Среда, 02 Март 2011   
Кошница полна со оси

gordana-dimovska
Гордана Димоска

Ако има народ што изоде најтежок пат кон осамостојување тоа е македонскиот. Народот знае да рече  ‘тоа ни било судбината‘. Независно во кој период, дали во ропство, војни или слобода, секоја нова генерација на Македонци е оптоварена со нови предизвици и искушенија.

И во денешни услови на слободна и самостојна држава, повеќе личиме на ‘кошница полна со оси‘ кои вријат и се јадат една со друга. Во време кога се соочуваме со нови проблеми, во време кога сме ставени во позиција да го браниме името на сопствената држава, ние сме разединети. Безброј пати лидери на политички партии, лидери на асоцијации, здруженија, активисти,  повикуваат на обединување но на тоа обединување како да се гледа со индиферентност, како да е ‘странски поим‘ и не се разбира значењето. Наместо да се оди напред, се оди чекор назад. Најчести причини кои се заприметуваат се големата расцепканост меѓу луѓето, поделби на разни основи, (политичка, верска и етничка) различност на ставови, лепење етикети, неприфаќање на туѓото мислење. На  социјалната мрежа ФБ, се води војна кој да докаже дека е во право и постојано се оди назад, се чепка во минатото, се ‘потпалуваат нови огнови‘, секој докажува своја вистина .‘Дури двајца се караат третиот  користи‘,  така вели народната пословица и тоа е точно. Дури ние се караме и докажуваме кој е во право, душманите гледаат разединетост и тоа им годи, тоа им помага во борбата против нас.

А зошто не може да се соработува со некого кој има различно мислење од нашето?  Мора ли сите да мислиме исто па да се почитуваме и соработуваме.  Едно е да се расправа и полемизира политички  а друго е да се делиме и  унштуваме едни со други.Желбата за да се држи лидерско место, да се има целосна контрола над одредена група ако не и над цел народ, да се оди само по ‘своја шема‘ која не води далеку туку само кон затвореност, изолираност на самата група. Не постои можност за отвореност и соработка со другите кои се борат за иста цел но мора да се  држат за тој имиџ - ‘поинакви‘ и подобри ако се сами. Од друга страна т.н лидери, претседатели, водачи на едно организирано тело, воопшто не обрнуваат внимание на проширување и јакнење на довербата кај своите членови, ниту пак знаат да ги почитуваат своите членови.

Најчесто се грижат за својата позиција и како ќе изгледаат во очите на јавноста. Не заприметуваат дека организацијата им се распаѓа грижејќи се за своето место, и дека соработниците  ја губат довербата засекога, ги губат своите членови. Што ќе им остане на наредните млади генерации!

Со ваков тек на настаните не може да дојде ниту до стабилна, цврста  организирана мрежа која би и помогнала на Македонија  да се промовира, да се лобира за македонските национални интереси . Зошто да е толку тешко? Зошто секогаш се ‘држиме‘ за истите изговори кои секој ги кажува а никој не знае да ги разреши. Еве неколку- ништо не бива од нас, не сме ние единствени, не знаеме сами, грчкото лоби е појако, не можиме ние малку сме. Секој тоа го вели, секој ветува, никој ништо конкретно не прави.

Ние не сме малку, имаме своја држава, свој идентитет, и треба за неа да се бориме без оглед на бројноста и големината, без оглед на силата што ја имаат другите а ние им помагаме да бидат силни со нашата немоќ , делби и неединственост. Кој вистински сака да помогне за доброто на Македонија мора да се огради од такви негативни мисли, да се воздржи од навреди, да не предизвикува натамошни конфликти, ширење на омраза , непочитување на туѓото мислење.

Зошто е тоа така. Ако во едно семејство нема слога, нема ни основа за напредок на самото семејство ниту поединецот. Секогаш ќе недостасува нешто кое требало да биде дел од заедничкото живеење и плод на заедничката прифатеност, меѓусебна почит, љубов и  заложби.

Секое формирано организационо тело било да е дома или во дијаспората, треба да работи на овие главни принципи: меѓусебно прифаќање, меѓусебна почит, заедничко работење и почитување на трудот на секој поединец, толеранција и градење на доверба без која не може да функционира ниту една организација.  Како ќе се бориме против  Грција која со децении ја продолжува студената дискриминаторска политика спрема македонскиот народ.

Што добиваме ако не сме лојални на  идеалот  што ни го оставија нашите претци, да се бориме за  за својата самостојна држава. Која би ни била силата ако не сме Македонци, и својата земја не се вика Македонија, ако  не го зачува нашиот вековен идентитет и име?

Доста е психолошко измачување со искривени вистини и апсурдни барања, доста е меѓусебно неединство.

Само така ќе се постават здрави темели кои никој не ќе може да ги сруши. Доста се кавги, делби, изолираност, земете ја судбината во свои раце. Сами треба да изнајдеме решенија за нашите неуспеси, да  си ги признаеме нашите слабости, грешки и да работиме на нивно исправување. Време е  да се фокусираме на обединување како единствено решение за цврста , стабилна организирана мрежа на сите Македонци во целиот свет.

Драги браќа и сестри Македонци,

време е да се избере нов пат кој  ќе  не води  кон светлината, кон успехот, кон победата ,кон единствена силна Македонија.

‘Македонска нација‘ ве повикува на обединување, заедно сите да учествуваме во градењето на националниот идентитет, зачувувањето на нашето историско, културно наследство, нашето вековно име Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.