|
|
Народот нека пресуди |
Отворањето на аферата „Надеж“ ја откри сета беда на нашите т.н. серизни политичари, кои сакаат да дојдат по секоја цена на власт. Тие отворено им се закануваат на личности, на народот, заговарајќи крвопролевање, а притоа никому од нив како да не му е гајле за последиците. Како никому око да не му трепнува додека ги упатуваат заканите кон судството, антикорупционерите и конечно кон самата држава. Како никому од нив да не му е гајле за младите човечки животи, кога ги потикнуваат на протести. А потписот на Б.Ц е насекаде, како штпо беше јасен и на аферата „Надеж“. Денес гласноговорниците преку одбраните медиуми го спроведуваат во дело тоа што беше зацртано во програмата, а целта е јасна. По секоја цена да урне легално избраната власт, без притоа да се почитуваат Уставните и законските норми. Отука се и „пријателските“ пораки до сите оние кои треба да ги спроведуваат, да ги читаат законите, но се разбира така како што тие сакаат да им се толкува. Тоа што важи за еден обичен криминалец не смее да важи за нив. Само како за пример да посочи на две изјави на гласноговорниците на опозицијата во која се повикува на крвопролевање, а чудно е тоа како надлежните институции молчат на овие закани. Во првиот случај, пред извесно време поранешен министер и премиер В.Б. во интервју за домашен неделен магазин ќе изјави: „...Македонија е пред сериозен граѓански судир. Не би го користел терминот крвопролевање но имајќи го во предвид што се случуваше последната година на протестите и контрапротестите, мислам дека премиерот игра опасна игра... Ако протестите на 5-ти декември беше рано предупредување ова е последниот апел на опозицијата премиерот да понуди она што во моментот е решение за кризата, парламентарни избори, каде што овој гнев би се артикулирал во еден правец, кој би бил во рамките на системот...“ Во овој случај имаме класична закана во која се бара или избори или опозицијата ќе предводи немири кои ќе резултираат со крвопролевање, со насилно уривање на власта одмазда за сите противници и острел на судии. Всушност тука постои закана дека на „Македонија не и бега рушење на власта според моделот на рушење на Милошевиќ, доколку премиерот не ја прифати понудената ракавица на опозицијата за предвремени избори.“ Откако власта ја прифати фрлената ракавица и прифати предвремени избори, само да се смират тензиите, повторно уцени и повторно закани за крвопролевање. Во вториот случај гласноговорникот на опозицијата, овојпат кандидатот за претседател на опозицијата на последните избори Љ.Ф., во нивно име ќе изјави: „Предвремените избори се иницијатива на СДСМ и партијата нема да ги бојкотира на начин што ќе седи дома во папучи и ќе гледа како власта си гласа без нив. Ако власта форсира да оди на избори без СДСМ, ...нема да може да изведе такви избори зашто ќе и се случат немири на денот на изборите.. Таквата акција ќе биде спонтана зашто... тие поддржувачи очекуваат промена на власта.“ Од самата изјава се гледа дека опозицијата го заплашува народот најавувајќи немири на денот на изборите, доколку власта ги организира без нивна согласност. Односно овде имаме класична уцена каде главно барање до Владата е да ја одблокира на сметката на А1 телевизија, одлука што е во надлежност на Судот, а не на извршната или законодавната власт. Односно СДСМ би се согласила на предвремени избори само под услови кои би гарантирале сигурна нивна победа. Повеќе од очигледно од двата примера дека заплашувањето на народот со крвопролевање, посебно на денот на изборите само го потврдуваат тоа дека тие не сакаат воопто избори и дека не сакаат промената на власта да се изведе низ институциите на системот преку демократска процедура. Ваквиот план на опозицијата, која го бојкотира Парламентот, а бега од избори, ќе и наштети на државата во нејзините напори за евроатланските интеграции. Не случајно владеачката партија опоменува дека: „Доколку нема избори во најскоро време, Македонија ќе ја изгуби препораката за датум за почеток на преговори со Европската унија на крајот на годинава. Препораката се најавува дека постои можност да биде изгубена како поради бојкотот на Парламентот, така и поради можниот бојкот на СДСМ на изборите“. Каде се корените на ваквиот однос на најголемата опозициона партија и кој ќе има најголема корист од сето ова. По се изгледа дека најголема ќар од ова само може да извлече нашиот јужен сосед во спорот со името, посебно сега пред разврската во арбитражниот суд во Хаг. Само да се потсетиме на пишувањата на македонските медиумите за активностите на гласноговорникот на СДСМ кои се одвивале во 93-та и 94-та. „Во четири наврати, Љ.Ф. нудел милион евра на претседателот на Македонија за да се откаже од уставното име на државата... Се започнало со екс шефот на грчките известителни служби Николас Грилакис, кој во тој период побегнал од Грција со оправдување дека кривично ќе го гонат во неговата држава, иако претседателот не се согласил, Љ.Ф. го криел во стан на МВР во Скопје. Љ.Ф. според објавената пријава, се обидел и да го поткупи претседателот, за да го дозволи престојот на Грилакис во Скопје, му нудел скапоцена амфора од потонат брод, златен часовник, а во куферче и сто илјади долари, кои наводно биле пратени како поздрав од екс шефот на грчката известителна служба. Претседателот, не се согласил и понудата ја вратил. Четвртиот обид, бил направен преку двајца полицајци, луѓе на Љ/.Ф.. Тогашниот министер го замолил претстедателот да ги прими во неговиот кабинет. Полицајците како што е наведено во пријавата, засрамени со поглед во подот, како понуда од неидентификувани Грци му понудиле на претседателот еден милион амарикански долари, да ги остават каде ќе посака или да ги уплатат во која било банка во светот, ако претседателот се согласи во отпочнатите преговори да се откаже од уставното име. Според пишувањата претседателот прашал, дали навистина сметаат дека за милион евра нивниот претседател ќе се откаже од земјата и повторно ја одбил понудата.“ Како што вели премиерот, „денес Б:Ц ја доведе земјата во ситуација да се забрза политичката пресметка со него, затоа што прави штета на државата, во време кога таа се бори за влез во НАТО и ЕУ“. Тој уште еднаш од Битола го повика претседателот на СДСМ да прифати избори за граѓаните да одлучат на кого да му ја доверат власта. Б:Ц неговата партија и неговите сателити уште еднаш добија можност да ги поправат своите грешки, иако е крајно време за конечна пресметка со политичарите кои и нанеле огромна штета на земјата. Ако може да одговараат пред европските судови врвни нивни политичари, поранешни претседатели, премиери, министри, редно е за повиците за насилно уривање и крвопролевање да одговараат и нашите несовесни корумпирани политичари. Меѓутоа, нека ова биде последниот обид за политичка разрешница. Сега на народот му се дава шанса на предвремените парламентарни избори да пресуди. Во нивни раце ќе биде сета власта и моќ, само Б:Ц и неговата партија потребно е да се појават на изборите. Нека народот пресуди, Нека тој им пресуди на оние кои наместо „Надеж“ на Македонија сакаат да им го избришат името, идентитетот и да им понудат „Апокалипса“. А народот е тој кој секогаш знае правилно да пресуди, да казни или награди. |