|
|
Угнетување на Македонците од Воден, Ριζοσπάστης, 6.VI.1943 |
Комунистичката партија на Грција (КПГ) е всушност најстарата и најактивната партија на Грција до денешен ден. Основана на 4 ноември 1918 година од страна на солунскиот Евреин Аврам Бенароја, под името Социјалистичка работничка партија на Грција. Во 1920 година оваа партија се преименува во Социјалистичка работничка партија на Грција – комунисти, а во 1924 година го добива денешното име Комунистичка партија на Грција. Уште од своето формирање партијата се бори за правата на работните маси, и е единствена партија во Грција која застанува во одбрана на правата на етничките малцинства. КПГ тесно соработува со илегалната национално револуционерната организација ВМРО (Обединета) на Димитар Влахов. Весникот „Рисоспастис“ кој е официјален печатен орган на КПГ, целосно ќе се стави на страната на македонскиот народ во Егејска Македонија. За грчките комунисти нема никакви дилеми околу македонскиот национален идентитет и за нив Македонците не се ниту Грци, ниту Бугари, ниту Срби. Исто така за нив сите оние кои тврдат дека во Егејска Македонија живее бугарско или, пак, во Пиринска Македонија грчко малцинство се во заблуда. Според пишувањата на новинарите на „Рисоспастис“, во Македонија под Бугарија, Грција и Србија, не постојат ниту Грци, ниту Бугари ниту Срби. Постојат само Македонци. Доволна е само да се посетат местата и планините на Егејска Македонија за да се сфати тоа. Тој одговор го добиваат од обичаите и природата, кои воопшто не се грчки, ниту бугарски, ниту српски. Македонскиот народ и покрај сите удари, и покрај сето угнетување, си ја сочувал својата посебна култура. За КПГ и нејзиниот печатен орган „Рисоспастис“, правото на Македонците од Егејска Македонија на самоопределување, на користење на мајчин јазик и други културни права е неприкосновено. Тргнувајќи од тоа дека секој народ има право на самопределување КПГ потпишува Декларација со која се подржува идејата за создавање на независна Република Македонија, обединета во нејзините етнички и географски граници. Сепак во 1935 година ја истакнува потребата од заменување на паролата за обединета и независна Македонија со паролата за „полна равноправност на малцинствата“ објаснувајќи дека се променети условите во Северна Грција каде Македонците веќе не биле доминантно население. Весникот „Рисоспастис“ од овој период е полн со писма од македонското население кои се жалат на неправдата кои им ја нанесуваат грчките власти, како и написи во кои грчките новинари застануваат во одбрана на македонскиот народ од Егејска Македонија. Дописникот од Воден, потпишан како Македонец, во текстот објавен под наслов „Угнетување на Македонците од Воден“, од 6 јуни 1943 година („Ριζοσπάστης“, ар. 89(7026), 10. VI1934, ст. 3.) ќе напише: „Воден. - Овде во Воден и во нашата околија, во срцето на Македонија, овде каде што ние Македонците не знаеме друг јазик освен нашиот македонски, разните органи на грчкиот капитализам не принудуваат да зборуваме на грчки јазик, а да не го зборуваме нашиот јазик. Следствено, ни се закануваат секојдневно дека ќе не пратат во Бугарија, не нарекуваат комитаџии, на многумина им ги одземаат нивјето што од многу години ги натопуваме со наша пот за суво парче леб. Освен тоа, не лишуваат од слободата што ја добиле нашите татковци по долгогодишна борба, гинејќи за ослободувањето на Македонија. Живееме под јаремот на грчкиот капитализам буквално како робје. Во основните училишта секојдневно се тепаат малите деца кои го зборуваат својот јазик. А посебно овде, во Воден, крвникот и фашист Георгијадис ги претепува децата ако тие прозборат македонски, или ако ги обложат своите тетратки со црвена хартија или ако употребат црвено мастило или боја. Друго пак „јуначиште", антикомунист и прогонувач на Македонците е потпоручникот Тагарис, кој веќе не знае како да го клевети комунизмот во нашата околија, та зборува разни глупости, дека не сме комунисти туку Бугари, комитаџии итн... Пред малку време беа затворени неколку другари Македонци, тој им се закануваше дека нема да поминат добро ако не престанат да ја будат младината. Заедно со нив беа затворени и други другари просфиги90 на кои им велат дека месните луѓе91 се Бугари и комитаџии. На тие органи на капитализмот Македонците им изјавуваат дека ништо не може да ги уплаши и дека ќе ја продолжат својата борба се додека не остварат полно свое ослободување.“ Ова е само еден напис од многуте во весникот „Рисоспастис“, за грчката геноцидна политика врз македонскиот народ. Денес кога Грците се обидуваат да негираат македонскиот народ и јазик, доволно е само да ги прелистаат стариот броеви на грчки „комуњарски“ (социјалистички) весник „Рисоспастис“, и можеби ќе им биде појасно, ако веќе заборавиле кои се вистинските Македонци. Можеби денес како демократи како што тврдат дека се, дека се колевка на демократијата, ќе бидат доблесни и ќе изнајдат сили да им се извинат на нивните сограѓани и нивните северни комшии за сите злосторства што им ги нанеле. Можеби тогаш нема да размислуваат на вета. Доколку несакаат тоа да го направат и продолжат со уцените и негирањето, казната сама доаѓа. Како што вели нашиот народ: „Кога, тоагаш, казната ќе те стигне. Нема бегање!!?“ |