|
|
Интернет борба за Македонија |
‘Наша основна цел е да се зачува нашето вековно име, историја и идентитет. ако и вие го сакате тоа, поддржете не и речете Македонија! Ете тоа е целта на блогот I,Macedonian кој повеќе од две годнини активно работи и презема безброј активности за признавање на Македонија под уставното име. Активно се заземаат да допрат до сите официјални страници на институции, Министерства, најпопуларни социјални мрежи, светски мрежи. Дека огромната посветеност и континуирана работа на иницијаторот и сите инволвирани на блогот не е залудна покажуваат и самите резултати. Успешно и ефективно ја постигнаа целта да се заведе Македонија под нејзиното уставно име на Yotube, која е на трето место по посетеност на интернет. Целта ја постигнаа со константно праќање на пораки до Јутуб, пласирање на три видео клипа, текст и информирање на цела македонска заедница на Јутуб. Видео клиповите за оваа акција беа посетувани со секавична брзина од 20 000 посетители во првите минути на објавување. Овде нивната работа не застанува, планираат испраќање на писма преведени на сите јазици на земјите кои се уште не не признале под уставното име. Но не е само тоа, блогот истражува во светските архиви и на нивната страница можат да се најдат сите познати наслови поврзани за Илинденското востание, Мис Стон, нашите револуционери, објавени во познатиот Њујорк . Доколку сакате да се уверите посетете го блогот I, Macedonian и сами учествувајте во акциите кои се преземаат за зачувување на нашето вековно име Македонија и нашиот идентитет. Интернет борбата продолжува. Како што и самиот иницијатор вели: Ова е блог за збиднувањата во и надвор од Македонија, за притисоците за промена на името за , негирањето на нашиот идентитет. Ова е доказ и жив пример како да се биде вистински Интернет Македонец. Постојат и голем број на други слични интернет сајтови, блогови и форуми на кои е застапена македонската вистина. Се чини дека во 21 век борбата се води на интернет страниците, најчесто преку социјалните мрежи каде жестоко се бранат македонските интереси, македонското име и се откриваат факти од минатото на Македонија. ако нешто беше невозможно да се најде пред појавата на интернет мрежата, денес тоа е лесно достапно на сите корисници на интернет. Ако досега беа фалсивикувани и криени многу вредни документи, историски виситини за Македонија, денес не претставува никаков проблем да се пласира со едно кликнување на интернет мрежата. Поради својата специфичност во начинот на презентирањето и достапноста, сајтот Yotube кој се појави во 2005 година, со секавична брзина се овозможи пристап на голем број видео материјали со вести, интервјуа, музика, историски настани кои се посетуваат од илјадници посетители и преку кои се дозна многу за македонската вистина, се пренесуваат видео материјали со голема брзина до секој медиум во светот. Најчесто се води војна за македонската државност,историја, култура, посебност, вековно постоење, државното име, јазикот, кои се уште се дел од грчката , бугарската пропаганда на интернет. На групите што се формираат на најпосетената социјална мрежа Фејсбук, се отворија вратите за искрени коментари, дебати, разбудување на свеста кај младите да се борат за својата земја. Најголема презентација на се што е во врска со неправдите над македонскиот народ низ вековите и апсурдната ситуација во Македонија со т.н спор со името е направена токму на интернет мрежата. Според некои сознанија од експерти на блогови, потребно е поголемо ‘наоружување‘ со научни податоци за да бидат поприсутни и поубедливи на интернет. Во споредба со нас, соседите предничат во користењето на интернет мрежата и ширење на ‘нивната вистина‘. Уште повеќе се покануваат и сите политичари да се вклучат во групите кои се борат за интересите на државата и да одговорат на барањата на македонскиот народ. И натаму нека биде наша заедничка цел, дали на интернет, или преку други видови активности да се избориме за зачувување на нашето вековно име, историја и идентитет. Секој што го сака тоа, нека ги поддржи активностите на групите, блоговите, медиумите кои се залагаат за масовна промоција на македонската вистина. |