Среда, 16 Февруари 2011   
Просветлување на историјата на Македонија

mitko-panov
д-р Митко Б. Панов

Авторот е доктор по историски науки

На прагот на најголемиот успех во современата македонска историја - добивањето на покана за членство во НАТО - Република Македонија континуирано и засилено се соочува со историската негација, манифестирана и преку интензивирањето и заострувањето на притисоците за промена на уставното и непроменливо име - Македонија. Тоа што посебно загрижува е што негацијата зачестено доаѓа и однатре, еднакво во форма на политичка конјуктурност сублимирана во неодамнешната реторика на лидер на политичка партија за „будалаштината“ на современите и античките Македонци, како и во историографска форма - рефлектирана со наметната „самопотреба“ за преиспитување на античкото минато на Македонија и на Македонците. Сето тоа доаѓа во време кога македонската влада, за првпат по осамостојувањето, се обидува да ги акцентира реалните културно-историски традиции на Македонците и на Македонија како држава, вклучувајќи ги и Албанците и останатите етнички заедници. Напластот создаден од политиката диктирана на релација Белград - Атина, одразена и во поранешната СФРЈ во целина, го остави длабоко затскриен македонскиот историографски континуитет од античкиот период, со примената на мошне умешно исконструираната вештачка историографска синтагма од 19 век заснована на поимот хеленизам. Во отсуство на сопствена национална држава на Македонија во 19 век, на историјата на античка Македонија и беше „залепена“ хеленистичката историографска етикета, што слепо беше следено од западната историографија, која впрочем и беше креатор на истата. Истоветниот приод беше применет и при оспорувањето на средновековната историја на Македонија, во која беа инволвирани други актери. Ретките македонски историографи во поранешна СФРЈ кои се зафатија со просветлувањето на историските корени на Македонија успеаја да продрат до средниот век, упатувајќи на културно-историските традиции од Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Св. Наум, како и на средновековната државност во времето на Самуил. Притоа, во малкуте студии беше посочена и неопходноста од расветлување на историјата на античка Македонија, која кадровски и историографски беше тенденциозно занемарена поради добро познатиот политички диктат на ниво на СФРЈ. Осамостојувањето на Република Македонија создаде можност за ослободување од тешкиот политичко-идеолошки напласт од СФРЈ во насока на коригирање на огромната историографска неправда која и беше причинета на Република Македонија, посебно во однос на античкиот период од нејзината историја.

Македонија беше исправена пред историска шанса да ја разобличи западната историографија, т.н. либерална школа, која во однос на историјата на Македонија го следеше поимањето од 19 век, со кое се оспоруваше античкиот и средновековниот културно-историски континуитет. Меѓутоа, долгиот транзициски период во кој навлезе Република Македонија беше проследен со маргинализирање на историчарите, посебно на оние со национален предзнак. Политичкиот и личниот критериум беше поставен пред вредносниот и научниот, што се одрази и врз квалитетот на историографската продукција. Воедно, кај дел од историчарите во Македонија, синдромот на инфериорноста од поранешна СФРЈ беше заменет со тренд на настојување на наоѓање поткрепа за историското минато на Македонија кај западните историографи и прифаќањето на демагошкото поимање за историјата од европските бирократи во Брисел. Тоа, како и доскорашната ориентација на политичките елити, кои гледаа на историчарите како на кочничари на внатрешните и надворешно-политичките процеси, генерираше состојба во која македонските историографски трудови, во кои за првпат се акцентираше културно-историскиот континуитет од античка Македонија, останаа потиснати и неафирмирани. Како резултат на тоа пошироката јавност остана дезинформирана и конфузна, што меѓу другото се должеше (и) на продукцијата на квази-историографските трудови, како и на трудовите произлезени од „сомнителните“ проекти, кои на различни начини и со различни мотиви се обидуваа(т) да ја ре-дефинираа(т) историјата на Македонија. Неодамна бевме сведоци на директно вмешување на политиката во историографијата што продуцираше и апсурдно политичко толкување на историјата, втемелено на раскажаната фантастична приказна од лидер на политичка партија за „будалаштината“ на современите и античките Македонци околу нивното историско само-осознавање. Приказната генерално оди во правец на тоа дека „будалестите“ Македонци, всушност се и секогаш биле во голема историска заблуда: современите Македонци не можат да се повикуваат на своето античко минато, бидејќи не се Македонци; Александар Трети Македонски бил во заблуда бидејќи не бил Македонец; античките Македонци биле во заблуда. . . Ваквата историска негација не би требало да биде многу страшна, со оглед на смешниот карактер на фантастичната приказна, во која (како и кај сите приказни) не верува ниту самиот раскажувач. Апсурдот е дотолку поголем што токму антиката може да претставува обединувачки фактор за Македонците и за Албанците. Оттаму, изречената приказна добива многу подлабока политичка димензија, бидејќи коинцидира со засилениот притисок за промена на уставно име на Република Македонија, а со тоа далекосежно продира и во националниот идентитет на државата. Ваквата состојба дополнително ја наметнува неопходноста од просветлување на историјата на Македонија, но која не треба да се сведе на нејзино механичко ре-моделирање во зависност од моменталните состојби и потреби. Просветлувањето треба да се сфати во поширок контекст во насока на конечното отстранување на наталожениот политичко-идеолошки баласт кој за жал се уште ги задушува демократските процеси во земјата; враќањето кон научниот и вредносниот критериум наспроти политичкиот и личниот; темелно преиспитување на самите себеси и на сопствените вредности и капацитети; надминување на длабоката инфериорност од западните историографии и од европските демагошки поимања за националните истории на другите. Единствено вака сфатеното просветлување на историјата на Македонија може да биде во полза на Македонците, како и на Албанците и на сите други заедници кои живеат во Република Македонија, чиешто културно-историско само-осознавање нема да биде засновано на научно-фантастични приказни од типот за „будалаштината“ на другите, туку на реална, научно втемелена и општо прифатена историографска продукција во која ќе бидат интегрирани многувековните културно-историски традиции на Македонија, а кои длабоко продираат до антиката. На овој начин Република Македонија ќе може да се спротивстави на силните притисоци за промена на уставното и историско име, чиешто крајно исходиште би било промена и креирање на нов национален идентитет, преку вештачката замена на културно-историските традиции од антиката со оние од 20-от век. Тоа никако не смееме да го дозволиме, дотолку повеќе што историските аргументи се на наша страна!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.