Среда, 02 Март 2011   
Вистинскиот бисер што Охрид го прослави во светот

Tihomir_Karanfilov
Тихомир Каранфилов

Многубројни туристи доаѓаат во Охрид, во градот на УНЕСКО, на Климент и Наум,  на Самоил, не само да го посетати и видат вториот Ерусалим со многубројните цркви и прекрасната колекција на икони, не само да го видат прекрасното езеро, тука многумина туристи доаѓаат и да се снабдат со вистински оригинален Охридскиот бисер кој по својата убавина е ненадминат во во светот. Тој е посебно ценет и се разликува од останатите бисери по своето природно потекло и рачна оргинална изработка.

За жал, денес низ „охридксите дуќани и тезги се продаваат разни перли, пластични бисери, како оригинал, поткрепен со лажни сертификати и убедувања на трговците дека туристот го купуваат вистинскиот бисер. Малкумина од купувачите  знаат дека само два занаетчиски дуќани во охридкста чаршија се изработува и продава оригинал охридски бисер. Тоа се дуќаните на фамилиите Талеви и Филеви, кои традицијата за изработка на бисер ја негуваат со децении. Вака ја започнува својата статија новинарката на Дневник од 25.02.2011 година, Е.Ф., притоа цитираќи го Климент Талев кој вели дека „многумина од туристичките водачи ги носат туристите кои што скаат да купат охридски бисер во други трговски дуќани со што туристите се доведени во заблуда.

Како што вели Климент Талев понатаму во статијата Дневник, „Охридскиот бисер никогаш не се продавал и не се продава на тезга, а туристичките водачи не смеат да си дозволат да ја продадат честа на Охрид и Македонија за ситна провизија на трговците. Јас го имам патентирано мојот производ како охридски бисер и заштитено како географско потекло, а тоа значи дека законски не можат други трговци да го продаваат под тоа име.“

Семејството Талеви први во Македонија почнале со изработка на охридскиот бисер уште во 1924 година откупувајќи тајната за премачкување на седефестиот бисер. Многумина од помладата генерација ќе се запрашаат кое е семејството Талеви и како дошле до тајната до тајната на охридскиот бисер. За тоа најдобро говори книгата „Стари семејства“ од авторот Марина Апостолова издадена во 1999 година. Оваа книга која во тоа време имаше значаен прием кај публиката преставува своевидна хроника на најзначајните фамилии во Македонија, кои во изминатите три века зазеле посебно место во општествениот, економскиот и културниот живот на Македонија. Во ова книга се спомнува историјатот на семејството Талеви и за охридските бисери од кои овде ќе проследиме неколку изводи.

Коренише на Талеви, ова старо охридско семејство, се во Велестово. Уште во текот на 17 век таму живеед Тале, чие презиме било Христов. Тој, иако без образование, кај соселаните стекнал углед на лраведеи и паметен човек. Секогаш кога ќе се појавел некој спор, селаните, место кај турскиот кадија, оделе кај Тале за ди им ја пресуди правдата. По него Христови го мениле своето име во Талеви.  Еден од потомците на Тале бил Јане. Тој од Велестово се преселил во Охрид и се настанил во една куќа во Месокастро. Се занимавал со одгледување и трговија на стока. Имал стада овци, биволи, крави. Со жена си Доста добил 17 деца, меѓу кои Климе кој ја продолжил семејната дејност.

Климе го зголемил обемот во одгледување на добитокот и трговија со него. Тргувал дури и со Бугарија. На 32-годишна возраст, враќајќи се од пат, застанал на Ѓавато де се одмори и заспал на влажната трева. Набрзо добил туберкулоза и умрел. Жената Христина ја остамии вдовица со пет деца - Милчо, Царка, Борис, Ване и Климент, кој се родил по татковата смрт. За да може да ги изгледа сирачињата Христинн деноноќно работела.... Кога децата малку потпораснале и тие почнале да работат и да носат во куќата по некој грош. Така, Ване уште на 13 години одел на граничниот премин со Албанија, Ќафасан, и им продавал ракија на цариниците. Често го напаѓале разбојници, но некогаш качаците знаеле и богато да го наградат, бидејќи се восхитувале од неговата храброст - мало дете, само да оди по опасните планини.

Кога веќе биле работоспособни сите од семејството, Талевци си ја побарале среќата во сопствена работа. Така, браќата Климе и Борис заминале од семејната куќа... Браќата Милчо и Ване останале во Охрвд да се грижат за мајка си и сестрата Царка. Во 1923 година од месарот Димко Савев, кого го викале и го сметале за чичко, позајмиле 23 наполеони. Со парите отвориле дуќан за злато, дијаманти, сребро и часовници. За две години успеале да го вратат долгот и да го купат дуќанот, кој и денес е во Охрид на самиот плоштад, каде што е книжарницата "Култура".

Во 1925 година од еден избеган белогардеец, чие потекло било од Бајкалското езеро, кое како езерата во Охрид и Тангањика има иста флора и фауна, ја купиле формулата за емулзијата за премачкување на седефестите зрна од кои се изработува бисер (подоцна наречен "охридски"). Производството набрзо се зголемило и браќата во 1933 година отвораат свои дуќани во Врњачка Бања и Дубровник, а во 1935 во Париз и Женева. Пласирајќи го бисерот во европските градови, тие за возврат добивале  злато. На тој начин, капиталот се зголемувал и за само исколку години тие станале ценети и богати охридски трговци...

Ване се оженил со Голубинка од богатото трговско семејство Цветкови. ...Голубинка и Ване имале прекрасен брак, во кој се родиле три деца: Надица, Вера и Климент.

Браќата Милчо и Ване со мајка си живееле во старата семејна куќа во Месокастро се до 1938 година, кога решиле да изградат сопствена зграда. Палатата Талевци, која и денес е украс на Охрид, во месноста Нмзија (зад, хотелот :'Ривиера)... Куќата има приземје н два ката; сите со површина од 156 м2. Таваните се изработени од гипсан длаборез, паркетот специјално бил донесеп од Хрватска, а сите врати се од скапо ореоао дрво, обработено во резба....

Трговијата и ироиззодството на бисерот се развивале. Милчо почнал да се занимава и со трговија на ореови трупци, што ги продавал дури во Милано, Женева, Минхен и во Франција, а Ване останал да го води дуќанот во Охрид. Затоа, кога синот на Ване, Климент, пораснал, татко му ја предал формулата за изработка на охридскиот бисер. И покрај тоа што завршил надворешна трговија на Економскиот факултет во Скопје, Климепт денес единствен од семејството Талевци ја зиае семејнати "тајна" за бисерот.

Благосостојбата во семејството траела се дм завршувањето на Втората светска војна. Во 1948 година, по налог на УДБ-а, како и сите имотни луѓе, браќата Милчо и Ване биле затворени. Целиот имот им е  конфискуван, а Ване Талев, за разлика од брат му кој бии набрзо ослободен, останал в затвор цели три години. Семејството било иселено од палатата Талевци и се собрале во старата семејна куќа. Во 1965 година синог на Милчо, Никола, успеал да поврати еден кат од куќата на татко му, а Ване три години подоцна успеал да се всели само во две соби, затоа што во другиот дел на неговиот стан живееле воени службепици.....

Денес Климент сеуште го слуша аманетот на татко му кој му рекол„ времињата ќе се менуваат  и модернизираат, но рачната изработка е нешто што секогаш ќе има вредност“. Охридскиот бисер се изработува рачно од материјали од природно потекло, кои се премачкуваат со емулзијата со четки изработени од влакна на верверичка или коњ. Тајната на изработка на охридскиот бисер во семејството Талеви, веќе ја знае синот на Климент кој оди по емејните стапки.

Природните бисери имаат рок на траење 150 години, но охридскиот бисер трае вечно. За жал во промотивните материјали за Охрид нема доволно информации каде може да се набави  оргиналниот вистински бисер кој го прослави Охрид.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.