Среда, 13 Ноември 2024   
11 ноември 1918 година - крај на Првата светска војна

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Македонска нација

Изминаа 106 години, откако на 11 ноември 1918 година, било склучено примирјето меѓу Германија и Сојузничките сили.

Тоа значеше крај на Првата светска војна, по што беше  свикана мировна конференција на која се регулирале основите за идниот мир во Европа. Мировната конференција започна со работа во Париз на 18 јануари 1919 година, со присуство на претставници на 27 држави. На конференцијата не учествуваа претставниците на силите на Тројниот сојуз, а сите прашања беа решавани од страна на големите сили победнички.

Со цел да се зачува мирот и безбедноста во светот, во мировните договори изработени на конференцијата, бил внесен и Уставот на Друштвото на народите. Но, благодарение на обврската за консензус при донесувањето на сите непроцедурални прашања, системот на колективна безбедност во секој момент можел да биде блокиран.

Прв договор што бил потпишан во Версај бил договорот со Германија. Со овој договор Германија изгуби 10% од населението и 12% од својата територија. На Франција и биле вратени Елзас и Лорен, Белгија ги доби областите Ајпен, Малмеди и Морен. Сарската област се даваше на управување на Друштвото на народите на рок од 15 години. Истовремено била создадена и т.н. Рајнска демилитаризирана зона.

Како резултат на поразот, но и на засилените национално ослободителни движења, Австро-Унгарија се распадна. Австрија, Унгарија и Чехословачка станаа посебни држави, а Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија се соединија со Србија и Црна Гора, со што беше создадено Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (СХС).

Мировниот договор со Австрија беше склучен во Сен-Жермен и со него се признаваше нејзината независност. Истовремено и се забрануваше да се обедини со Германија или пак да држи поголема војска од 30.000 луѓе. Нешто подоцна идентичен договор бил потпишан и со Унгарија.

Договорот со Бугарија бил потпишан на 27 ноември 1919 година во Неј. Со Нејскиот мировен договор Бугарија изгуби 1/10 од својата територија. На Кралството на СХС им припаднаа 2500 км2; Јужна Добруџа остана на Романија, а иднината на Западна Тракија требаше да ја решат сојузничките сили.

Иако за време на војната се водеа тешки борби на територијата на Македонија, каде бил Македонскиот фронт (познат и како Солунски), и македонското население страдаше, македонското прашање повторно не било земено во предвид.  

Имено, на Париската мировна конференција и покрај забележителните инсистирања од страна на разни македонски друштва и организации, прашањето за создавање на посебна македонска држава не беше потегнато.

Единствено во Комитетот за нови држави и заштита на малцинствата, во рамките на дискусиите и подготовките на текстовите на мировните договори со Бугарија, Кралството СХС, а како резултат на очигледната потреба и со Грција, беа внесени одредбите за правото на опција и заштитата на правата на малцинствата.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.