Среда, 23 Февруари 2011   
Изборите ќе поминат, а народот треба повторно да живее заедно

svekrva
Свекрва

Во фокусот на вниманието на македонската јавност е понудата на премиерот Никола Груевски за предвремени избори, како и прифаќњето на фрлената ракавица на лидерот на најголемата опозициона партија СДСМ, Бранко Црвенковски.

Ваквиот изнуден потег на премиерот Груевски, всушност треба да доведе до задоволување на барањата на опозицијата и смирување на меѓуетничките тензии кои резултираа по најавите за радикализација на состојбата доколку нема предвремени избори, а кои имаа свој пробен тест на скопското Кале.

Премиерот Груевски како што изјави на интервјуто дадено за ТВ Сител, ја напуштил првичната идеја оваа година да биде посветена на реформите и евроинтеграциите, иткако опозицијата го напушти Собранието и државата западна во парламентарна криза.

Во услови кога имаше влошување на состојбата во смисла правење на штета на меѓународниот углед и поткревање на меѓуетничките тензии во земјата од страна на опозицијата, Груевски како вистински лидер на македонската нација на кој не му стасало до власта по секоја цена, туку до зачувување на вистинските вредности на демократијата, го повика Бранко Црвенковски доколку навистина сака избори да дојде во парламентот за да се изгласа законот за избори и да се оди веднаш на избори.

Но тука не застанува условувањето на опозицијата. Иако претседателот на СДСМ изјави дека ги прифаќа предвремените парламентарни избори, сепак тој ги услови со исполнување на условите кои партијата ги постави за да се врати во Собранието. Притоа тој поставувајќи ги роковите, повторно се закани со радикализација доколку не се прифатат.

Одовде произлегува дека нешто не е чисто и смрди во опозицијата, која по се изгледа не е сигурна во некаква изборна победа, иако цело време ја најавува и затоа намерно ги одолжува, притоа надевајќи се на влошување на состојбата во земјата. Како таа да сака и очекува, домино синдром кај Медитеранските земји да ја зафати Македонија, притоа калкулирајќи со меѓуетничките односи.

Отука и арогантниот однос на лидерот на најголемата партија на опозицијата кој вели дека:

„ја поздравува одлуката конечно да се одважите, да соберете храброст и да го прифатите нашето барање за предвремени парламентарни избори кои се единствен демократски начин на решавање на длабока криза и излез од ќорсокакот.  Предвремеми парламентарни избори треба и мора да има.“

Но изгледа дека овие избори треба да бидат скроени по мерка на опозицијата, мерка која единствено ним ќе им овозможат фер и демократски избори. Но доколку нема излез, се друго би значело продлабочување на кризата и нејзина радикализација.

А кога е потребна радикализација, секогаш во преден план се појавуваат меѓуетничките односи помеѓу Македонците и Албанците, а во кои прва жртва се изманипулираните деца.

Инцидентот на скопското Кале е само показател до каде може да оди желбата на поединци по секоја цена да се дојде на власт, притоа не водејќи сметка дека во игра се ставени животите на млади деца.

Бескрупулозноста на поедини политичари, иако сеуште е обвиткано со превезот на мистерија што ни се случи, се покажа во 2001 година, кога Македонците и Албанците влегоа во вооружен конфликт. Нешто што никогаш се немаше слученово историјата  помеѓу двара народа, со исклучок на качачки банди кои делуваа во Западна Македонија во одредени периоди за време на Отоманската империја и Втората Светска војна. Но историски гледано во целина односите помеѓу двата народи беа добри.

Во минатото меѓусебните и сродните интереси на Македонците и Албанците создале нужни и неопходни елементи за изнаоѓање поволни патишта за спас од османската тиранија и за канализирање на борбата за национално и социјално ослободување. Ова настојување прераснало во обидите да се определи заедничката платформа за поставување на основите на едно единствено македонско-албанско националноослободително движење.

Прв ваков обид е направен во 1887 година со создавањето на Албанско-Mакедонска револуционерна лига.

Лигата има составено „Апел" и дејствувала преку свои емисари во Албанија и Македонија.

„Апелот" е упатен кон жителите на Албанија.

(И. Г. Сенкевич, Нови материјали од Архивот на М. А. Хитрово. - Гласник 1Х/2,1965, стр. 117; Ракописен оддел ИРЛИ, ф. 325, д. 202. 1.1/).

Овде текстот на „Апелот" го објавуваме во целост за да можат помладите генерации да се потсетат на соживотот помеѓу двата народа, како и на заклетвата која ја има дадено албанскиот народ и која денес ја крши за нечии лични интереси, притоа нанесувајќи себеси си огромна штета.

Браќа,

По многу обиди што ги преземавме за да и помогнеме на нашата татковина Албанија, ние разбравме дека има само едно средство за да се постигне победата. Тоа средство е обединување со нашите блиски Македонци и заеднички акции со нив за ослободување на нашата древна и страдалничка татковина...

...Заради нашата цел беше создадена овде „Албанско-Mакедонска револуционерна лига", беше составен и устав и програма. Ние ќе ви го испратиме уставот на лигата штом ќе добиеме поволен одговор на ова наше писмо.

Ако ја знаете географијата на Македонија и Албанија, нивната измината историја, нивната блискост, обичаите и нивните политички интереси и ако ни поверувате, тогаш одобрете ги нашите дела и во скоро време присоединете се кон нас и укажете ни ја својата помош.

Сметаме за потребно да ви кажеме дека создавањето на „Албанско-Mакедонската револуционерна лига" под паролата „Слобода или смрт" е единствен пат за да се помогне нашето дело. Ние многу пати говоревме за тоа но не го остварувавме, а сега конечно го остваривме тоа дело.

Нашето дело за ослободување ќе го остваруваат Албанците заедно со Македонците, дејствувајќи заедно, без разногласија, под еден устав, под едно знаме и ќе се бориме за утврдување на самоуправа во нашите две области. Покрај тоа, тука има многу благородни луѓе што се готови да ни помогнат во нашето свето дело и искрено да се грижат за самоуправувањето во нашата татковина.

Дејствувајќи во братско единство, ние ќе можеме брзо да го исплашиме големиот стамболски управувач и ќе постигнеме Европа да биде кон нас благонаклона и да ги признае нашите права. Затоа може да се верува дека нашата цивилизираност ќе стане позната и нам ќе ни помогнат и нема повеќе да не задржуваат во ропство во кое се наоѓаме веќе неколку векови....

...Пред се ве известуваме дека не претендираме на многу: ние не бараме ни кралство, ни кнежевство, ние не сакаме Албанија и Македонија да паднат под власта на Бугарија или Србија или Грција. Но ние сакаме на Македонија и на Албанија да им се даде автономија, дури и во тој случај ако останат тие под власта на Султанот. Со еден збор, ние сакаме да имаме сопствен суд и сопствена управа. Во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците, макар што при тоа ќе се зачува врховната власт на Султанот.

Од името на „Клетвата за верност на Албанија“ ви се колнеме во точноста на се што е изложено во овој документ....

Ваши срдечни браќа по крв и клетва.“

Денес Албанците како да забаравиле на другите договори, како да заборавиле на Апелот, на заклетвата, како да заборавиле на заедничката борба. Ова е право време да се потсетат и да не дозволат да се повтори Калето и не само тоа, туку да не дозволат да ја рушат и така кревката доверба само за лични интереси на поединци без разлика од која партија или народ припаѓаат.

Изборите ќе поминат, а народот треба повторно да живее заедно.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.