Среда, 30 Ноември 2011   
Љубчо Георгиевски нема морален кредибилитет да говори за основачите на ВМРО-ДПМНЕ

svekrva
Свекрва

Во последно време почесниот претседател на ВМРО НП, Љубчо Георгиевски, станува чест гостин во електронските и печатените медиуми и како дел од опозицијата излегува со ставови против својата матична партија.

Во својата колумна „И метресите се основачи на ВМРО ДПМНЕ!?“ објавена во дневниот весник „Фокус“ од 23 ноември 2011г., се прашува дали Транталовски, Д. Богдановски и М. Јаковлевски се имињата кои треба да ја обезвреднат неговата улога во формирањето на партијата!? Градејќи ја својата приказна во оваа колумна, тој со омаловажување на личности кои се дел од историјата на ВМРО ДПМНЕ, се обидува сите заслуги за формирањето на партијата да си ги препише на себе. Кои се мотивите за ваквото однесување најдобро може да се види од неговата кратка биографија.

Во неа останува забележано дека тој е  првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, од нејзиното основање во 1990 па се до мај 2003 година и дека бил Премиер на Република Македонија од 1998 до 2002 година. Но, по разминувањето со тогашниот и сеуште актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Георгиевски се повлекува од матичната партија и ја формира ВМРО-Народна партија, чиј е лидер во сенка. Во 2006 Георгиевски како „голем“ патриот зема бугарско државјанство, со што во земјата предизвикува бројни полемики околу вистинските мотиви за ваквиот чин. Казната за оваа постапка ќе го стигне на парламентарните избори во јуни 2011 г. кога како носител на гласачка листа на ВМРО-НП, доживува вистински дебакл.

Свесен дека со своите постапки се одалечил од македонскиот народ се обидува повторно да се врати на политичката сцена со поголемо присуство во медиумите и манипулирање на јавноста. Во неговите напори повторно да дојдe на власт, сметајќи се себеси за повикан месија кој треба да го спаси македонскиот народ, се доближува до Бранко Црвенковски и ги напаѓа темелите на својата матична партија која е на власт. Тој дури се осмелува да ги нападне мртвите легенди на поновата историја на ВМРО, ставајќи се сам на пиедесталот.

Во својата колумна зборувајќи за своите заслуги Љубчо Георгиевски ќе рече: „Вкупната презентирана програма на Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ во јуни 1990 година, со сите акценти: самостојна армија, самостојна дипломатија, македонска валута, македонска фудбалска репрезентација, ревизија на историјата беше лична и само моја...

Од тој момент го воскреснавме идеалот на ВМРО за самостојна и за независна Македонија! Борис Змејковски беше задолжен за организацијата, а јас за идеологијата и за политиката.“

Сепак, оставнината на Богдановски е огромна и полна со аргументи кои се спротивставуваат на небулозните тврдења на Георгиевски. Новинарите со право во тоа време, за идеолог на партијата го сметаат Драган Богдановски, а не Љубчо Георгиевски. Богдановски, како човек кој цели четири децении се занимавал со македонистичката дејност, не можел поинаку да ја  замисли  партијата ДПМНЕ при нејзиното основање во март 1990 г., освен како најнационална македонска партија. чија политика беше заснована врз националната самобитност на  македонскиот народ и врз илинденскиот идеал за слободна и обединета Македонија, Потоа на 17 јуни 1990 г, врз основа на политичката платформа на ДПМНЕ, во Републиката беше создадена партијата ВМРО ДПМНЕ, која, исто така, беше дефинирана како македонска национална партија,

Богдановски за својата дејност говори во писмото испратено на 11 декември 1991 година до редакцијата на „Нова Македонија“, во кое вели: „Заради мојата улога во основањето на ВМРО ДПМНЕ и во креирањето на нејзината идеологија бев наречен од македонските новинари татко и идеолог на оваа партија. Ако некоја партија треба да има татко, тогаш новинарите имале право кога таа чест ми ја доделиле мене. Што се однесува до името идеолог, тоа одговара на стварноста само кога се во прашање главните или основните елементи врз кои е изградена политиката на ВМРО – ДПМНЕ.

Во текот на своето постоење ВМРО - ДПМНЕ водеше и политика спротивна на мојата волја.“  За тоа ќе го обвини Љупчо Георгиевски, на кого му укажува на грешките и последиците од таквото дејствување..

Драган Богдановски како еден од основачите и идеолозите на најмоќната опозициона партија, на првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп 1991 г. беше избран за доживотен почесен претседател .ва партијата. Но, набргу потоа доаѓа до жолчни расправии меѓу Богдановски и Љубчо Георгиевски, по што Богдановски дефинитивно беше отстранет од партијата. Сето тоа ќе се одрази негативно на партијата.

Погрешната политика на Љубчо Георгиевски, водена од лични интереси, ќе ја острани најмоќната опозициона партија од власта се до 1998 година. Говорејќи за македонските политички.состојби („Дневник“ 21 март 1997 г.), Богдановски меѓу другото ќе се осврне и за односот на Љубчо Георгиевски во внатрешнопартиските случувања во овој период.

Според Богдановски: „Македонската нација и во политички поглед има висококвалификувана патриотска интелигенција, за која вратите на ВМРО - ДПМНЕ херметички се затворени.... Таа е раководена од ... еден квази интелектуалец, навистина со универзитетска диплома, но со неразвиен мозок, кој размислува како да живее во почетокот на деветнаесетгиот век...“ Отука многу чудно звучи кога Георгиевски ќе рече дека „ако некој го воскреснал делото на Драган Богдановски тоа бил тој“.

Во својата колумна Љубчо Георгиевски уште еднаш се обидува да ја изманипулира јавноста, кога вели дека Богдановски. „во 1991 г., пак, петнаесет дена порано замина во Америка, за да ми ја организира средбата со МПО, за подоцна да се огради, небаре не знаел!“ Така, во 1991 година прекина нивната комуникација.

Основната причина поради која Драган Богдановски се разидува со Љубчо Георгиевски е како што тогаш изјави идеологот Богдановски: „Љубчо Георгиевски не смееше да воспоставува контакт со една организација која постојано зборува и агитира дека македонската  нација не постои. Никој од ВМРО - ДПМНЕ нема право да се игра со достоинството на македонската нација, па ни самиот нејзин претседател.“

Објаснувајќи го овој настан подетално, Богдановски во писмото испратено до весникот „Нова Македонија“ од 11. XII 1991 г. Богдановски вели:  „Со прв изблик на бугарофилство во ВМРО – ДПМНЕ дојде за време на посетата на претседателот Љупчо Гсоргиевски во Канада и во Америка, која траеше од 30 октомври до 17 ноември. Иако Љупчо Гсоргиевски официјално беше поканет од Секцијата па ВМРО - ДПМНЕ во Торонто, која му ги плати и авионските билети за него и неговата сопруга, тој кога дојде во Торонто побегна од членовите на својата партија и во придружба на бугарофилот С. Наумов седна во колата на Љубен Христов од Детроит, познат мповец и претседател на бугаро - македонската црква „Свети Павле" во Детроит и занинаа за САД.  Од I до 11 ноември, кога се врати во Торонто, Љубчо Георгиевскн беше исклучително гостин на бугароманската врховистичка организација, која му ги плаќаше сите трошоци за него и за неговата сопруга, како и скапите трошоци за организирање ручеци и коктели за претставниците на американскиот политички живот и на средствата за масовно информирање....“

Љубчо Георгиевски не го послуша навреме советот на Драган Богдановски. Дури многу подоцна зеде бугарско државјанство со што си потпиша „смртна пресуда“. Иако Георгиевски има заслуги за периодот кога Македонија се осамостојуваше, со овој непромислен чин со кој ги напушти основните вредности на националната партија ВМРО-ДПМНЕ, тој засекогаш е фрлен на буништето од  историјата од страна на македонскиот народ.

ne_prostuva

Од позиција на бугарски државјанин, Љубчо Георгиевски нема морален кредибилитет да зборува за Транталовски, Богдановски, Јаковлевски,... за кои досега е многу напишано за нивната позитивна историска улога од основањето на партијата до денес.

DRAGAN_ZA_LJUBCO

Писмо од  Драган Богдановски,

објавено во „Нова Македонија“ на 05 декември 1991 г.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.