Среда, 13 Ноември 2024   
СKOПЈЕ ЕВРОПСКИ ГРАД НА КУЛТУРАТА 2028

1martin1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

1.Некој рече дека Скопје ќе да ми ти бил еден од европските центри на културата во 2028. Убаво. Идејата е за поздравување. Арно ама, колку и да се радуваме на оваа идеја, истата истовремено и загрижува. Од каде да почнам?

   Несомнено Скопје има што да понуди на посетителите, особдено на оние од странство. Безбројни споменици од блиското, но и многу далечното минато, современа архитектура, особено објекти од програмата "Скопје 2014", но и традиционални објекти како што се старата чаршија /најголема од овој вид на Балканот/, археолошкиот локалитет Скупи, но тука е и неповторливиот кањон Матка, и други природни реткости. Да не ги заборавиме Операта, Национаалната филхармонија и секако Универзалната сала која пред некој месец изгоре до темел, иако и претходната, а и актуелната влада ветија дека до 2028 ќе ја обноват!?

   Убаво, нема што. Но нешто што ме загрижува а Бога ми и треба да не загришува сите нас е  х и г и е н а т а  и нечистотиите на секој чекој околу нас. Каде и да се свртиш по улиците и парковите наидуваш на конзерви за пијалоци, како и пластични шишиња расфрлани на сите страни, а за хартии и кутии од цигари и сл. да не зборуваме.

  Не знам што треба да се направи луѓево да  ги сменат навиките и да се знае каде  да се фрла отпад. А тоа не е голема филозофија. Големи метрополи многу едноставно го имаат решено проблемот со отпадот: пред се со медиумски кампањи за едуцирање на граѓаните, но и со едукативни кампањи - да се учат децата од предшколска возраст што каде треба да се фрли!?

  Големите метрополи обично се придружени со инсталации каде се селектира отпадот, материи од органско потекло се согоруваат и не само што се уништуваат, туку од нив се произведува топлотна енернергија и се остварува профит. Низ градот се поместени контејнери за пластика и стакло и од тој вид отпад - со нивната обработка, не само што се одстрануваат и се чистат од јавните простори, туку и се добиваат користи производи.

  Се разбира, секогаш при ваква помисла се испречува фактот пари, пари, пари! Тој фактор е незаобиколив, но и непремостлив. Подтојат на светов бројни фондации и институции што се спремни да финансираат /да кредитираат под поволни услови/ вакви проекти - само треба да се чукне на врата и да се побара.

  Впрочем, апликацијата за наше членство во ЕУ не е само хартиологија, туку овој аспект е многу важен за нашиот "кејс"!

 Кандидатурара за европски град на културата е деполнителен мотив да се посветиме сите на оваа тема бидејки тоа го правиме пред се за нас, за нашите деца и сите блиски. Никој нема да дојде од страна да ни ги исчисти улиците, парковите и јавните простори. Тоа треба да го сториме самите ние!!!

  Со еден збор, Скопје има што да им понуди на посетители но тоа треба да биде прифатливо /чисто/  во стилот на европските метрополи!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.