека по доаѓањето на турко-монголските Бугари од Азија, тие жестоко ги тероризирале Словените, но и староседелците Тракијци? Пример за ова е Четаларскиот натпис во кој пишува дека бугарскиот хан Омуртаг ќе ги убива Словените „сѐ додека свети сонцето и тече реката Тича“. И подоцна бугарскиот хан Пресијан водел војна против словенското племе Смолјани кое отприлика живеело на територијата на денешна Пиринска Македонија (за што пишува во Пресијановиот натпис). Исто било и со Тракијците. Бугарскиот хан Крум во 809 година го опсадил градот Сердика (денешна Софија) во кој доминирало тракиското население. По неуспешната опсада тој им ветил на тамошните жители дека ќе ги поштеди ако му се предадат. Тие се предале, но тој потоа извршил невиден масакр убивајќи над 6.000 жители на Сердика (главно  Тракијци).  Значи ем Бугарите ги убивале и масакрирале Словените и Тракијците во т.н. „Прво бугарско царство“, ем денешните потомци на Словените и на Тракијците во Бугарија се гордеат со „бугарското етничко име“, т.е. со етничкото име на убијците на нивните крвни предци! Не знам дали на друго место во историјата на човештвото постои ваква перверзија?
  1.      Најголем дел од денешните жители на Бугарија како припадници на белата раса тврдат дека се „етнички Бугари“, но исто така и турко-монголските Бугари, кои припаѓале на жолтата раса, биле етнички Бугари. Па, како е можно да постојат два вида етнички Бугари: едните припадници на белата, а другите припадници на жолтата раса? Некој шегаџија би рекол дека само уште фали бугарската пропаганда да измисли и „Бугари црнци“, па да биде комплетен бугарскиот етнички спектар.
  1.      Според најголем дел од бугарските историчари „Словените во Македонија и во Бугарија се етнички Бугари“. Но, добро знаеме дека Словените живееле во овие две земји најмалку век и половина пред доаѓањето на турко-монголските Бугари од Азија. Па ако  е така, тогаш се поставува уште едно прашање, а тоа гласи: која година, на кој датум и во колку часот потомците на Словените во Македонија и во Бугарија, од Словени, се конвертирале во „етнички Бугари“?
  1. 4.     Неодамна еден бугарски политичар изјави дека денешниот бугарски јазик бил „1.300 години стар“. Ова го повторуваат и други субјекти во Бугарија, па сакам да ги прашам: за кој бугарски јазик се однесува ваквото тврдење? Ако се однесува на вистинскиот бугарски јазик (на хановите Кубрат, Аспарух, Омуртаг, Борис, цар Симеон и другите како нив турко-монголски Бугари), тогаш тој е многу постар јазик и е сличен со денешниот јазик на Татарите во Русија. Ако пак ваквото тврдење се однесува на словенскиот јазик, тогаш тоа не бил никаков бугарски, туку бил словенски  јазик. Имено пред 1.300 години (околу 724 година) официјален јазик во тогашниот бугарски хаганат бил турко-бугарскиот јазик а ретките писмени Бугари пишувале на грчки, додека Словените и Тракијците во тоа време биле прогонувани од страна на Бугарите. Масакрот против Тракијците во Сердика од страна на бугарскиот хан Крум (803 – 814) се случил речиси 9 децении по 724 година, а изјавата на хан Омуртаг (814 – 831) дека ќе ги убива Словените „се додека свети сонцето“ била речиси еден век по 724 година. Дури и семејството на покрстениот турко-монголски цар Симеон (864 – 927)  дома си зборувало на својот мајчин турко-бугарски јазик. Па повторно прашувам: како е можно дури и во 9 век да постојат два (сосема различни еден од друг) бугарски јазици? Зарем не е смешно ваквото тврдење?  Кога сме кај бугарскиот писмен јазик, би сакал да потсетам на делата на бугарските преродбеници од првата половина и средината на 19 век, кои тврделе дека бугарски литературен јазик „воопшто не постои“, па затоа некои од нив (како на пример Фотинов, Мутев и други) пишувале на србизиран јазик. Најдециден во ова е бугарскиот преродбеник Теохаров кој во 1860 година дословно пишува: „Бугарите не само што немаат современа литература, туку тие сѐ  уште немаат направено ни почетни обиди во тој правец... Бу­гарскиот народ пред 30 години беше уверен дека нема сопствен книжевен јазик и дека со бугарскиот јазик не може да се пи­шуваат научни книги, туку само со грчкиот, како и дека со помош на грчкиот јазик, може да се описмени секој Бугарин“.
  1.      Ако денешните Бугари се „Словени“ зошто тогаш ги слават турко-монголските етнички Бугари како свои крвни предци? Ханот Аспарух во Бугарија е прогласен за најзначајниот Бугарин на сите времиња, а и денес таму се величат турко-монголските ханови и цареви како „бугарски предци“. (Патем мала дигресија: Каква врска имаме ние Македонците со бугарските турко-монголски предци? Најголем дел од нив немале ниту стапнато во Македонија, освен кога доаѓале овде повремено да ограбуваат. Ханот Кубрат, кој во склад со монголската традиција имал бричена глава, немал ни слушнато за Македонија ниту пак имал стапнато на тлото на Европа, а камо ли да биде „крвен предок“ на Македонците. Оттаму, ние Македонците и да сакаме не можеме да бидеме „Бугари“ затоа што немаме бугарска крв – турко-монголските Бугари НИКОГАШ не се населиле во Македонија за да бидат наши „крвни предци“).

6. Постојат повеќе древни извори од тоа време, кои зборуваат за војна и непријателство помеѓу Македонците и Бугарите и тоа уште од средниот век. Од бројните примери, во интерес на просторот овде само ќе го спомнеме турко-монглскиот бугарски цар (со крстено име) Симеон. Византискиот историчар Лав Ѓакон за  пустошењата на цар Симеон во Македонија во своето дело „Историја“ запишал: „Во месец септември, втор индикт, Симеон Бугаринот пов­торно настапил со својата војска против Цариград.Притоа ги оп­љач­­кал Тракија и Македонија, каде сѐ опустошил и разурнал.“

          Византискиот историчар Симеон Логотет, за разурнувањата на на­шата земја од бугарскиот цар Симеон, го напишал след­ното (цитат): „Во месец сеп­тем­ври бугар­скиот кнез Симеон со целата своја војска дојде до Цариград и притоа ги оплени Тракија и Македонија. Таму тие разурнаа и запалија сѐ и ги исекоа овошките“.

          Овде сами по себе се поставуваат прашањата: чија земја униш­тувал турко-монголскиот Бугарин (со крстено име) Симеон и каков народ ограбувала неговата војска? Зарем си ги ограбувале сопстве­ните „сонародници“ доколку наводно Македон­ците биле етнички Бугари? (Сведоштва за уништувања во Македонија има и за други бугарски ханови и цареви, но во интерес на просторот ќе ги оставиме за друга прилика).

      7. Притиснати од нелогичностите во сопствената етногенеза и историја (од кои најважните ги изнесуваме во овој текст), некои бугарски автори очајнички почнаа да  тврдат дека турко-монголските Бугари не припаѓале на жолтата, туку припаѓале на белата раса (со целата почит кон сите раси и народи). Но, и овде доживеаја пораз. Врз основа на черепите од гробните наоди на турко-монголските Бугари можат да се реконструираат нивните ликови.  Како еден од примерите овде објавувам илустрација со ликот на бугарскиот војсководец Мостич (кој поради тоа што бил војсководец во времето на цар Симеон и на неговиот син Петар, можеби бил и најголемиот бугарски војсководец на сите времиња). Тој живеел во 10 век, а неговиот лик е реконструиран врз основа на неговиот череп (откриен во 1952 година во Велики Преслав) од страна на врвниот бугарски антрополог академик Јордан Јорданов. Јасно се гледа на која раса припаѓал Мостич, а така е и со ликовите на останатите Бугари чии гробови се откриени во североисточна Бугарија и чии ликови можат да се реконструираат врз основа на нивните черепи. Па повторно прашувам: ова ли е крвниот предок на денешните Бугари? Ова ли е предокот и на денешните Македонци? Зарем може некој нормален да тврди такво нешто? А токму Мостич и неговите сонародници ги претставуваат најдлабоките „бугарските корени“ со кои ние Македонците очигледно немаме никаква допирна точка. Понатаму, се знае дека дел од турко-монголските Бугари не заминале со хан Аспарух, туку си останале во својата татковина Азија (на границата со Европа). Општо е познато дека нивните денешни потомци се Татарите од руската република Татарсан, кои со текот на времето го загубиле бугарското етничко име и (поради одредени историски околности поврзани со Русија) го прифатиле етнонимот Татари. Меѓутоа, денес кај Татарите постои силно преродбеничко движење, предводено од организацијата „Булгар ал Џадид“ (во превод од бугарски: „Нови Бугари“) кои инсистираат на тоа дека тие не се Татари, туку дека се Бугари (потомци на хан Кубрат). Вредни податоци за ова дава татарскиот историчар Халиков во неговата книга „Што сме ние: Бугари или Татари?“ (Казан, 1992). И не случајно поранешниот претседател на Бугарија Петар Стојанов ги канеше бугарските здруженија од Татарстан на прославите организирани во Бугарија. Па дали ова значи дека денешните Бугари се ист народ со Татарите од Татарстан? И зарем нам Македонците ни се роднини Татарите (со целата почит кон овој убав и паметен народ)?. Овде не можам а да не забележам уште една траги-комична ситуација. Денешните потомци на Словените и на славните Тракијци во Бугарија себеси се декларираат со турко-монголскиот етноним „Бугари“ (иако тоа не се), а вистинските Бугари од Азија се декларираат со туѓото етничко име Татари, кое им било наметнато низ историјата (иако токму тие се вистинските Бугари). И сето ова се случило главно под влијание на Русија.

8. Најголем „аргумент“ на бугарската историографија и пропаганда против Македонците е декларирањето на поедини наши преродбеници и егзархиски воспитувани револуционери како „Бугари“. Меѓутоа добро знаеме дека декларирањето на поединци не може да биде фактор за нечија етничка припадност (човек во животот може различно да се декларира и по неколку пати, тоа не значи дека постојано ќе си ја менува и етничката припадност), туку тоа е етногенезата (етничкото потекло). Доколку декларирањето е единствениот фактор што определува нечие етничко потекло, тогаш голем дел од припадниците на сиромашните народи од Африка денес себеси ќе се декларираат како „етнички Швеѓани“  со цел да добијат работа и живеалиште во Шведска. Понатаму, доколку декларирањето е фактор за нечие етничко потекло, дали тогаш денешните Бугари се „Срби“ само затоа што дури и во 19 век голем број жители на денешна Бугарија себеси се декларирале како „Срби“ (како што забележал патеписецот Вилијам Макмајкл кој во 1818 ја посетил Бугарија)? Дека во Бугарија живеат Срби тврдел и францускиот дипломат Бузбек, но и други. Постојат и значајни Бугари кои имале српска етничка свест, па дури и заземале видни функции во Србија (како што бил Никола Пашиќ од Тетевен). Или можеби денешните Бугари имаат „грчки етнички корени“ само затоа што мнозина нивни сонародници од 19 век се декларирале како „Грци“, а тоа го тврделе и странски. патеписци кои ја посетиле денешната територија на Бугарија? Така, на пример, патеписецот Адам Нил запишал дека во Разград живеат „Грци, Евреи и Турци“ (ни трага од Бугари), а Џон Галт во 1811 година запишал дека во Софија живеат „Грци“ (секако заради таквото декларирање на жителите на овој град). Впрочем, за жителите на Бугарија постојат дури 14 различни етнички детерминирања низ историјата.

А кога сме кај Бугарската егзархија добро е познато дека таа, злоупотребувајќи ги религиозните потреби на Македонците, до секоја црква отворала и училишта во кои македонските деца биле лажани дека се „Бугари“, па така се воспитувале и голем број македонски револуционери, иако некои од нив сосема добро знаеле дека не се Бугари. Денешната бугарска историографија тврди дека во тоа време немало Македонци, па затоа Турците само на Бугарите им дозволиле да отворат своја црква (Егзархија). Но, вистината е сосема поинаква. Како прво имало значајни иницијативи од Македонци за отворање своја црква во Отоманското царство, но сите биле одбиени. Наместо тоа била прифатена иницијативата на бугарските дејци (предводени од Чомаков и отец Авериј) за отворање Бугарска црква (егзархија). Па зошто се случило ова? Одговорот е едноставен. Турците ги сметале Бугарите за свои крвни браќа и затоа ним им дозволиле да отворат црква, а не и на Македонците. Позната е изјавата на високиот тур­с­ки прет­став­ник Али-паша, кој во преговорите што ги водел со истак­на­­тите бугар­ски дејци Чомаков и отец Авериј околу форми­ра­ње­то на Бугарската егзархија (околу 1865 година) на Бугарите им ре­кол (цитат): „Вие добро знаете дека ние Турците и вие Бугарите имаме иста крв и дека и ние, а и  вие, не  сме Словени...Од вашата способ­ност за­виси дали ќе успеете сѐ  да побугарчите... за да станете  наши нас­ледници во Европа.“

       Впрочем, и самиот Чомаков сметал дека Бугарите се со турко-та­тарска крв и дека словенскиот јазик им е само надворешно обе­лежје. Тој бил предводник на туркофилската струја во Бугарија, која (поради своите убедувања дека Бугарите се Турки) барала поблиски од­носи со Турција. И не случајно Бугарија била единствениот балкански сојузник на Османлиите уште за време на нивното навлегување на Балканскиот Полуостров во 14 век. 

      9. На крајот една порака и до бугароманите од т,н, „ВМРО“ во Бугарија (Македонци со испрани мозоци во однос на своето потекло). Г-да бугаромани, вие го величате Ванчо Михајлов како ваш „идол“ само затоа што и тој имал погрешни ставови во однос на постоењето на македонската нација (иако на почетокот на својата кариера давал и поинакви изјави). Од друга страна Михајлов категорично се залагал за обединета и независна Македонија! Заради тоа бил осуден  на смрт во Бугарија, а пресудата му била неколку пати потврдена. Така било со сите негови најблиски соработници. И тие биле апсени, затворани, а некои и ликвидирани од бугарските власти. Па ве прашувам вас како негови „обожаватели“: колкумина од вас се осудени досега во Бугарија заради барање автономија на Пиринска Македонија? Какви приврзаници на Михајлов сте вие ако служите на државата која своевремено го осудила на смрт вашиот идол? Ако сте навистина негови следбеници тогаш вие би се залагале за обединета Македонија, па нека се декларира кој како сака во неа. Од вас денес во Бугарија се крие дека Ванчо Михајлов во 1932 година го востановил пиринскиот дел на Македонија како Пиемонт на идното обединување на Македонија. Тој таму воспоставил вистинска македонска држава. Била забранета работата на сите бугарски политички партии и невладини организации, било забрането и интонирањето на бугарската химна, а наместо неа на сите свечености во пиринскиот дел на Македонија била изведувана неофицијалната македонска химна „Изгреј зора на слободата“. Било забрането и веењето на бугарското знаме (кое било заменето со вмровското црвено-црно знаме). Во училиштата во Пиринска Македонија по налог на Ванчо Михајлов биле отстранети сите слики на бугарскиот цар, а наместо нив биле поставени слики од Тодор Александров. Бил воведен посебен предмет „македонска историја“, во кој се учела историјата на Македонија уште од античко време, а учителите ги држеле своите предавања на локалниот македонски дијалект, притоа укажувајќи им на учениците дека македонскиот народ е нешто посебно во однос на бугарскиот. Дури и спомениците на бугарските војници кои загинале во Балканските војни по наредба на Ванчо Михајлов биле урнати, нивните коски расфрлани, а на нивно место биле подигнати споменици на загинатите македонски четници. Биле направени подготовки и за организирање Македонска војска која требало да има и воени вежби. Сето ова предизвикало голем револт кај големобугарите, поради што група бугарски воени офицери објавиле брошура под наслов „Положението во Петричко“ (побарајте ја во вашите архиви, ќе се шокирате од нејзината содржина) во која биле наведени сите антибугарски дејства на Ванчо Михајлов и неговата ВМРО. Како резултат на тоа во 1934 година во Бугарија бил изведен државен удар, ВМРО преку ноќ била забранета, нејзините членови биле прогонувани и апсени, а Ванчо Михајлов одвај успеал да побегне во Турција. Потоа Михајлов бил осуден на смрт во Бугарија, а неговата смртна казна неколку пати била потврдена. Интересно е што  антибугарските  дејства на Ванчо Михајлов денес се кријат од пошироката јавност во Бугарија (што е и разбирливо), но нејасно е зошто се кријат и во македонската јавност наместо да се искористат во борбата против бугарската пропаганда?

ЗАКЛУЧОК: Денешната македонската нација (како што оправдано тврди и македонската историографија) во најголем процент е составена од мешањето помеѓу домородните антички Македонци и Словените, иако допрва треба да се истражува кој од овие два етникуми  колкав удел оставил кај денешните Македонци. Вистинските турко-монголски Бугари никогаш не се населиле во Македонија за да бидат тие „крвни предци“ на денешните Македонци. Што се однесува до денешните жители на Бугарија, тие во најголем дел се потомци на славниот антички народ Тракијци, но и на Словените, кои низ историјата (главно под влијание на Русија) го прифатиле туѓиот турко-монголски етноним „Бугари“ како свое етничко име. Огромно е тракиското културно наследство кај денешните жители на Бугарија, а и истражувањата на ДНК во швајцарскиот институт Игенеа покажаа дека во просек дури околу 50% од гените на денешните жители на Бугарија се од тракиско потекло. Денешната бугарска пропаганда и историографија е свесна за овие нелогичности во нивната етногенеза и историографија, па затоа е и толкавата хистерија и упорно докажување дека сите жители на Бугарија се „Бугари“. Сепак, вистината не може вечно да се крие (посебно сега со новите средства за комуникација) па веќе во Бугарија се јавуваат и првите национално освестени потомци на славните Тракијци, кои велат: „Ние не сме Бугари, туку сме Тракијци“. Ќе видиме до каде ќе оди сето ова. 

Повеќе податоци за сето ова во емисијата „Етногенетските разлики помеѓу Македонците и Бугарите“, која можете да ја видите на:

https://www.youtube.com/watch?v=lSDOV0yfJTQ&t=982s\

Истата емисија титлувана на англиски можете да ја видите на:

https://www.youtube.com/watch?v=mpQqRXAmdNI&t=2s

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.