|
|
Патриоти и предавници |
Александар Македонски Дали постојат патриоти? Да! А, дали постојат предавници? Секако! Се разбира, непријателот не може да Ви биде предавник, затоа што тој Ви е деклариран противник. Тој што Ве предал, тој што до вчера со Вас споделувал идеја, а утре од Вас се откажал поради материја, на пример пари или власт, или и едното и другото. Во кривичното законодавство, современите општества изградиле институт велепредавство. Тој што полагал заклетва дека нешто ќе штити и брани по Устав и закон, а поради интерес, ја погазил заклетвата и прешол на другата страна. Степенот на одговорноста го квалификува делото на предавство или велепредавство. Некој може да побегне од земјата и да не ја брани од напад на непријател во случај на окупација и геноцид, иако одбраната на земјата е обврска за сите нејзини државјани. Овој нема да биде обвинет за ништо во тој случај. Ќе го сметаат за кукавица, предавник, ама без одговорност и ќе го заборават. Кога офицерското лице или функционерот ќе побегне, е тоа се смета за дезертерство, предавство или велепредавство и нему му се суди, за тоа одговара и лежи затвор, затоа што полагал заклетва пред да седне на тоа место. Понекогаш на таквите им се пресудува смртна казна, во редовна или итна постапка. Предавство не се разликите во мислата, говорот и уверувањето. Тоа е богатство на општеството, во тоа е смислата на демократијата. Се разбира, антидемократски е квалификацијата предавник за сите што различно мислат, говорат и имаат свое спротивно уверување од било која власт. И во Македонија, како и во секое демократско општество, не се предавство или велепредавство разликите во мислата, говорот или уверувањето. Тоа е здраво демократство општество. Но, предавство е кога бивши високи владини функционери, за време на своето владеење или потоа работаат или пропагираат против својот народ и држава, тоа е предавство или велепредавство.
05.08.09
Свекрва |