Среда, 26 Јануари 2011   
Доста е!!!

Maja_Daniels-2
Маја Даниелс

Во последниот период слушаме и гледаме секакви глупости кои ги пласира опозицијата. Неможам а да не се запрашам до кога?! До кога таа ќе мисли дека паролата devide et impera (раздели па владеј) сеуште може да помине кај македонскиот народ. До кога ќе ја користат маката на народот за да ги постигнат нивните цели со што би ги задоволиле своите болни амбиции. Зарем не сфатија дека токму името Македонија е она што го прави народов едно. Зарем не гледаат дека од 2006-та веќе се поставија критериуми за водење на политика во земјава кои од самиот почеток ги исклучија нив како било кој фактор во државава а најмалку да би можеле да бидат политички. Со други зборови нема повеќе место за оние кои бранат интереси што му се туѓи и не разбирливи на Македонецот.

Сепак секојдневно иста песна. Протестираат тутунарите, стечајците. Секој има право да протестира, да ги бара свите права доколку е незадоволен, притоа барајќи подобри услови и исполнување на она што им е ветено и слично.

Додека едни се обидуваа да најдат решение со кое би им помогнале на луѓето кои со труд и мака си го заработуваат лебот, други пак се обидуваат да профитираат на нивната мака, што само покажува до каде може да оди нивниот простотилок. Да се отиде меѓу народот само за се профитира, за било кој политичар беше не само непотребно, туку чиста будалштина која уште подлабоко ги закопува во живата песок на пропаста. Самите тие, со секое отворање на устата, си ја носат пропаста се поблиску и поблиску до нив.

Тоа што народот ќе се здружи и со сета своја моќ ќе проба да му помогне на било кого ако е обвинет за штитење на интересите на државава, не значи дека ќе му дозволат да прави со Македонија или со нив што сака. А најмалку ќе му дозволат да ги прави будали во очи и смеејќи им се зад грб да ја продаде Македонија.

Од такви како него доволно патеше народов! Му ја видовме силата, му го видовме умот извитоперен, бидејќи промовира со самото негово постоење искривени вредности кои се трудиме да ги искорениме од нашите битија, како и на неговиот сега веќе многу добар пријател ,,чорбаџијата,, кој потпомага во пропагандата, форсирајќи ги идиотските серии преку својот медиум, се со цел да го занимава народов колку да не види што му се случува пред носот. Двајцата заедно со сигурност не носат во пропаст. Интересно е што сеуште мислат дека било кој Македонец ќе застане зад нивната стратегија за уништување на земјава.

Доста е!

Доста е и на оној што во еуфоријата заборави што треба да зборува, па му се испушти и ни порача дека живи ќе не јаде, а сега се прави како ништо да не било и си продолжува да си ја игра улогата на политичар. Мисли дека заборавивме ние, изгледа не смета дека сме како рибите со пет секунди меморија.

Епа еве, јас да ве потсетам, бидејќи јас не можам да заборавам.

Неможам да заборавам и на тој а и оној другиот што се истрча да го нарекува Унгарскиот премиер диктатор, кога најпаметно ќе му беше да молчи. Не знам за што не рачунаат нас, мислам нас народот. Мислат ли дека ако ги нема една недела, еден месец дека ние ќе заборавиме што било? Дека ќе си биде се како порано? Е тој филм одамна не игра во нашето кино.

Од 2006-та наваму не им поминуваат повеќе старите финти што во нивното време им ги сервираа на Македонците. Некој умен човек рекол ,, ако ме прелажеш еднаш алал да ти е, но ако ме прелажеш втор пат тогаш нешто не е во ред со мене,,. Доста не лажеа, крадеа, продаваа, издаваа....

Доста е!!

Македонскиот народ е добродушен и иако памти, многу брзо ги заборава неправдите направени врз него и продолжува понатаму со својот каков, таков живот при тоа не сфаќајќи дека оној кој ја имал храброста да и заврти грб на Македонија еднаш ќе го стори тоа повторно.

Оној истиот кој имал храброст да го предаде својот брат, сигурно нема да се размислува два пати да ми го стори истото мене, тебе или било кому. Оној што се дрзнал да му се закани на својот народ дека живи ќе ги јаде, не е личност која би требало да ги застапува интересите на луѓето. Оној што се уште сонува за времето на комунизмот не е некој што ќе ја заштити Македонија. И на крај на оваа листа ја имате личноста која ги здружи сите овие, а секоја дадена можност се оградува од се кажано или сторено од нивна страна.

И како украс на нивното дело, со закани и глупости пробуваат да ме замолчат мене. Се уплашија од жена? Или пак се уплашија од вистината што јас гласно ја кажувам, а многумина ја мислат?? Господе, Боже, па ова не личи на борба за власт, туку на хорор филм!!

Секојдневно слушаме за изнаоѓање решение за наметнатиот спор за името. Ние да најдеме решение за туѓ проблем, да се однесуваме демократски во ситуација кога се однесуваат не демократски кон нас. Ова излезе јас ќе те тепам, а ти гали ме!

Неодамна при еден разговор со човек од дипломатскиот кор во земјава ја слушнав реченицата ,, јас сум овде прво за да ги заштитувам интересите на мојата земја, а потоа за се друго,,. И додека сите го прават тоа ние се прилагодуваме да го заштитиме секого освен самите себе.

Да заштитиме се, а Македонија кога?? До кога?

Сфатив до кога! Се до оној момент додека ваквите „сурати“ успеваат на избори да добијат макар и еден глас од било кој Македонец!!

И додека овие горе споменатите си ги играат улогите во хоророт што му го сервираат на народот некако се повеќе она жолтоно лавче ми блеснува пред очите, како да сака да ми каже нешто. Како да сака да каже дека и покрај тоа што се ужаснувам од хорор филмот, сепак се ќе биде во ред. И токму така е! Ќе заврши филмот и ќе се запалат светлата. Ќе се исправиме гордо и ќе им го завртиме грбот на сите оние кои што ги носат страшните маски и кои што не ужаснуваат.

Се ќе биде во ред бидејќи доста е од хорори.

Сега се прикажува филм со среќен крај.

Јас верувам во тоа, а вие донесете ја вашата одлука сами!!

Доста е!!!
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.