|
|
Македонскиот јазик е огледало на македонската душа |
Македонскиот јазик е огледало на македонската душа. Сржта на Македонскиот народ, негов идентитет и знаме на распознавање. Македонскиот јазик е цврста архитектура во чии темели е вградена колективната меморија и никој нема право да ја чепне кулата која опстојува со векови. Како велат спознај го минатото, за да ја сватиш сегашноста. Само еден поглед кон македонските пејсажи ќе ја открие суштината на реченицата. Се воодушевуваме на новите билки, растенија, и цутови, заборавајќи дека нивниот животен сок го пушта коренот од земјата.Затоа дабот, чинарот со векови пркоси на времето. За да се насладуваме на цветовите од иднината, нашиот корен, нашиот животен сок мора да има длабоки корени. Чумути се гранки и цветови, ако коренот е плиток. Сите патеки кон иднината зачнуваат од еден, матичен запишан код, изворот на постоењето. Во античките извори има бројни примери, во кои лесно може да се согледа дека Македонците пишувале на посебен јазик, различен на древните Елини. Досегашните сознанија за класичната филологија упатуваат на констатација дека класичниот македонски јазик бил задржан на извесна дистанца од класичнохеленскиот јазик .Тој не бил целосно изолиран и секако бил преименуван во административната и дел од писмената практика што сведочат досегашните иденитификувани 100-тина глоси. Дека Македонскиот јазик се разликувал од Хеленскиот имаме повеќе докази и тука ќе го споменеме и судењето на Филота во 330-та година кога тој решил да зборува на хеленски,за да го разберат и оние што не се македонци. Атенај го споменува билингвизмот на жителите на Атина,од кои многумина зборувале макдеонски заради мешањето, од друга страна Куртиј Руф споменува дека македонците имале потреба од преведувачи за да го разберат хеленскиот јазик. Еден податок кај Тит Ливиј очигледно е превземан од делото на Тукидит. Имено Ливиј, пишува дека јазикот на Македонците бил доста сличен со јазикот на Ајтолците и на Акарнанците. Значи неразбирлив за Хелените. По трагите на писмото и јазикот на древните Македонци, тука ќе го споменеме каменот на Розета кои произлегоа и бурни реакции на негирања на класични филолози во однос на најновото негово дешифрирање на средниот текст од страна на македонските истражувачи Томе Бошковски и Аристотел Тентов, кои во т.н демотско писмо прават обид да ги индетификуваат класичномакедонскиот јазик и писмо. Нивните истражувања заслужуваат внимание поради фактот што понудија систем на расчитување на досега нерасчитеното т.н демотско писмо, што ја открива истата содржинска смисла како горното хиерогливско и долното класично елинско писмо. Но, впечатливо е што дел од расчитаната лексика е сличен на современите македонски зборови. Инаку, каменот на Розета познат текстуален артефакт од стариот Египет што бил пронајден во 1799 година од страна на еден војник од француската војска на Наполеон, а денеска се чува во Британскиот музеј во Лондон. На него е напишан свештенички декрет за величење на фараонот Птоломеј V Епифан Евхаристос, една година по неговото крунисување т.е на 27 март 196 г п.н.е. Станува збор за Птоломеј Лаг, прогонетиот македонски водач на Александар Велики, кој се повлекол во Египет и тамо ја основал македонската династија со престолнина во Александрија. Содржината на декретот е напишана во три посебни целини и три писма-хиероглифско, со т.н Демотско, и со античко грчко писмо. Сите писмени аргументи покажуваат на фактот дека Македонскиот јазик е посебен јазик. Оттука никој нема право да го менува, видоизменува, одзема и да го негира. Парадоксот на јужниот сосед ќе заврши како и сите останати историски парадокси, можеби кон овој траги-комичен пристап малку повеќе збунува и односот на опозициските и други структури кои упорно ветуваат дека знаат и умеат како да не внесат во Европа. И ние знаеме дека борбата за влез во ЕУ е борба за бришење на името и јазикот. Нека го изустат, нека се протркала низ грлото и конечно нека не информираат како е тоа можно? |