Ја напишаа ЕНЦИКЛОПЕДИЈАТА, испадна хаварија.
Да се надеваме дека тоа не им била целта, АМА ДОСТА Е!!!!
Многу сита и решета за македонците, откако паметам, само препишуваат а, и да препишуваат излегува дека не знаат.
Македонија има луѓе со висок интелект, има свои доктори на науки, историчари, академици, светот ни подава рака, полн со ентузијазам и поддршка на македонизмот, а нашето сито не расејува, народотот ни го раслојува.
Не е ли ред да и ставиме крај на оваа голгота, околу името, околу мистеријата за потеклото, околу генезата со Александар Македонски, Античките Mакедонци, Библиска Македонија или Славјаните кои се нарекувале Македонци, или ???
Идентитетот е неотповиклив вкалкулиран печат за секој човек, се раѓаме со жигот на генезата, дајте го еднаш, да се видиме, да се преброиме, да си го видиме братот, да си го сплотиме семејството...
На народот веќе му е преку глава ова тргачење по истории, генези, по медиуми, по весници по енциклопедии.
Дајте малку народски и логично да размислуваме, еве гласно резмислувам:
- Македонија е Библиска земја со Апостолска Црква,
- Античките Македонци се нашите предци по генеза, од Македон, Каран, Филип таткото на Александар Македонски, Светите Климент, Наум, Самоил, Гоце, Александров, Ченто.... Ние сме нивни наследници.
- Славјаните дошле од зад или пред карпатите (нека се докаже ако навистина дошле) на територијата каде живееле нашите предци, Македонци.
- Дошле и многу други освојувачи и си заминале, или се асимилирале.
- Македонците останале до ден денешен и ќе останат засекогаш на овие простори.
- Ние сме Македонци.
Ве молам да се прибереме, да се приземјиме, да си ги собереме браќата и сестрите по крв, по генеза и по татко и по мајка, и да си ја напишеме еднаш за секогаш ВИСТИНСКАТА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА.
Да најдеме други историчари, само не од тие кои целиот живот профитирале да не трујат за трските на некакви Словени.
Ме гризе црвот од внатре, се секавам на зборовите на баба ми, која ми кажуваше дека до Солун со магаре патувале 8 дена и 9 ноќи, а на вториот ден се разболела од заморот и 42 дена не можела да се соземе од грозница. Назад по истиот пат се вратила по 4 месеци од поаѓањето. Си замислувам како од зад Карпатите Словените стигнале до Македонија? Колку мина успеале, здрави и живи да стигнат? Колку стока донеле? Како стоката го препливала Дунав? Како што пишуваат, луѓето кога пливале по Дунав, трските ги ставале во уста, каде ги ставале на стоката, во задникот? Не се задржале на некое друго место патувајки? Кој бил војсководецот што ги водел, како се викал? Дали археолозите откриле некои ископини?
АЈДЕ ДА НЕ СЕ ЛАЖЕМЕ ВРЕМЕ Е И ДОСТА Е...
Навистина се претера...
ДАЈТЕ НИ ЈА ВИСТИНАТА ЕДНАШ ЗА СЕКОГАШ...
Дајте да ја пренесуваме во семејствата, во училиштата, да ја пренесуваме кон светот, да сме единствени и со ист став за нашето потекло, ни требаат ЕНЦИКЛОПЕДИИ со содржини кои обединуваат, нашите Архиви и полици да ги наполниме со ВИСТИНИ....
Господине Блаже Ристевски, го направивте првото македонско чедо, но, за жал килаво!!! Наместо да обедини- разединува.
Не бидете себичен, поделете ги ставовите, ставете факти, дајте време за ова да успее, дајте ни ја можноста да останеме македонци, тргнете го ситото, доста ни е од расејување, дајте обединување на големиот македонски дух, и дајте ни го она што секој народ го одржува во целост, единството на битието....
Ме срдат и плуканиците по се што е македонско.
ДОСТА Е !!!
Ако сме поделени, имаме една софра, имаме едно сонце, и едно срце македонско, ДАЈТЕ ДА ДИШИМЕ !!!!
Свекрва |