|
|
Македонија земја на раздорот |
Македонското прашање не е ниту вчерашно, ниту денешно, ниту пак ќе биде решено утре. Ова прашање зад себе има долго минато и уште долго ќе го привлекува вниманието на меѓународната заедница. Со Македонија и македонското прашање во минатото се занимаваа повеќе познати личности. Меѓу нив е Александар Валентиновиќ Амфитеатров. Александар Валентиновиќ Амфитеатров (1862 - 1938) е руски писател-романсиер, политички публицист и патописец. Како автор доста е читан од интелигенцијата. Незадоволен од ситуацијата по Октомвриската револуција, емигрира во Италија 1920. година. Тој е еден од ретките познавачи на Македонија и на Балканот од крајот на XIX и почетокот на ХХ в. Во неговите балкански статии и интервјуа главен предмет му е македонското прашање од државно-политички и културно-национален аспект. Четири пати бил во посета на Македонија и има издадено четири книги за неа и за Балканот. Тоа што Србите Бугарите, Грците и другите евроски држави несакаа да го слушнат или видат, Амфитеатров во Македонците гледа посебен словенски ентитет. За посебноста на Македонците тој директно или индиректно спори со бугарските, српските и грчките опоненти. За Македонците ќе напише дека „не се ни Срби, ни Бугари, туку посебен словенски народ, со прост основен јазик. Амфитеатров уште во 1912 година во своите написи за Македонија ќе запише дека по руската војна, стариот режим на Турција се претвори во „болен човек“, а околу смртниот одар се наоѓаат наследниците и извршителите на тестаментот. Додека Турција е на „умирање“ „нејзините соседи се обидуваат да ја убедат Европа со вистини и лаги, божем националното самоопределување на Македонците надвива во нивна корист а не на соседниот народ. Амфитеатров ќе констатира дека судбината на Македонија зависи единствено од пресретливоста на евроското старателство. Неговите запишани зборови како некое пророштво ќе останат и денес. Сведоци сме како со лаги и манипулации нашите соседи и денес работат против македонскиот народ, против ова слободно парче земја и дека сеуште зависиме од пресретливоста на Европа. Тоа што е напишано во 1912 година од страна на Амфитеатров е актиелно и денес. Доколку направиме парарлела ќе видиме дека пропагандата исто рабати како тогаша така и денес. Во тој период според Амфитеатроф, „Бугарите, во тој однос, ги испреварија сите свои соперници. За да стане Македонија бугарска, требаше да ги побугарат Македонците“, а „Бугарски агент е свештеникот, учителот, комитата, четникот станува тајна влада на земјата и божем нејзина душа“. Денес, еден век потоа оваа пропаганда продолжува со лесното делењето на бугарски пасоши. Сепак колкави и да биле напорите на соседите да ги асимилираат Македонците во тоа тие никогаш не успеале ниту ќе успеат. Уште тогаш Амфитеатров својот поглед за посебноста на Македонците ќе го објави во „Земјата на раздорот", каде се вели: „Тоа не се ни Срби, ни Бугари, туку првобитен словенски народ, со едноставен коренит јазик кој во поголем степен е способен да се потчини на каквагоде форма што ќе му предложи друга, повлијателна и поразвиена словенска култура. Македонци-Бугари има таму каде што се зацврстила бугарската школа и црква, и Срби има таму каде што писменоста е во рацете на Србите. Со исто удопство тие мoжеле да се претворат, под образовно-религиозно и трговско влијание во Малоруси, Великоруси, Полјаци.. Опишувајќи го односот на Грците кон Македонците во почетокот на XX век, Амфитеатроф ќе напише дека „статистиката за Македонија е збунувачка, тенденциозни, фантастични. Па и покрај тоа, дури и според грчки извори, лесно е да се види дека Елините во македонските вилаети се малцинство. Поради тоа што, за да наметнат мнозинство, Грците морале да прибегнат кон доволно безобѕирно фалсификување, запишувајќи ги како свои сите патријаршисти-славенофили. То ест Словените што не го примиле егзархатот и кои останале верни на константинополскиот патријархат, иако говорат само по словенски. На тој начин Грците го примиле сфаќањето на националноста исто како Турците: вероисповедта е народност. Патријаршист - значи Грк“, Овој фалсификат продолжува и денес. Безобзирното фалсификување на историските факти продолжува. Грците сеуште не дозволуваат во пописната графа некој да се изјасни како Македонец. Македонците од Егејска Македонија кои се изјаснуваат како Македонци се изложени на репресија. Европа молчи, како што молчат и ОН. За каква правда, за какви човекови права можеме да зборуваме денес. Тие ги нема, резервирани се за посилните, за миленичињата на Европа. При живи наследници, наследството го присвојува некој друг, а земјата на раздорот продолжува да биде опасно жариште, кое може секој момент да не врати во 1912 година. |