Среда, 22 Февруари 2023   
Исконско и вредно од памтивек до денес

1Gordana9 Гордана Димовска

‘Ние Македонците немаме пирамиди и сфинги, нашата татковина не е украсена со палати  на материјални паметници, но има нешто кое ниту вековите, ниту природните стихии, ниту демонската рака на насилниците не можат да го разурнат.Таа нескршлива сила е излеана во единствениот паметник – народната песна, најбогато и најценето наследство што ни останало од минатиот живот и културата на Македонецот, сочувано и до денес‘ -Јосиф Чешмеџиев, 1926.

И оваа година помина во знакот на „барање решение за името“ па речиси  секој  Македонец , сите медиуми, колумнисти, политичари , историчари, странски мисионери,беа окупирани со оваа тема.  „Решението“ уште не е најдено па така барем „мирно“ да се концентрираме на новогодишните и божиќни празнувања, што друго ни преостанува.

Овојпат ќе посветам внимание на народната традиција, религијата и културата. Овие  три важни области, ја граделе човечката цивилизација. Можеби недоволно се почитува и проучува некој дел од овие области но доволно е застапено да не инспирира и води напред.  Поради немање можности да ја развива книжевноста  во услови на окупации, ропства и наметнати туѓи култури, кај Македонците во минатото сепак се разбудија посебни поетски,  музички , играорни дарби.

А  духот на народот доаѓал до израз најчесто преку создадените, приказни, легенди, гатанки, мудрости, пословици кои денес зборуваат за едно минато време. Преку гатанките и загатките можеме денес лесно да заклучиме колку бил досетлив и мудар нашиот народ. Затоа Марко Цепенков во својата автобиографија ја опишува вродената дарба на Македонецот и ја нарекува ‘божева умствена дарба.

Загатките  биле една форма на забава но натпревар на итрост и на тој начин го чувале  својот јазик.  Самиот збор гатанка значи гледање во минатото, претскажување на иднината, откривање на нешто непознато. Во текот на времето, гатанките претрпеле многу промени поради туѓите влијанија во земјата. Сепак нивната смисла и архаични елементи и ден денес се зачувани.

За да се одговорат гатанките потребно е размислување со што се изострува досетливоста, ги засилува вниманието и концентрацијата. Во минатото ако некое момче и девојка сакале да се земат, им поставувале три гатанки. Ако ги одговореле точно, тогаш се заклучувало дека тие се зрели личности што ќе можат да формираат семејство и дом. Остатоци од вакви обичаи се срќаваат и во приказните за умната девојка или за момчето кое дури откако ќе одговорело на три гатанки станувало царски зет.  (според  Марко Китевски).

Гатанките грижливо ги собирале и чувале,  собирачите на македонски народни умотворби од сите краишта на Македонија

Првите 104  гатанки биле објавени во македонскиот Зборник на браќата Миладиновци во 1861 г.

Браќата Миладиновци од Струга,  работеле на тоа да ја издигнат националната свест кај македонскиот народ  и да ги задржат народните елементи во јазикот.Тие се бореле за истиснување на грчкиот јазик од училиштата и  користење на својот мајчин јазик.

Така во 1857 година кукушани, разбудени со национален дух го повикале Димитар  Миладинов да стане учител во нивниот град. Тој со задоволство ја прифатил поканата и напишал писмо во кое се вели: „Скокам од радост кога го гледам вашиот стремеж  и вашата љубов кон мајчиниот јазик и особено поради тоа што многумина од младите се решиле упорно да го учат македонскиот јазик. Криво на вас погледнуваат Грците, имате гради македонски и покажувајте ги. Го напаѓаат нашиот јазик кој е  еден од највредните и најбогати јазици, нарекувајќи го варварски. Со прсти покажувајте им ги македонските  филолози, физичари, математичари и други учени луѓе. Грците не можат да не погрчат“.

Во недостиг на можности за уметничко креативно издигнување, и наместо да создава печатени страници, македонскиот поробеник ги  ‘нижеше‘ песните, ората како еден вид заштитна обвивка на својата културна самобитност. Македонската народна песна и оро буди посебно, радосно чувство , и говори за едно минато време. Низ македонската песна,игра и македонска народна носија, се открива дел од  животот на македонскиот човек низ сите периоди од неговиот живот, неговите моменти на тага, радост, печалбарски маки,херојство, копнеж и љубов кон Македонија.

Народните носии со естетски вредности, како и силата на традицијата, содржат етнички одлики на Македонецот. Тие зборуваат за едно вистинско совршенство, со посебна стилска убавина.  Народната носија е како чувар на македонскиот етнички идентитет со сите негови карактеристики.

Напротив, народните песни, ора култура, традиција, денес се инспирација и на странски уметници кои покажуваат голем интерес и почит .  А за нас не претставува само нешто со кое се гордееме и радуваме туку треба и понатаму да го чуваме, негуваме , да се изнаоѓаат нови начини на промоција, интересни и привлечни за светот. Религијата исто така одиграла важна улога во развојот на општествениот живот. Македонските цркви, манастири  во време на турското владеење, биле значајни центри кадешто живеела православната вера, јазикот и каде што се чувало културното благо на македонскиот народ. Тоа непроценливо благо, наследено од минатите поколенија, центри на културен живот, од каде што се ширела книжевноста, писменоста и образованието. Во нив се чувале обичаите, народните традиции, со еден збор, народната култура.

Основен сегмент  на народната култура и традиција  е фолклорот кој одигра  водечка улога во развојот на македонската култура, националниот културен идентитет. Фолклорот придонесува за сегашно, и идно себепочитување и себеприфаќање.Се уште претставува поле на понатамошни истражувања  и како непроценливо културно наследство треба да се заштити со Закон.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.