|
|
Израел и Македонија - невозможни споредби |
Дали е божја болја двата најстари народи на светот последни да формираат свои држави – не е познато, но секој знае дека првиот, избраниот еврејски народ на својата терторија успешно се развива и егзистира, додека македонскиот во тоа не успева!
Во спомен на 7.144 згаснати еврејски животи за време на бугарската окупација на Македонија во Втората Светска војна, во Скопје се одржа досега невидена комеморативна манифестација. Во три урни беше донесена пепелта од македонските Евреи од Штип, Битола и Скопје, кои беа егзекутирани во националистичкиот логор Треблинка во 1943 година. На 9 март урните со пепелта од битолските и штипските Евреи беа поставени во Музејот на Скопје до онаа на скопските егзекутирани еврејски сограѓани, а наредното утро, со највисоки државни почести, урните беа поставени на местото на нивното вечно почивалиште во Меморијалниот центар на Холокаустот на македонските Евреи,што е изграден на местото каде негогаш беше бујното и живо еврејско маало. Ова е повод да се потсетиме на некои споредби кои овозможуваат да се видиме во сопственото огледало. Израелскиот и македонскиот народ имаат многу заедничко, и двата се библиски народи, и двата имале свои успешни царства што пропаднале, биле уништени од туѓите посилни освојувачи, но има уште повеќе и поголеми разлики. Израел, чии корени се стари близу 6000 години, своја држава конституира дури во 1948 година, кога на неговата сегашна територија имало само 10.000 Евреи – староседелци. Денеска Израел брои близу 7 милиони жители, со тенденција на постојано зголемување. Во моментот на прогласувањето на израелската државност, односот Евреи – Арапи бил 20 спрема 80 отсто. Во 1945 година, кога била конституирана македонската држава во рамките на тогашната ФНРЈ, односот Македонци, и други, спрема Албанци бил 90 спрема 10 отсто. Денеска сликата сликата е значително изменета: во Израел односот Евреи – Арапи е 75 спрема 25 отсто, а во Македонија односот Македонци и други е 70 спрема 30 отсто. Што ќе биде за 10, 20 или 30 години?... има ли некој храброст да прогнозира?! Во овој факт лежи првата разлика помеѓу првиот и вториот библиски народ. Втората разлика е во чувството за припадност кон сопствената нација, постои чувство за одговорност кон опстојот на сопствената нација и сознание дека таа ќе ти притекне во помош и заштита кога ќе биде потребно. Ова особено се истакнува кога се работи за националните приоритети. Кај Евреите тоа чувство е постојана, прва одлика на нивниот идентитет. Кај Македонците тоа е констатен дефицит. Затоа, опкружен со смртни непријатели од сите страни, Израел успешно функционира, а Македонија, опколена од четирите соседи, постојано се повлекува во самата себе, континуирано смалувајќи се и просторно и демографски. Наредната разлика е фрапантна: Израел егзистира и се развива на територија од 20.000 квадратни километри, од што половина е гола пустина, заедно со она што треба да им го отстапи на Палестинците. Територијата на денешна Македонија има 26.000 квадратни километри, со три пати помалку жители, со многу подобра клима, обработлива земја, извори на квалитетна вода... Каде сме ние, секому е јасно, а каде е Израел... На светската ранг-листа на земји според квалитетот на живот, Израел е меѓу првите десет дестинации. Според млечноста на кравите соодносот е 11.000 спрема 3.000 литри, во корист на тие што пасат на песок (!), ако е тоа, воопшто, можно. Натаму, Израел на годишно ниво остварува од извоз на храна неколку милијарди долари, во нето износ. Македонија троши девизи за увоз на храна! Евреите од своите редови имаат едно чудо нобеловци, поточно третина од сите доегашни добитници на највисоката светска награда се Евреи. Не заборавајте – и основопложникот на тоа врвно признание, Алфред Нобел, бил Евреин. Македонците немаат ниту еден. Евреите имаат Светски Еврејски Конгрес, чиј претседател Роналд Лаудер влегува во Белата Куќа во Вашингтон секогаш кога ќе побара. Македонија има свој Македонски Светски Конгрес, чиј претседател е вработен во општина Гази Баба како службеник. Евреите имаа свој Европски Еврејски Конгрес, чиј прв човек Моше Кантор влегува во канцеларијата на Мануел Баросо без најава. Македонија нема свој Европски Македонски Конгрес, затоа што близу половина милион македонски економски емигранти во Западна Европа се раскарани меѓу себе и нема кој да ги обедини. Дали треба уште споредби за да сватиме дека како Македонци сме библиски народ само на убавата библиска хартија, и ништо повеќе... За да бидеме нешто повеќе, не е предоцна. |