Среда, 09 Март 2011   
Предавството и игрите излегоа на површина

Јонче Манојлов

На самитот на Нато Грција се фати за резолуцијата 817 (1993), со кој советот за безбедност во 1993 год. направи голем пресврт во кој  надополни и други точки во самата резолуција, а со тоа ја прекрши Повелбата на ОН во член 4, став 1.

Тоа значи дека, ако апликантот ги задоволи четирите услови од член 4, став 1 од Повелбата, таа држава треба да биде примена во членство без поставување на дополнителни услови. МСП експлицитно се изјасни дека со поставувањето на такви услови се крши Повелбата.

Затоа, ООН не трбаше  да инсистира дека користењето на името ПЈРМ е услов за членство на Македонија во ООН, со одземањето на правниот идентитет на државата, како битен елемент на нејзината правна личност  претставува грубо прекршување на правниот принцип на суверена еднаквост на државите,  прокламиран во членот 2, став 1 од Повелбата.

Во 1993 претседателот на Република Македонија Киро Глигоров, заедно со тогашниот премиеро Бранко Црвенковски и  Потпретседателот на Владата на Република Македонија, Стево Црвенковски, го променија името и влегоа во македонската историја како граѓани на ПЈРМ, бидејќи не трбале  да ја прифатат резолуцијата 817 (1993) без да ги разгледат понатамошните последици и да го испитаат целиот процес кај некој меѓународни експерти, (а можеби и тие самите биле под некаков притисок) за кој најголем притисок врз советот на безбедност во ООН вршела Р.Грција, со нивната национал-шовинистичка политика.

Р.Македонија, како држава-наследник на СФР Југославија, во согласност со меѓународно-правните правила за сукцесија на државите, може да се смета за оснивач на ООН. Тотално непознавање на меѓународното право и повелбата на ОН од 1945 година,со непоставување барање (од тогашните носители на власт) на нашето право за продолжување со членството и признавање на правото на основач на ООН, на што Р. Македонија имаше потполно право. Општо правило за сукцесија кај новите независни држави во Виенската Конвенција е јасно,  „новата држава може да стане договорна странка во меѓународен договор или да го одржи неговото важење само по своја волја, изразено во форма на писмена нотификација до другите странки на договорот“, но зошто нашиот преседател во тоа време Киро Глигоров претендирал и сакал да влеземе во ООН, со нов договор како ПЈРМ кои ни го наметнале Советот за безбедност под голем притисок на  Грција и со потпишувањето на сите тие резолуции,  кој не се во согласност со меѓународното право но и со Повелбата на ОН, да бидеме членка во ООН. Всушност, се чини дека спорот околу името не е помеѓу Македонија и Грција, но во индиректна форма помеѓу Македонија и Обединетите Нации.

За жал, и денес многу наши интелектуалци не знам од кои причини не советуваат да не се браниме, да се откажеме од нашето историско минато и да гледаме во нашата иднината, но за жал не е така доколку се откажеме од нашето минато, со тоа ќе ја немаме и нашата иднина,  доколку го имаме минатото, ќе ја имаме и нашата иднина а иднината што ни се нуди од нашите интелектуалци, е грчкиот ѕид поставен пред нас.

На 8 април 1993 година Република Македонија беше примена  во Организацијата на Обединетите Нации како сто осумдесет и прва членка на светската организација. Приодот кој Советот за безбедност го намета во своите резолуции 817 (1993) и 845 (1993) за решавање на прашањето на привременото име („реферирање“) на Македонија во ООН се преговори меѓу Македонија и Грција за нивната „разлика“ за името.

Ваков приод за Р.Македонија е несоодветен, бидејќи навлегува во областа на нејзините неотуѓиви права. Проблемот на користење привремено име („реферирање“) за Македонија во системот на ООН настанува со донесувањето на резолуцијата 817  (1993) на Советот за безбедност, дали Советот за безбедност, при својата проценка за исполнетоста на условите за прием во членство во ООН од страна на државата - апликант, е правно овластен да вклучува услови за прием надвор од оние пропишани во членот 4, став 1 од Повелбата на ООН (дали советот за безбедност не ја прекршува Повелбата составувајќи ги членовите на оваа резолуција и ги прекршува правилата на меѓународното право, на нормите “jus kogens” и слободното изразување или самоопределување на државата во рамките на ОН). Со прифаќањето на самата резолуција 817 (1993) и 47/229 (1993)од страна на Р.Македонија имплицира на тоа дека таа го прифаќа реферирањето  ПЈРМ во системот на ОН (но само во ОН и не е обврзувачка за било кои други организации), и обврска да преговара за своето име.

Резолуцијата е внимателно напишана и во нејзе се вели дека:

  • Референцата "the former Yugoslav Republic of Macedonia" е привремена референца и се користи сè додека спорот не се реши;
  • Терминот е референца а не име, како неутрална гледна точка во спорот. Обединетите нации немаат мандат да го утврдат името на земјата;
  • Терминот е за користење само во Oбединетите Нации и не е обврзувачка за било кои други организации;
  • Терминот не имплицира дека Република Македонија има било какви врски со Поранешна Југославија.

Од самиот почеток, Грција жестоко инсистира во името на РМ да го нема зборот Македонија исто така дека РМ имала територијални претензии кон Р.Грција бидејќи, Р.Грција се потпираше на Лисабонска декларација од 1992,  а со тоа укажува дека Р.Македонија би имала територијални претензии спрема Р.Грција а тоа е смешно и невозможно.

За територијални претензии кон држава станува збор единствено, доколку има употреба на оружје-оружена сила или агресија од страна на друга држава, во нашиот случај тоа реално е невозможно ниту некогаш било опција од страна на македонската држава, Р.Македонија нема ниту какви било воени капацитети со кои би можела да ја доведе во опасност грчката безбедност, да не зборуваме за нејзиниот територијален интегритет и затоа мислам дека македонската страна треба да ги систематизира своите аргументи кои што се доста јаки, доста објективни и да преземе храбри чекори во натамошните преговори, но воедно да ја испита и целоисходноста од овие преговори, исто така треба да преземе и поголеми чекори во меѓународната дипломатија и поголемо лобирање кај земјите членки во ЕУ да извршат притисок над Р.Грција, која ги прекршува сите меѓународни правила, дали билатералниот проблем со името меѓу Македонија и Грција е во согласност со повелбата на ОН во чл.4 ст.1 и чл 2 ст.1, 4, 7  сега е вистинско време, Македонските политички фактори да изградат конечен став дека двојната формула уставното име за меѓународна употреба, и друго име кое Грција може да го користи за обраќање кон нашата држава е конечната отстапка и последен компромис што Република Македонија го прави.

Самата Повелба на Обединетите нации предвидува дека таа може да биде, од една страна, предмет на конкретни измени и дополнувања во нејзината еволуција и развој, од друга страна пак ревидирана во целина, ако за тоа се созреани околностите во развојот на меѓународните односи, односно потребите на државите-членки во правец на целосна трансформација на Организацијата.

Конкретната иницијатива за измени или дополнување на Повелбата може да биде дадена од држава-членка, во тој случај предлогот има форма на амандман. Тој треба благовремено да му биде доставен на Генералниот секретар за да биде инкорпориран во дневниот ред на соодветното годишно заседание на Генералното собрание. За прифаќање на предложената измена или дополнување на Повелбата, потребни се двотретинско мнозинство во Генералното собрание и ратификација од страна на две третини од државите-членки, вклучувајќи ги и петте постојани членки на Советот за безбедност.

До јануари 2011, 131 земја во светот ја признаа Македонија како Република Македонија што претставува над 66% од вкупниот број на земји членки на ООН, со што сега Република Македонија има двотретинско мнозинство во Обединети Нации, па би можеле да побараме измени во Повелбата и прифаќање на нашето уставно име со двотретинско мнозинство.

Се надеваме дека овој процес нема да престане овде, туку ќе продолжи опфаќајќи ги сите Балканскте држави, заедно со нив и Македонија откако ќе ги исполни предвидените политички услови, доколку ги почитуваат правата на граѓаните, ќе ги очекуваат преговорите за членство. Според член 49 од Договорот за ЕУ, секоја Европска држава која што ги почитува слободата, демократијата, правата на граѓаните и основните слободи, основните законски начела ќе може да конкурира за членство во ЕУ.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.