Среда, 20 Ноември 2024   
На што се, се‘ способни луѓето кога ќе ги изгубат привилегиите

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

На што се, се‘ способни луѓето кога ќе ги изгубат привилегиите, сигурните приходи и удобниот живот, зборува еден настан од крајот на 19 век

„Вистински настан во Папрадиште - 1884  година“

Губењето на власта, привлегиите и тендерите тешко им падна на претходната власт, а сегашна опозиција. Исто така, можноста поединци да одговараат за злупотреба на службената должност ја тера сегашната опозиција да се заканува со дестабилизација на земјата. Уште пред да се формира новата Влада, ДУИ се закануваше со дестабилизација на земјата доколку не биде дел од власта, а денес ако Уставниот суд ја разгледа уставноста на Законот за јазиците.

9 copy copy copy        99

На што се, се способни луѓето кога ќе ги изгубат привилегиите, сигурните приходи и удобниот живот, зборува еден настан од крајот на 19 век, овековечен во сликата на македонскиот сликар и зограф Ѓорѓи Зографски (1871 - 1945).  Сликата која авторот ја именува како „Вистински настан во Папрадиште - 1884  година“ зборува сама за себе.

„Темната рамка на сликата ја прикажува внатрешност на една имотна селска печалбарска куќа, во која влегла една пљачкашка арнаутска банда. Куќата е запалена од надвор. Оганот веќе навлегол внатре и оштрите пламени јазици ги лижат дрвените ѕидови, гредите и таванот. Композицијата која ја исполнува оваа  рамка обработена е во два плана. Во првиот, во самиот центар, прикажан е плеќат Арнаутин  со исукан нож баш во моментот кога го завршил својот грозен чин. Покрај неговите нозе лежи мртов старец. Неговата лева згрчена рака уште држи дебел дрвен стап, последен и вероватно одбранбено средство на мирољубивиот селанец притив наоружаниот напаѓач. Нешто подалеку, десно, во убава народна носија, лежи друга жртва, млад (селанец) ... Во десниот агол на сликата еден од домаќините, со снажен замав со секирата, го гони разбојникот кој веќе му го свртел грбот. А во левиот крај двајца разбојници држат млада девојка. Таа клечи, а на најзиното убаво лице се гледа страв и ужас. Во другиот заден план, гледаме како еден од разбојниците, по се изгледа водач, пукал од старински пиштол на домаќинката која паднала  ранета, додека позади неа плаче мало дете. Други три Арнаути го пустошат  богаташкиот дом: еден ги празни преполнетите долапи, другите двајца се спремни да тргнат, натоварени со плен, додека сосема на дното, трет ја гони украденара стока.“ – пишува Б. Антиќ во својата статија  „Велешки сликар и зограф г. Ѓ. Зограф овековечи една трагична епизода од животот на нашиот народ на Југ“ објавена во белградскиот весник Политика (4.06.1938)

Сето ова што се гледа на сликарското платно не е никаква фантазија на уметникот. Тоа навистина се случило во 1884 година во куќата на Деле Тримчевски, богат селанец од Папрадиште. Сликата значи има вредност на сведоштво за еден значаен настан од историјата на робовање на нашиот народ. Самиот Ѓорѓи Зографски кој како дечко на 12 години бил непосреден сведок на драмата, подоцна за белградскиот весник ќе раскаже за настанот:

„ ... Селаните од Папрадиште во најголем број биле печалбари... Одеа најмногу во Белград, потоа во Букурешт и Софија, поретко во Египет и Америка. Вредни и штедливи, после неколку години печалбарење тие се враќаа во селото со полни кеси со жолти лири. Селото затоа напредувало: никнуваа убави удобни куќи, амбарите се полнеа со храна, а во изобилство имаше стока. Селото брзо стекнало глас на најбогато село во тој крај.

Но, затоа пак станало мета на многу пљачкашки банди кои тогаш скитаа по огранците на дебарските планини. Во тоа време во Папрадиште бил пољак некој башибозук Фазлија од Црнилишта  во Срезот прилепски. Тој бил роден крволок, ама и исто толку корумпиран тип со кој секоја работа можела да се заврши за неколку златни лири. Како чувар на султановите брда и полиња, тој бил во некоја рака целата власт во крајот: и општинска и среска и судска... Од еден негов збор или достава зависела судбината на селаните.

Фазлија знаел обилно да се користи со својата привелигована положба. На секоја куќа удрил свој порез: две, три па и повеќе златни турски лири... И народот давал. Го давал и црното испод никтите, бидејќи Фазлија секоја година измислувал се понови и потешки намети. Се кај него било таксирано: новороденче, коњ, овца, амбар, стаја.... Еден ден пољакот станал најбогат и најимотен човек во крајот.         

... Еден ден (Фазлија) посакал малку да се одмори. Зел во службата неколку помошници и на нив им ги предал своите непишани правила... Дури тогаш настанала пљачка која селаните не можеле да ја издржат. Еден ден неколку најугледни селани од Папрадиште, по желба на селаните, отишле кај кајмакамот во Велес (срескиот началник) и му ги изнеле сите зулуми и пљачката која ја направил Фазлија и неговата дружина.

Во тоа време имало интервенција на странските конзули поради убиство на еден странец.   Кајмакамот бил принуден жалбите на Папрадишани да ги земе во обзир. Веднаш наредил да се сменат Фазлија и неговите помошници. На нивното место биле поставени други Арнаути – Тоски од околината на Јанина.

Пљачкањето за момент престанало. Меѓутоа, сменетите пољаци не се помириле со новата состојба. И смислиле свирепа освета. Фазлија одлучил селото да се запали и до темел да ги опљачка селаните кои се дрзнале да го тужат кај кајмакамот. Организирал банда од 150 арнаутски бездомници и со нив тргнал во освета во очи Крстовден во 1884 година.

...Во текот на денот и вечерта науружаната чета разбојници стигнала во селото Орешје, го опљачкала и запалила неколку куќи. Во самата зора на Крстов ден, бандата стигнала пред Папрадиште. Селото веднаш било опколено за да неможе никој да побегне. Бандата се поделила на помали групи, кои почнале да влегуваат по куќите, палеле и тепале, барајќи злато.

Еден вод од десет снажни Арнаути дошол пред домот на Деле Тримчевски. Водачот ги повикал домашните да ја отворат вратата. Во тој момент во куќата не бил домаќинот. Внатре биле само неговата жена Кате, синовите Наце и Јордан, едно мало дете и роднината Доста. Чуствувајќи опасност и гледајќи што се случува по селото, тие одбиле да отворат. Куќата била чврсто градена и веројатно сметале дека пљачкањето нема долго да трае и дека за време на отпорот ќе дојди помош од некоја страна.  Меѓутоа, пљачкашите не се брзале.

Откако домашните одбиле да отворат, ја запалиле зградата од надвор  и навалиле со секири на главната врата. Таа брзо попуштила. Побеснетата банда влегла во домот и прво ги барала мажите за да ги убие како не би давале отпор. Најстариот син Наце тргнал веднаш со секира на еден од напаѓачите, го удрил и во забуната што настанала, успеал да избега од куќата и да спаси глава.. Јордан се скрил во оџакот, сметајќи од таму да пука во разбојниците. Но, веднаш бил приметен и убиен со неколку куршуми. Потоа со пет куршуми тешко ја раниле Кате, која ја оставиле да лежи верувајќи дека е мртва. Меѓутоа, таа била онесвестена и подоцна оздравела. Девојката Доста ја фатиле двајца Арнаути. Еден од нив Мехмед, ја одвел како плен. Несреќницата после кратко време извршила самоубиство. Живо останало само малото дете, на које бандитите не му ни обратиле внимание. Откако завршиле со домашните разбојниците опљачкале се што нашле во куќата: злато, покуќнина, алишта и стока, и се изгубиле.“

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.