Среда, 23 Февруари 2011   
Зошто европските земји не го преиспитаат членството на одредени земји?

misko-taleski
Мишко Талески

Обидите на грчките дипломати по секоја цена да го сопрат етаблирањето на Македонија како државен субјект во влијателните светски институции, почна сериозно да ги иритира земјите кои воопшто немаат проблем со нашето уставно име. Еден од последните примери е протестот на Атина по повод формирањето на групата  „Пријатели на Македонија.„ Нон сенс. Македонија упорно со години се обидува да му покаже и докаже на дипломатскиот свет дека проблем со македонското име има само Грција.

Зошто би го менувале името за светот кога државите немаат никаков проблем со него, а и самиот факт што повеќе од 130 земји не признале под името Македонија, јасно говори дека треба да се изнајде само ново име за билатералните односи со Грција. Во спротивно, во вода би паднале сите досегашни напори и резултати, кои овозможија две третини од државите во ООН да не прифатат како Македонија и како Македонци.

Уште колку долго ЕУ ќе мора да се солидаризира со Атина, кршејќи ги со тоа сите меѓународни правила и норми на слободното човеково изразување и идентификување ? Брисел веќе стана заложник на тесноградите грчки националистички интереси. На тој начин, европската демократија покажува дека поддржува неиздржани националистичко-шовинистички идеологии, само затоа што една земја е нејзина членка.

Ниту еднаш досега, ниту еден влијателен европски државник не го покрена прашањето за состојбата со човековите права и слободи на земјите, кои се дел од таа политичко-економска заедница. Зарем за нив не важат истите правила како за нас ? Зарем тие се привилегирани ?

Зошто една мала земја која се бори за достигнување на цивилизациските вредности, не смее да проговори за автократските режими на самонаречените демократии ?

Зошто европските земји не го преиспитаат членството на одредени земји, кои не се однесуваат во рамките на европските стандарди и правила ?

Доколку се направи ревизија на демократските правила и доколку постои клазула, според која земја членка може да биде исфрлена од друштвото на развиените ако таа не се придржува на правилата, тогаш досега неколку држави ќе беа надвор од редовите на европското обединение. Грција и Бугарија секако ќе ја предводеа колоната на отфрлениците.

Тоа е нешто слично како и во спортот. Најбитни се квалификациите. Ако не се исполнат нормите, тогаш и светскиот шампион може да остане надвор од следниот мундијал. Впрочем, на стара слава не се живее. Не знаеме зошто во политиката и во дипломатијата тоа би било исклучок. Едноставно, за лажните демократии треба да се преиспита нивното понатамошно учество во меѓународните организации. Истовремено, треба да им се одземе и правото за глобално одлучување.

Ако може Иран и Северна Кореја да бидат изолирани од глобалните текови заради нивната нуклеарна програма, тогаш има и други земји, кои со своите цивилизациски девијации во контекст на човековите права го нарушуваат развојот на правдољубивиот свет, па како такви треба да бидат маргинализирани. Со ова, Грција ги заслужува санкциите, а не Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.