Среда, 29 Август 2012   
Кој се обидува да направи раскол во македонско-американските односи?

svekrva
Свекрва

Република Македонија и Соединетите Американски Држави имаат одлични билатерални односи кои не датираат само од осамостојувањето на Република Македонија во 1991, туку многу одамна. Одредени провокации на поединци кон политиката на САД и нејзините преставници во Македонија, неможат да го нарушат традиционално добрите македонско-американски односи и врски.

Ови врски меѓу двата народа започнуваат како трговски уште во XVIII век, а се зголемуваат со процесот на иселување Македонци во САД кој започнува во XIX век. Првото македонско иселеничко друштво се формира во 1899 година во Норд Адамс (Масачусетс).

Сепак, Американците за првпат се активираат политички кон крајот на XIX век. Додека другите големи сили гледаат како да ја распарчат Македонија, САД ја превзема првата политичка активност на Цариградската конференција во 1876/1877 година. Таму тие даваат предлог за автономија на Македонија.

Првите индиректни контакти со Македонската револуционерна оганизација, САД ги  прави по повод киднапирањето на протестантската мисионерка Елен Марија Стон, заедно со Катерина Стефанова– Цилка (септември 1901 – март 1902). Иако не се ангажираат во настаните поврзани со Илинденското востание, ниту во спроведувањето на реформите, САД ја поддржуваат британската политика во интерес на Македонија.

Во текот на балканските војни, САД директно не интервенирале, но во однос на Букурешката конференција, САД го застапуваат ставот за „целосна граѓанска и верска слобода за жителите на областите што би потпаднале под суверенитетот на која било од петте сили“.

За време на Втората светска војна, воена мисија на САД доаѓа при ГШ на НОВ и ПОМ. Мисијата на САД во состав: мајор Скот Дикенсон (шеф на мисијата), Тед (радиотелеграфист), Стево Бузич и Стив Силјанов по потекло Македонец (преведувачи) и Стефан Бизик (наредник), пристигнала во јули 1944 година и останува се до мај 1945 година. Шефот на мисијата, мајор Дикенсон држи говор на Првото и на Второто заседание на АСНОМ, како израз на признавање на новосоздадената македонска држава.

Кои биле размислувањата на тогашното раководство на македонскиот народ за односите со САД, најдобро зборува тајниот извештај на руските претставници В.П. Григорев и И.Н. Агеев, кои во јули 1945 година ја посетиле Македонија. Во нивниот извештај стои запишан разговорот со Андонов - Ченто што го воделе на 20 јули.

Според овој извештај, Ченто се интересирал дали тие го имаат слушнато соопштението по радио од средбата на тројцата раководители на трите големи држави, во кое се зборува дека тие дошле до заклучок за неопходноста од создавање самостојна Македонија под покровителство на Америка.

Слично прашање поставил и секретарот на АСНОМ, Спиров, кој влегол додека разговарале со Андонов - Ченто. Спиров го изразил своето мислење дека е прифатлива идејата за протекторат на СССР или Америка над Македонија, само да не се реализира варијантата Македонија под протекторат на Англија. Притоа, тој ја разви мислата за можноста да постои самостојна Македонија под покровителство на Америка, под услов да бидат зачувани денешните органи на државната власт и на армијата...

Според извештајот Ченто, во принцип, со ништо не му се спротивставил на својот колега, меѓутоа, изразил сомнение за тоа дека денешните органи на државната власт ќе можат да се зачуваат за време на американскиот протекторат, кога Америка ќе ги земе во свои раце командните места во македонската економија.

Во меѓувреме македонските иселеници во САД ги продлабочуваат односите и врски меѓу македонскиот и американскиот народ.

Во 1931 година во Гери (Индијана) се формира нова македонска политичка организација – Македонски народен сојуз (МНС) чија цел е со сопствени сили и средства да ја помага борбата за конституирање на Македонија како независна држава. МНС функционира се до 1949 година.

Повеќе групи младинци, посегнуваат на мислата Македонија, протекторат на САД.

Епицентарот на случувањата е Прилеп и од таму мрежата се шири кон Битола, преку село Цер, до Кичево. За нешто слично е осуден и Методија Андонов Ченто, силен противник на ставовите на Темпо, Видое Смилески Бато, Вера Ацева, Страхил Гигов.

Од март 1946 год, до пролетта 1947 год, во Прилеп се фромира македонска револуционерна организација, со цел за крајно политичко обединување на Македонија, под покровителство на САД, од каде доаѓа и името, ВМРО-СДРМА (Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка).

Организацијата зема силен замав, во текот на летото 1947 година ширум цела Македонија.

Првата македонска црковна општина се формира во 1961 година во Гери. Македонските иселеници веќе се етаблирани во економскиот, политичкиот, културниот и спортскиот живот на САД. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година во Скопје, припадници на Армијата на САД учествуваат во неговата изградба, а сериозен допринос даваат и македонските иселеници.

Вонредно добрите односи меѓе американскиот и македонскиот народ продолжуваат и во  90-тите години на минатиот век. По стекнувањето на независноста на Македонија во 1991 година, САД во РМ учествува со сопствен контингент војници во мисијата УНПРОФОР/УНПРЕДЕП, што претставува израз на признавање на Македонија и гарантирање на нејзината сувереност.

САД во Скопје отвараат Канцеларија за врски во декември 1993 година, а ја признаваат РМ на 8 февруари 1994 година под референцата „Поранешна Југословенска Република Македонија“.

Од февруари 1994 до јуни 2003 година, комуникацијата на САД со Р. Македонија се одвива под привремената референца ПЈРМ, во согласност со одредбите содржани во Резолуцијата 817/93 на Советот за безбедност на ООН.

Од воспоставувањето на целосните дипломатски односи на 13 септември 1995 година, добрите односи кои се развиваат со САД резултираат на 4 ноември 2004 година, кога со одлука на претседателот на САД Џорџ Буш, САД ја признава Македонија под нејзиното уставно име. Голем придонес во ваквиот развој на односите имаат и организациите на македонските иселеници во САД, кои несебично ја подржуваа родната земја.

Досегашната успешна конструктивна соработка на САД и Македонија, како на политички, воен, економски, така и на културен план, во голема мерка помогнаа денес Македонија да биде стабилна земја, кандидат за членство во ЕУ и подготвена да стане член на НАТО.

Со подршка на САД, Македонија меѓу првите земји стана дел од меѓународната коалиција во борбата против глобалниот тероризам. Денес македонските војници се во Ирак и во Авганистан каде даваат значаен придонес во справувањето со безбедносните предизвици на XXI-от век.

САД континуирано ја подржува Македонија во градење на демократските и економските реформи, како и реформи во одбраната, образованието и судството. За спроведување на овие реформи Македонија има добиена значајна финансиска подршка од САД.

Државниот Секретар Кондолиза Рајс и Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, на 7 мај 2008 година, во Стејт Департментот, потпишаа Заедничка декларација за стратешко партнерство и соработка, потврдувајќи ја определбата на Владите на Република Македонија и САД за натамошно проширување и продлабочување  на партнерството помеѓу двете земји, засновано врз заеднички цели, интереси и вредности.

Врз основа на оваа Декларација, која ги истакнува цврстите врски меѓу двете земји, двете Влади постојано настојуваат да ги унапредат меѓусебните односи и да ја прошират билатералната соработка и во други области од заедничи интерес. Со оваа декларација Владата на САД ги потврди цврстите врски кои со децении се развиваа меѓу двата народи.

Потврда за добрите релации меѓу двете земји преставува и најновата вест дека премиерот на Република Македонија Никола Груевски ќе присуствува на републиканската и демократската конвенција како официјален гостин, а ќе се сретне и со педесетина американски бизнисмени.

Оттука мошне чудно делуваат одредени напади врз одредени американски преставници во земјата, како и политиката која ја спроведува САД. Никој, ама баш никој нема потреба да се сомнева во пријателство на оваа голема земја, чие пријателство зацементирано со македонската дијаспора, работи во интерес на македонскиот народ.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.