Среда, 16 Март 2011   
Меѓународната (не)правда најмногу тежи врз македонските плеќи

misko-taleski
Мишко Талески

Колку и да се борат земјите од т.н. Западен Балкан, што поскоро да пристапат во полноправно членство на ЕУ, сепак брзите, нелогични и противречни одговори кои стигнуваат од бриселските кулоари, во голем дел придонесуваат земјите од Југоисточна Европа да го губат ентузијазмот за постигнувањето на таа цел. Фамозните стандарди, олицетворени преку реформите кои треба да се спроведат во балканските општествени системи, одамна не се мерилото дали една земја ќе биде член на организацијата или не.

Доколку тие строго се почитуваа и важеа за сите, Бугарија и Романија уште најмалку десет години ќе беа само кандидати за членство. Европската политика кон процесот за проширување во последните пет години е видоизменета. Се покажува се поголема одбивност и дрскост кон земјите апликанти, а во истовреме лажно се поттикнуваат малите држави од овие простори да продолжат со исполнувањето на поставените услови, затоа што само така тие ќе можат да станат составен дел на заедницата.

Одамна знаеме дека се е политика, интереси... Се е лакрдија.

Еднонасочните струења на мислите и изјавите, без право на коментар од страна на оние кои се борат да ги достигнат најмоќните, ја расипува и онака извалканата европска слика. Македонија ги исполни сите стандарди што во една нормална и рамноправна процедура им се поставуваат на земјите кандидати за членство во НАТО. Арно ама, на Македонија и наметнаа уште еден обврзувачки критериум кој мора да го исполни, доколку таа сака да стане членка на алијансата. А, тој критериум никогаш не може да биде остварлив, се додека целата континентална заедница и некои нејзини разгалени членки не се отрезнат од мамурлакот, предизвикан од национализмот и шовинизмот кој ги затру нивните клетки.

Фашистичкиот ген кој соседните земји го пренесуваат од генерација на генерација веќе седумдесет години, епидемично ги зафати и оние умерени слоеви во нивните општества, па термините Македонија, Македонец и македонизам се најодвратните кои ги слушнале досега и кон кои покажуваат аверзија.

И покрај многуте одлуки на европските судови, со кои истите беа казнети за непочитување на најосновните човекови права и слободи во контекст на македонското малцинство, нивните режими продолжуваат со одамна изградената стратегија за ширење антимакедонизам. На најгруб можен начин узурпираат, асимилираат, дискриминираат, понижуваат...

Македонија и Македонецот повеќе не можат и не смеат да молчат. Дефанзивата треба да се замени со офанзива, која ќе и покаже на Европа дека нејзините “миленичиња” од европскиот југ, немаат ништо заедничко со современата цивилизација и дека тие се само обични наследници на национал-социјалистичката идеологија која ја ширеше фирерот.

Тешко дека некој ќе може да направи кампања меѓу македонскиот електорат, која ќе треба да го натера населението да го прифати новото име. А, што за возврат ? НАТО или ЕУ ? Па, тоа не е критериум за членство. Стотина пати досега му порачавме на светот дека алијансата и унијата не се поважни од националниот интерес, преку кој настојуваме да го задржиме и да го зачуваме македонскиот мелениумски дух и ген.

Ќе го признае ли Грција македонското етничко малцинство во Егејска Македонија, ќе го признае ли постоењето на македонскиот народ и јазик ? Отворено кажува дека тоа нема да го стори. Која сила тогаш може да го натера Македонецот да прифати промена на уставното име ?

Грција не прави никаква отстапка. Таа и натаму игра на македонски терен, на македонската половина. Не е отстапка изговорот дека се согласила во нашето ново име да стои и терминот Македонија. Тоа е голем политички блеф.

Премиерот Груевски одлично почна да игра на грчкиот терен. Само на таков начин може да се натера Грција на отстапка. Доколку не се решат во пакет сите спорни проблеми во македонско-грчките односи, да се признае македонското малцинство во Грција и да се унапредат неговите човекови права, тогаш преговорите само за името стануваат беспредметни. Ако Грција продолжи и понатаму да ги избегнува децениските отворени прашања, кои претставуваат солена рана за македонскиот етнос, тогаш таа нема право да очекува промена на името на македонската држава.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.