Среда, 13 Октомври 2010   
Прашањето за името на Република Македонина е затворено со референдум од 8 септември 1991 год.

vesna_manevska
Весна Маневска

Ако пребарувате на  Викепедија ќе видите дека  освен нашата Македонија постојат уште неколу области или помали места во САД  кои се нарекуваат  со името Македонија. Градови кои го носат името Македонија постојат во Охајо, Алабама, Џорџија, Илиноис, Индијана и Ајова. Најстара Македонија е онаа во Охајо основана  во 1824.  а најмалата Македонија е во Илиноис. Област Македонија постои и во Грција. Држава со нешто повеќе од 2 милиони жители се наоѓа на Балканот, но тука постои проблем, држава членка на ЕУ нејзин сосед  го оспорува правото да се нарекува Македонија.

Знаеме дека Балканот е буре барут, но  државата членка на ЕУ и НАТО односно  Грција е љубоморна држава,  не и пречат сите што се именуваат со Македонија  во САД но и пречи името на својот сосед. Љубомората оди до таму што секој чекор напред што го прави Република Македонија и дава спрепка на патот кон интеграциите. Грција сака да докаже дека е единствена која има право да го користи името Македонија. Но зошто посега само по Македонија на балканот , зошто не ја оспори Македонија во САД? Апсолутно, знам, природен процес поголемите ги јадам помалите, така и во политиката.

На Р. Македонија не и пречи што во Грција има област Македонија ниту пак што постојат градови во САД. Единсвено знае дека  нејзиното уставно име е Р.Македонија, дека во нејзе живеат македонци, има своја историја, култура и обичаи. Се кренало „востание“, се ангажираат преговарачи, инволвирани политичари од секаков калибар кој ЗА, кој  ПРОТИВ. Новинари, политичари, политиклози, граѓани, сите со свои ставови треба или не да се продаде името за пари ( европски или евроатлански интеграции). Треба ли воопшто еден Македонец да разговара и да се сомнева: Кој е ? Како се вика неговата држава ? Треба ли воопшто да им се прави кеифот на Грците.Можеби и ние треба на маса да го ставиме прашањето за  областа Македонија во Грција. Жителите на Македонија во САД, знаат дека нивните градови се викаат Македонија и воопшто не се сомневаат во тоа, но на балканот има Македонци кои се сомневаат, дури и политичари и аналитичари а одат до таа мера што велат: Ајде конечно да го смениме името односно да се поднаведнеме и да влеземе во ЕУ и НАТО како таму да делат шеќерчиања, и како со сигурност да знаат дека НАТО и ЕУ на долги стази  по 100 и 200 години ќе опстојат. Дали сме се запрашале кој ќе ја сноси  одговорноста ако некој се дрзне да го смени името и дали заради одредена група на неспособни политичари кои размислуваат на краток рок од денес за утре,  повторно да си нанесуваме самите себеси неправда. Велам неправда :  Кога  приговараме на тоа дека е спротивно според меѓународното право да се преговара за име на држава, мегунарониот фактор ќе не потчукне по рамо и ќе не потсети да заборавиме дека некој се согласил на преговори  со Привремената спогодба. Но колку привремената спогодба е во согласност со член 8 од европската конвенција за човекови права што го вклучува и правото на име односно идентитет, да оставиме да одлучи Меѓународниот суд за правда.

До каде стасавме..до брегот нормално. Несмееме да дозволиме промена на името  на сопствената држава  заради идните генерации и заради оние кои го положиле животот за денес над Македонија да се раѓа сонце на слободата. Привремената спогодба е неправда за Македонија, за која денес страдаме но неправдата ќе биде поголема доколку дојде до било каква промена на уставнотo име на државата.Македонците како и во химната секогаш се борат за своите правдини. Кој смее во името на минатот и иднината во сегашноста да донесува, да разговара и преговара за име на држава. Од каде го црпат легитимитетот, со кое право.Дали сите оние кои и посакуват промена на името на својата држава се поведени од некаков личен интерес, заради задржување на некаква позиција.Треба да научат дека пред личниот и партискиот интерес секогаш е националниот оној на државата на својот народ. Не само за денес туку и за потоа.

Македонија мора да ги прекине преговорите. Прашањето за државното име  на Македонија  е затворено со референдум од 8 септември  1991 год. кога македонскиот народ и граѓаните  со апсолутно мнозинство гласаа ЗА самостојна и суверена држава Македонија без никакви додавки и придавки.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.