Среда, 30 Октомври 2024   
ПРИШТИНСКИОТ ДИПЛОМЕЦ, МАРКСИСТ-ЛЕНИНИСТ, ПРАЌА ПИСМА

1martin1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министѕер и амбасадор  

  Приштинскиот дипломец, некогашен припадник на движењето марксисти-ленинисти, а веќе дваесетина години лидер на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, се распишува деновиве писма каде стигна, но и на домашни адреси.

  Писменото обраќање не е необична пракса во светот на масовните комуникации (и самиот своевремено му пишував на Роналд Реган на Жак Кусто и други и редовно добивав одговори , најверојатно од нивните секретарки, но сепак ги добивав).

  Претседателот на ДУИ, или како самите членови на партијата сеуште го нарекуваат "команданте", во неговото последно писание изразува незадоволство од укинувањето на балансерот од Уставниот суд на РМ, со којшто се гарантирале правата на Албанците и другите етнички заедници во државата за рамноправна застапеност во инстируциите на системот. За господинот АА не е доволно најавата од актуелната власт дека прашањето за рамноправна застапеност во иднина ќе се решава со закон, но тој би сакал да си остане по старо кога Македонци се потпишуваа за Албанци, или Албанци како Срби и сл, за да добијат вработување. Резултат на таа пракса беше што во некои институции на управата сегашната власт наследи дури до 90% Албанци, но пријавени како припарнци на други етнички заедници.

  Е, зотми Ахмети, тоа така не ќе може во иднина! Тоа јасно ти го порачува актуелната власт во која како коалиционен партнер е и коалицијата на неколку помали партии на албанците ВРЕДИ! Веќе се работи на изработка на законски решенија со кои ќе се обезбедува застапеноста на малцинствата во администрацијата но никако не како досега.

  Кукавички потег е од лидерот на ДУИ да ја кодоши сопствената држава пред странците со неговите писма нема да остават ама баш никаков ефект кај странците, но одава лош впечаток за самиот АА и неговата партија ДУИ! 

Од седиштето на ДУИ во Мала Речица најавуваат и предлог закон според кој победничката партија во македонскиот кампус, ВМРО-ДПМНЕ, или СДС, во иднина да прави коалиција кај победничката партија во албанскиот кампус!? Види Богати? Така им одговарало на лидерите од Мала Речица - да бидат стално во власта и до Буџетот и да го молзат безмилосно како во изминативе дваесетина години.

  Писанието на ДУИ до странците е истрел во празно бидејки сега не е 1991 година кога направија русвај во државата и тоа благодарејки и на скриената, но и отворена подршка на"странскиот фактор". Во ситуација кога во Европа се случува невиден воен судир со Руската агресија врз Украина; koга на Блискиот исток се заканува воен судир од невидени размери и кога во Јужнокинеското море само што не дошло до конфликт меѓу две светски супер сили некој да се занимава со Али Ахмети - тоа е потврда дека "командантот" од Зајас е во тешка заблуда и или не ги разбира глобалните движења, или пак со писмата прави уште еден очајнички обид сепак некако да се доближи до власта.

   Али Ахмети му упати писмо и на премиерот Проф. д-р Христијан Мицкоски во кое се насетува и закана во смисол: или прифати (ДУИ во власта) или... Но тоа нема да помине и денес со закани не се доаѓа до власт и АА конечно треба да се помири со тоа дека е и останува во опозиција!

   Одамна ми лежи една помисла за однесувањето на дел од Албанците изминативе неколку децении. Паметам дека уште пред воениот конфликт што го предизвикаа во 1999 година, прстигнуваа гласини дека "следна на ред е Македонија"!? Зошто и како и тоа откако вдомивме над 350.000 Косовари бегајки од насилието на Милошевиќ, не ми е јасно!, но сепак претпоставувам (странски сценарија)? Дури имаше инциденти на границата меѓу Косово и Македонија (неколку наши граничари беа кукавички убиени), но уверен сум дека фамозната "меѓународна заедница" има доволно силни главоболки, а не да се занимава со хировите на Али Ахмети.

  На крајот на краиштата, редно е Македонија да профукционира како нормална држава во која мандатарот, т.е. победникот на изборите, си бира коалициони партнери според изборните програми, а не според мајоритет и слични работи.

 

На прво место

News image

Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера збору...

Историја

News image

Тргнување – истражување – враќање на Карнегиевата комисија

Комисијата трга од Париз на 2 август 1913 г., поточно 10 години од Илинденското востание. Застанува ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 70 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ о...

Култура и туризам

News image

Чудотворни икони на Пресвета Богородица

Во селото Коњче има црква што ја имаат кончани и друзите села од околијата као за манастир, чунки во...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.