|
|
Иредентистите обвинуваат за иредентизам |
Грците наметнаа став дека од името на Македонија произлегуваат територијални претензии. И се уште живеат и водат надворешна политика со таа стратегија. Обвинувањата за македонски иредентизам во однос на грчките интереси не само што се смешни, туку и обид за префрлување на топката како во тенисот. Ако се зборува за вистински иредентизам, тогаш грчката политика може да го носи приматот доктор. Не знаејќи кој чекор да го преземат грчките политички кругови редовно ја обвинуваа Македонија и македонскиот народ за иредентизам, за територијални претензии на нејзината територија, за присвојување и крадење на нивната историја, традиција, култура… Им пречеа мапите на етничка Македонија кои стоеја како историски доказ во македонските институции на системот, не обвинуваа за водење агресивна политика која имала за цел да го собори нивното видување за античката историја, за припадноста на Александар Македонски и ред други небулози. Најмалку Македонија и македонскиот народ можат да се етикетираат и обвинат за склоност кон други територии, за непочитување на малцински права и сл. Во современата историја Македонија покажа и докажа колку може да ги исполни европските стандарди во поглед на човековите права. Грција како членка на НАТО и ЕУ не покажа со ништо дека се однесува проевропски. Присвојувањето на туѓи територии, желбата да држи монопол над името Македонија кое правно и историски никогаш не и припаѓало, насилните менувања на македонските топоними со еленистички, се само дел од потезите кои ја докажуваат национал-социјалистичката и хегемонистичка политика на една земја - членка на ЕУ и на НАТО, земја која се декларира како една од зачетниците на светската цивилизација и култура. Грчкиот национализам веќе со години ја користи и Грчката православна црква како додатен адут за јакнење на нивниот идентитет. Тоа континуирано се манифестира со обелоденувањето на информации дека “скромни” пари се префрлуваат на сметката на самонаречената црква на Јован Вранишковски. На многу странски експерти се уште им е нејасно зошто грчката црква го става носот во државните работи, но очиггледно е дека таму работите се испреплетени. Многу интересен е пристапот на решавањето и на албанското прашање во Грција, кое на моменти предизвикува згрозување од начинот на размислувањето како треба да се реши тој проблем. Имено, двајца пратеници на опозиционата Нова демократија во јавноста своевремено изнесоа, според нив, “иноваторски” решенија, односно сугестии како грчката држава треба да им пристапи на Албанците дојденци. Еден од нив, пратеникот Андреоулакос на заседанието на парламентот побара властите посериозно да се позанимаваат со нелегалното населување на жителите од Албанија и дека едно од решенијата би било депортација на како што рекол “изродите”. Во случај да се осудат да се вратат повторно во Грција, истите би требало да бидат затворени во концентрациони логори на некој изолиран грчки остров, како по примерот на оние што Атина ги користеше во текот на студената војна. Станува збор за крајно расистички став, но речиси никој од присутните грчки пратеници тогаш не реагирал на ваквите предлози на пратеникот од Нова демократија. Како што подоцна во една прилика изјави познатиот грчки композитор Микис Теодоракис, “сите пратеници сносат вина за таа изјава на Андреоулакос, затоа што никому не му било непријатно да ги слуша нацистичките ставови на пратеникот”. Неколку весници само се обидоа да ја ублажат катастрофалната позиција на грчките политички кругови со пишувањата во стилот – расистички делириум. Но, ниту тоа не помогна. Слични реторики подоцна во истото здание се појавија и за турското малцинство во Грција. |