|
|
„Македонска нација“ отворено за вистината на Македонија |
„За да можеме да ја разбереме сегашноста и да можеме да создадеме подобри иднина за нашите поколенија, потребно е да ги откриеме корените во минатото. Кои сме? Од каде доаѓаме? Што ни оставиле како наследство нашите предци? Што сме направиле да го сочуваме тоа наследство и што ние ќе им оставиме на нашите потомци откако ќе го напуштиме овој свет? Многу прашања што бараат одговор и многу прашања за кои не смееме да престанеме да бараме одговор додека не го најдеме. А тогаш кога скриеното ќе биде откриено, ќе воскресне сета духовна моќ, сето битие на еден народ, сето знајно и незнајно, создадено и несоздадено кое е содржано во само едно име, името на Македонија. Тогаш ќе се растрепериме, ќе се восхитиме и со право нема да почуствуваме од смрта и да исчезнеме како народ. Тогаш ќе зазвонат сите ѕвона и ќе ја објават веста дека народот распнат на четири страни, е вистински Господар на се` и дека му е дадена власт на небесата и земјата. Тогаш ангелите ќе ја пренесат веста насекаде во светот, а правдољупците ќе се радуваат и грешните ќе се плашат“. Некогаш „ангелите“ (гласниците), денес печатените и електронските медиуми ги пренесуваат информациите. Околу 90% од сите информации денес доаѓаат преку медиумите, кои со „светлосна брзина“ го обиколуваат светот. Медиумите имаат своја верна публика, која што се разликува од медиум до медиум. Сите заедници, без разлика дали се мнозинство или малцинство, создадени се од различни групи. Тие се разликуваат по етничко потекло, возраст, пол, вероисповест, социјалниот статус, образование и професии, партиско определување, како и по нивните интереси. Тоа се таканаречените целни групи, до кои медиумите треба да допрат. За да се допре до сите овие групи потребно е да се создаде здрав медиум, со здрава уредувачка политика и со вистински одбрани новинари, кои со својот стил на пренесување на информацијата ќе ја стекнат довербата на обичниот читател, интерактивно ќе соработуваат и ќе ги надминат тесните интереси на групите. Тоа треба да биде медиум кој ќе ја пласира вистината заснована на факти и информации кои ќе ги обединат а не да ги разделуваат заедниците.Тоа треба да биде медиум кој ќе ги обедини, ќе ги штити и ќе ги задоволи нивните потреби за информации во еден зеднички национален интерес, а тогаш тие стануваат национален медиум. Обично се вели дека националните медиуми се „тврди“ или „обоени“, за разлика од „меките“ локални медиуми. Дека не е тоа така, покажа „Македонска нација“, електронски портал кој за кратко време од своето постоење (петнаесет месеци) ја стекна довербата кај сите целни групи. Денес на facebоok „Македонска нација“ има над 25.000 обожаватели од сите целни рупи, не само дома, туку од сите страни на светот Доколку пресметаме дека преку социјалната мрежа, текстовите објавени на овој портал, се пренесуваат со геометриска прогресија и доколку ги додадеме оние кои не не` сакаат, а заради вистините кои се објавуваат мораат да не читаат, тогаш бројот на читателската публика го надминува не само тиражот на домашниот печатен медиум туку и бројот на гледачите на голем број електронски медиуми меѓу кои и тв медиумот. Како водечки веб портал, со над 2.500 статии кои се објавени и поткрепени со факти, „Македонска нација“ ја открива вистината и ја менува перцепцијата на македонскиот народ за својата историска улога и го прави горд за своето историско минато. Со својата содржина „Македонска нација“ го негува позитивниот патриотизам, ги потенцира и сплотува заедниците со кои заедно се бореле за самостојност на македонскиот народ и за национална држава, во која сите заедно ќе ги чуствуваат благодетите на сувереноста и ќе градат подобра иднина, и истовремено создава идни поколенија ( „витези на новото време“), кои ќе се вклучат во одбрана на името и идентитетот на македонскиот народ. Денес „Македонска нација“, според содржините може да се нарече „Encикlopedia Maкedoniкa“, која откривајќи го минатото, ја објаснува сегашноста, но и дава насоки за иднината. Таа е вистинска учителка на животот (Historia est Magistra Vita). Во овие содржини ќе сретнете за вистинската улога на древните херои кои не само што ги обединувале Македонците туку ги обединувале и народите. За жал денес вистина некому смета, како дома така и надвор, Многумина се плашат да го отворат македонското прашање. Не случајни се критиките и заканите, па дури и со физичка ликвидација, кога се отвараат прашања кои се поврзани со името Македонија и македонската нација. Не случајно денес, некогашните македонски херои, преку ноќ за некои медиуми станаа антихерои. Само за пример нека ви послужи медиумската битка која се водеше и сеуште се води за споменикот на Александар Македонски, потоа и за целиот проект „Скопје 2014“, во која под маската на сиромаштијата се оспорува подигањето на спомениците на македонските великани. Не е првпат во историјата на македонскиот народ да се појават слугите на злото кои не му мислат добро на македонскиот народ. Како што Јуда го предаде Исус, така и Јола го предаде Александар. Ова проклетсво продолжува и денес, а се во корист на лични, теснопартиски или интересите на нашите соседи. Македонија е папокот на светот, копчата на светот (Catena Mundi). Според родословното колено од Библијата, наследниците на Јапет, Јаван и Китим, од овие простори започна да ја шират светската цивилизација. Според Библијата во првата книга на Макавеите, Александар Македонски излезе од земјата Китим, а Кирил и Методиј своето родословно стебло го поврзува со Јапет. Дали има тука нешто од што треба да се срамиме или да преќутиме. Нема, па затоа „Македонска нација“ и покрај сите опструкции ќе продолжи со барањето на вистината за народот од Македонија, за правата вистината кој тоа го создаде пеколот во рајот на библиската земја, земјата на олтари и светињи. Кога ќе ја откриеме вистината, кога ќе ги одговориме прашањата што ни ги оставиле како наследство и аманет нашите предци, и кога ќе направиме се за да го исполниме аманетот и да им оставиме наследство за нашите деца со насоки како да го насочуваат и негуваат, тогаш можеме да кажеме дека сме ја исполниле целта и задачите. Тоа не е ни малку лесно, ниту може да се направи за еден човечки живот. За тоа се новите генерации на кого преку „Македонска нација“ им го оставаме аманетот: „Македонија е една и единствена наша мајка земја. Македонија е вечна, а ние сме минливи. За неа животот го положиле генерации и генерации наши предци. Вие помладите, како нејзини синови и ќерки, на вас е редот да го продолжите аманетот на нашите стари и да го пренесете на вашите деца. Без разлика на цената, да ја сочувате земјата, нејзиното име и вашиот македонски идентитет. |