Среда, 10 Јули 2024   
Каков јазик тие зборуваат

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy Тихомир Каранфилов

Ален Апвард: Јас го прашав него каков јазик тие зборуваат и мојот грчки преведувач невнимателно одговори: Бугарски. А човекот самиот рече: Македонски.

Јас обрнав внимание на овој збор и очевидецот објасни дека тој не го смета селскиот дијалект што се употребува во Македонија за истоветен со бугарскиот, и одби да го нарече со тоа име. Тоа беше македонски, словенска форма за македонскиот јазик, којшто јас го чув посеверно во грчката форма: Македонике.  И „бугарофонските" жители не сакаат повеќе да зборуваат бугарски. Тие доброволно исковаа нов израз и отсега нивниот дијалект, додека не се ослободат од него, ќе се вика „македонски". Моите атински пријатели беа восхитени кога им го раскажав ова по моето враќање. Тоа би им дало дури големо задоволство на оние бугарски претставници кои се загрижени кога ќе видат дека Македонците мислат оти се Македонци.“

За посебноста на македонскиот јазик постојат и други сведоштва. Македонија кон крајот на XIX и XX век ќе посетат и голем број балкански и европски научници кои ќе се обидат да го негираат постоењето на македонскиот народ.. Меѓу нив е и Јован Цвииќ (1865-1927), познат српски научник, кој во својата студија „Проматрање о етнографији Македонских Словена" (Београд, 1906 стр. 7 - 8). Меѓутоа и покрај своите контроверзни ставови, тој ќе ја истакне и посебноста за развитокот на Македонците. Во својата студија тој ќе забележи: „ ..Нема, значи, сигурни етнографски знаци, врз основа на кои народните словенски маси би се означиле како српски или бугарски.... Постојат национални и религиозно-национални пропаганди, и некои од нив со децении им ја наметнуваат на Македонците, особено на Македонските Словени, својата национална свест, потоа во таа смисла им го обработуваат јазикот и им ги менуваат обичаите. Во балканските држави, кои полагаат право на Македонија, со децении преку училиштата се формира интелигенција со неточни претстави за напредноста на Македонците. Секоја од балканските држави ги прибројува сите македонски Словени кон својата народност, и тоа стана чувство на големиот дел од интелигенцијата. Поради тоа постои јавно мислење, кое во тоа за миг искрено верува. Странските автори македонското етнографско прашање го расправаа врз основа на двојствени информации..“

Иако до Европа допира вистината, таа ќе и дозволи на соседите да продолжат да го разградуваат македонското ткиво. Грција ќе организира андартски оружени акции против Македонците уште во 1904–1906 г. со помош на платеници од Крит и од други места. Антимакедонската борба за територии се изведувала под изговор дека треба да се казнат Македонците затоа што станале неверници, ја напуштиле грчката црква и се приклучиле кон Бугарската егзархија во 1870 година. По воените ужаси во 1912/13 и Бујурешкиот договор, Грција со европска поддршка успеала да добие околу 51% од територијата на етничка Македонија. За да ја осигура новата територија, таа во 1923 година започнала со етничко чистење на мнозинското македонско население.

Букурешкиот договор, кој ја раздели Македонија без некоја почит кон правдата, беше причина македонскиот народ да биде распрснат на сите страни. Македонскиот народ никогаш не се помирил со тоа. Но како што вели милосрдната католичка сестра Августина Бевике од болницата „Св Павле“ во своето писмо од 1919 година испратено до британскиот дипломат сер Јан Малком: „ Неговата единствена надеж, колку што јас можам да видам, е колку е можно поскоро да биде во една силна автономија која ни Грците, ни Бугарите, ни Србите не ќе смеат да ја нападнат... тие самите сега се викаат Македонци и имаат желба... за една автономија под европска контрола... Сигурно Европа нема да ја остави Македонија под народ што Македонците го мразат и против кој тие ќе продолжат да се борат.“

Но Европа ја заборави Македонија. Како резултат на војните 1912/13, поголемиот дел од македонското население што до Букурешкиот мир 1913 година било мнозинско на етничката територија на Македонија сега е малцинство во Егејска и Пиринска Македонија. Но и покрај сите премрежија кој ги помина македонскиот народ, тој опстојува и во Егејска и во Принска Македонија. Сеуште го зборува својот јазик кој го именува за македонски и себеси се нарекува дека се Македонци. Со никаков декрет тоа не може да го избрише ниту Европа, ниту Грција ниту Бугарија. Никој нив не може да ги натера да бидат Грци или Бугари. За Македонците од територијата на етничка Македонија, нивниот јазик е македонски јазик и тие потекнуваат од древните Македонци. Тоа се корени кои се провлекуваат низ македонската пишана или непишана историја, која од колено на колено се пренесувала и никаков историски фалсификат неможе да го промени нивното мнение.. Нема македонска влада, призната или непризната, немало востание во кое раководството не се повикувало на Александар, Филип и на древните Македонци.

Денес Грците инсистираат дека не постои македонски јазик и дека Македонците се Грци кои зборуваат словенски јаик. Точно е тоа дека македонскиот јазик е славјански, но Македонците не се Грци, ниту некогаш биле. Денес корените на македонскиот славјански јазик допираат до нивните претци, не само од времето на Кирил и Методиј, туку и на древните Македонци, за што се појавуваат се повеќе докази. За разлика од Грците кои зборуваат наметнат вештачки „експеранто“ јазик, единствен во Европа и на Медитеранот, македонскиот јазик е природен и дел од словенската група јазици која е широко распространета во Европа.  И наместо македонскиот јазик да биде сочуван, тие се обидуваат да ја спречат неговата ушпотреба. Но тоа ниту некогаш не им успеало ниту ќе им успее и покрај сите забрани, фалсификати и бришење на сите траги. Ако некогаш Европа го созволуваше тоа, денес тоа не поминува.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.