Среда, 16 Февруари 2011   
Битола втор престолен град на Македонците!?

Tihomir_Karanfilov
Тихомир Каранфилов

Градот Битола кој лежи во подножјето на Пелистер и кого реката Драгор го дели на два еднакви дела, северен и јужен, од своето формирање па до денес, низ вековите на историјата, преставувал значаен духовен, политички, стопански и културен центар во рамкоте на своето најшироко подрачје.

Во непосредна близина, градот е опкружен со испресечен синџир на ридови, потоа многубројни рекички и потоци и растурено сместени села во бујна зелена вегетација со разнобојни, но претежно црвено-бели куќички до самото подножје на Пелистер. На јужната страна пред самиот град во излезот кон Егејско Море, се гледа пространата питома и рамна Пелагонија, при што се наметнуваат или предизвикуваат архаични реминисценции од некогашното одамна пресушено делувијско езеро.

Со своите медитеранско алпски климатски услови кои резултираат од близината по воздушна линија на Јадранско и Егејско море и бујно зелената вегетација со интересна флора и фауна по масивите на Кајмакчалан и Пелистер, здравата клима и претежно синото поднебје, Битола и неговота поширока околина отсекогаш претставувала атрактивно место за живеење. Отука градот Битола со околината е многу богат со споменици кои потекнуваат од разни периоди, почнувајќи од праисторискиот период па се до поновата историја.

Иако не постојат комплетни и континуирани историски податоци за времето на основањето на градот и за неговиот историски развиток низ вековите, сепак од постојните фрагментарни натписи и патеписи или од римските, старогрчките и старословенските натписи, епиграми и епитафи на камени и мермерни плочи, се открива богатиот историски развој на градот и неговото население во текот на вековите.

Историски е евидентно, дека градот Битола наизменично растел и опаѓал покрај, Светата планина Баба со врвот Пелистер и борот моли(ка), како и покрај стариот римски пат Виа Егнација, до старата Хераклеја Линкестидска. Некогаш на овие простори живееле племето на Македонско-пајонското племе на рисови, т.н. Линкести, племе кое имало формирано своје кнежество  уште пред 6 век п.н.е. Македонската кралска куќа Аргеади на овие простори го создава четвртото македонско кнежество Линкестида, а од тука потекнува и мајката на Филип II, Евридика(410 г.п.н.е), која во 395 г.пн.е се омажила за  Аминта.

Но во секој случај останува аутентично дека на местото на Хераклеја се до неговото уништување од земјотресот во 6 век од нашата ера се сменувале низ неговото илјадагодишно постоење неколку култури и цивилизации од македонската, римската и рановизантиската епоха. Од извадените и на местото изложени оригинални експонати на историскиот споменик Хераклеја (прекрасни скулптури и мозаици, амфитеатар, како и други артефакти), современикот во секое време визуелно се среќава со една опиплива богата и прекрасна илјадагодишна култура. Сето тоа укажува дека градот во континуиетет бил центар на вечна моќ, висок степен на цивилизација и култура. Според некои извори Хераклеја од вториот век п.не и од четвртиот век  на нашата ера бил и главен град на Македонија, а во третиот век од нашата ера го примиле христијанството, што пак покажува дека за тогашните прилики преминле кон повисоки духовни и културни вредности. Во овој век во Хераклеја било и седишето на македонскиот епископат.

Населението како и кај многу градови кои ги зафатило катастрофи од катаклизмични размери, по земјотресот во 518 година, иако постојат индиции дека и во самата Хераклеја Линкестис дел од жителите продолжиле да живеат, формираат нова населба покрај реката Драгор, од која ќе израсне градот Битола. Старата илјадагодишна култура на Хераклеја ќе влијае на архитектонско, урбанистичко и културно обликување на новиот град Битола, но истовремено ќе ја продолжи низ вековите да ја има улогата на политички и духовен центар, однос на втора столица на македонскиот народ се до 1913 година кога Македонија е поделена и се поставени  вештачките граници на само 16 километри од градот. За тоа каква била улогата зборува и фактот што за време на Отоманската империја во Битола во одреден период имало дваесет конзули.

Во текот на историјата, во зависност од владателите, градот имал многу имиња, како што се Буталион, Ботела, Монастир, Манастир, Толи Манастир и Битољ. Според Битолската плоча од 1015 година, се претпоставува дека денешното име градот го добива за време на Гаврил Радомир, кога градот се споменува како Толи. Во време на Самоиловото царство прераснува во голема градска населба, а по смртта на Самуил неговиот син Гаврил Радомир Битола ја прогласува за негова престолнина.

Постојат повеќе приказни за потеклото на името на градот. Според првата верзија името доаѓа од бројните цркви и манастири кои биле изградени во и околу градот. Преданијата велат дека на десниот брег на реката Драгор имало 41 цркви, додека на левиот брег имало 29 цркви. Постоела и една огромна црква над Битола, кај сегашниот мост викан Црн Мост, која можела да го собере целокупното население од битолското поле за време на верските празници. Поради многуте манастири во градот се и историските претпоставки дека името БИТОЛА произлегува од старословенскиот збор ОБИТЕЛ (заедница на монаси) што значи населба со голем број манастири. И денес поради манастирите во некои страни географски карти се среќава Битола како МОНАСТИР. Останува како историска вистина дека името на градот произлегува од многуте манастири во него поради што тој бил и важно средиште на словенската писменост.

Второто предание, според записите на Марко Цепенков, вели дека градот своето име го добил по големо поседникот Тољо, кој имал тврдина во близина на денешното битолско село Буково. По доаѓањето на Турците, за да го повикаат на борба му велел „Би Тољо, до би Тољо“,  со што според Марко Цепенков од таму потекнува името на градот Битола.

Иако нема податоци како новиот град се вика помеѓу 6 и 11 век, тргнувајќи од значењето на градот за македонскиот народ, улогата која ја имал градот во текот на неговата историја, се доведува во прашање слоовенското потекло на името на Битола, која прврзаниците на тезата на доаѓањрто на словените во 6 и 7 век се обидуваат да ја наметнат, а артефакти нема. Внимателно ако се анализираат сите настани во периодот кога градот го добил името, односно времето на Гаврило Радомир, некако не наведуваат дека името е поврзано се префрлање на престолнината од Охрид во Битола во 1015 година. Односно значи дека се работи за вториот престол на Самолиловата држава од каде Гаврил Радомир управувал и за врема додека бил жив Самоил. Како втора престолнина, духовна и политичка, доколку се послужиме се латинскиот јазик, впрочем Самоил ја добива круната од Рим, а неговиот татко ја носи титулата комитопул што повеќе е својствено за римска а не за визнтиска титула, тогаш ги имаме двата збора bis или два и stoli или одежда (но може престол), кои во комбинација го даваат единствениот збор Бисстол. Со текот на времето се губи буквата с  за да на крај остане Битола. Буквалниот превод на столи како одежда посочува за присуството на голем број на монаси во манастирите во Битола, што аналогно на тоа го добива и иимето Манастир.

За некого ова можеби изгледа романтично ненаучно гледање и толкување на настаните, но со подлабоки споредбено компаративни анализи, можеме да дојдеме до правата вистина, а таа е дека Битола од секогаш била втора престолнина на македонскиот народ, за која укажува и самиот назив. Сепак тоа е работа на историчарите кои во написите од тој период можат да ја пронајдат правата вистина.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.