Среда, 09 Февруари 2011   
Жилав е коренот на Македонецот

misko-taleski
Мишко Талески

Македонија има голем предизвик кој мора да го реши во своја полза. Да опстане на ставот дека името е билатерален, а не мултилатерален проблем, за што сведочи и признавањето на нашето уставно име од 130 земји во светот, да ги собори грчките лаги за историјата на Грција и македонското наследство кое го краде од пазувите на Македонија и да го убеди светот дека во 21 век не постојат и не смеат повеќе да постојат сили кои ќе дискриминираат, асилимираат и понижуваат еден народ, една нација. Македонија има силни факти и аргументи за да го стори тоа.Треба само мудрост и храброст во постапките на македонските политичко-дипломатски кругови.

Грција и Грците непоколебливо водат политика на целосен етнички, јазичен, духовен,општествен и културолошки геноцид врз Македонија и Македонците. Светот немо го набљудува тоа и ретко презема акции со кои ќе ја предупредат грчката хегемонистичка елита. Додека за тоа молчат и премолчуваат, на Европа и се полни устите со милните зборови за демократија, за човекови права, за слободата на говорот и изјаснувањето.

Зошто таа досега не го крена гласот за геноцидот на македонското население во Грција, зошто Европа молчаливо гледа како ги кршат елементарните човекови права и слободи на Македонците во Егејска Македонија? На овие прашања Брисел треба да ни даде искрен,точен и неспакуван одговор.

Македонија е име кое е древно запишано во сите светски историографии, филозофии и воени енциклопедии. Кој е тој денешен современик, без разлика дали е Американец, Европјанин, Грк или Македонец, које ќе смогне храброст да избрише поим, идентитет и свето име старо со милениуми ?

На таквите и сличните како ним, треба остро да им порачаме дека нивниот живот и нивната политичка кариера е зрнце песок во морето, минлива краткотрајна и безначајна епизода од светската историја. Најмалку тие како индивидуи можат и смеат да размислат, а уште помалку да направат македонското име и македонскиот идентитет да биде избришан од иднината, од сегашноста, од сеќавањата, од нашиот грб, нашата свест, од коските на нашите предци.

Не смее да постои никаков Штефан, уште помалку некој си Друцас или црномурест субсахарец олицетворен во ликот на Василакис, кои преку нивната игра и блеф ќе не осакатат како нација, само за да ги задоволат нивните суети и политички идеологии. Тие се толку мали и занемарливи во споредба со македонската трајност и постоење.

Македонија надживеала многу такви човечиња. Македонија ќе продолжи да постои и после нивните животи и нивните валкани кариери. Едноставно,тие се ништовни во обидот да ја осквернават македонската светост.

На крајот, доколку опстанат на својот став посекоја цена да го урнат македонското битие, ќе завршат неславно како озлогласениот цар Ирод од Ерусалим, кој во обидот да го уништи духот и мисијата на Исус, беше распнат во пеколот. Ова не е нострадамусово пророштво, ова не е писание на некоја бабина клета уста или наша морничава желба.

Тоа е жилавиот корен на Македонецот, кој е неискоренлив како троскотот, како пирејот и кој говори посилно од пенливите усти на грчките современици, кои патем забораваат на своето племенско африканско потекло.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.