|
|
Продолжени нападите врз „Македонска нација“ |
Да му се дава големо значење на нападите на Ицо Најдовски – Перин, од Австралија, упатени до Мане Јаковлевски, а со тоа и на „Македонска нација“ нема потреба. Но зачудува упорноста и жестокоста на нападите со кои истиот се обидува да го наруши неговиот интегритет. Континуираните напади на Најденовски преку медиумите или социјалната мрежа преминуваат во права патологија. Упорно Најденовски се обидува да докаже нешто за што нема никакви аргументи, посебно кога се работи за блиските односи помеѓу долгогодишните пријатели и соработници какви што беа Јаковлевски и сега покојниот Драган Богдановски. Тргнувајќи од овој факт, паметен човек неможе а да не се зачуди и запраша зошто толкава омрза блика од овој човек, и зошто го користи медиумскиот простор за да дискредитира не само личности туку и цели институции на македонскиот народ. Ако ги изоставиме Јаковлевски и „Македонска нација“, тогаш барем нека има почит кон МПЦ – ОА. Но за жал, за него побитен е Јован Вранишковски и неговата расколна црква, отколку соствената матична Македонска Православна Црква - ОА. Што е тоа што го тера Ицо толку силно да оди против своите корени, против сопствената земја и народ? Дали се работи за извршител кој спроведува одредени нарачани активности? Дали сето тоа значи дека се работи за лични интереси и дека добро го изучил медиумскиот занает каде само за да се биде во центар на вниманието на јавноста, подобро е да се има и негативна кампања отколку никаква, или пак се работи за фрустрирана и конфликтна личност? Се’ се тоа прашања кои бараат одговор, но тие не се површни и имаат длабоки корења. Да се потсетиме дека Ицо Најдовски емигрирал во Австралија во 1985 година. Кои се причините кои го навеле да се исели во Австралија не навлегуваме, но сигурно не се од политичка природа, со оглед дека потекнува од печалбарски крај и дека долго се преставува како Југословен. Но секоја промена на средината за живеење, на амбиентот не претставува пријатен одмор. Честопати ваквите промени оставаат длабоки траги во душата, во психата на човекот за подоцна да се манифестираат на разни начини. Еве што велат психолозите за ова. „Одредени личности кои одлучиле да емигрираат од политички или социо-економски причини, тешко го поднесуваат живеењето во страна средина. Доаѓањето во непозната средина и промената на еден или повеќе аспекти од материјалната и социо-културна амбиентална реалност, кај поединецот може до таа мера да предизвика нарушување на психосоцијалната рамнотежа така да личноста неможе долго време да воспостави внатрешен баланс.“ Даесет и пет години подоцна, според однесување на Ицо Најдовски – Перин и дадените изјави, тешко може да се каже дека тој успел да воспостави внатрешен баланс и дека таа криза оставила длабоки траги кои денес преминуваат во нешто сосема страно на нормалното однесување. Вака искажано некој ќе рече дека ова се однесува за сите емигранти, за сите Македонци кои живеат во дијаспората. Но тоа не е баш така, и ваквите реакции не се појавуваат кај секого. Еве што велат психолозоте за појавата на ваквите реакции. „Ваквите причини кои предизвикуваат кризна состојба кај поединецот, не влијаат подеднакво кај сите личности. Кој од поединците ќе биде зафатен, во многу нешта зависи од индивидуалниот склоп на самата личност, како и од интензитетот и должината на времетраењето на кризната состојба на која се изложени. Бидејќи вообичаено тој е сам против околината која го опкружува, се нарушува релацијата на која се остваруваат основните егзистенцијални потреби, со што се зголемува загриженоста, кој е основен елемент на психолошката криза на поединецот. Некои бранејќи се од ваквата состојба ја надминуваат кризата, се адаптираат, извлекуваат поука и стануваат позрели како личности, ги прошируваат видиците за себе и светот, но некои создаваат нереална, уште поискривена слика за себе, за своите можности и потреби.“ За разлика останатите наши иселеници, изгледа дека Најдовски е еден од ретките кој не успеал и за себе, за да задоволи одредени потреби, формирал нереална слика за сопствените вредности. Зад неа тој се крие и што е пострашно почнува да верува во приказната која ја создал. Се претставува како патриот, а нема ни п од патриотизам кај него. Се претставува дека има високо образование, а оние кои го познаваат велат дека лаже. Во вакви ситуации кога се пртставуваш со искривени вредности, психолозите велат дека вообичаено е ваквата состојба кај индивидуата да предизвикува загриженост, загрозеност, страв и неизвесност, кои можат да бидат комбинирани со несистематизирани параноидни идеи. Доколку навреме не се превземат чекори за да се остранат причините ваквата состојба може да кулминира во реактивна состојба. За нив таа често пати не одговара на одредени настани, што е резултат на смалување на адаптивните способности на личноста, а некогаш има одбранбен карактер кој ја чува личноста од понатамошна трауматизација. Во тој случај, психолозите велат дека личноста се исклучува од настанот, не е приемчива за реалноста на непријатните настани. Оваа заштитна функција на реактивната состојба најчесто се остварува со помош на регресивно однесување, односно се однесува на начин кој не одговара на вистинскиот степен на неговиот развој и зрелост, на пример пуерилизам, односно тоа е однесување на дете.“ Отука постапките на Ицо Најденовски – Перин, можат да се сведат на постапки на недозреано дете кое е контролирано и злоупотребено од други кои добро ги познаваат неговите лични амбиции, потреби и недостатоци. Отука можат да се проследат и неговите постапки кога под влијание на други долго се пртставуваше за југословен, кој не веруваше во независноста на сопствената земја, човек кој сеуште работи против соствената црква, и ги подржува оние кои работат против интересите на матичната држава. Тргнувајќи од овој аспект, само се наметнува прашањето поставено со еден стар израз: „кој си бе ти „суртук еден“ да им го нарушуваш интегритетот на другите, да докажуваш и да судиш, да шириш дезинформации? За такво нешто одамна си го изгубил кредибилитетот и не си дораснат, нити некогаш ќе пораснеш за да се спротивставуваш или да спомнуваш личности кои ја граделе поновата македонска историја и кои се искалиле во борбата за самобитност на македонскиот народ.
|