Среда, 19 Септември 2012   
11 октомври - симболичен почеток на востанието на македонскиот народ против фашизмот

aleksandar-stevanov
Александар Стеванов

По повод статијата „Кога навистина во 1941 година започна востанието во Македонија?“ на авторот Тихомир Каранфилов, објавена на 8 август 2012 година на овој портал, за да се расчистат контроверзите околу датумот кој што се слави како ден на народното востание во Македонија и да се избегне неговото табуизирање, на оваа тема направивме интервју со македонскиот историчар м-р Кире Филов.

11 октомври го славиме како ден на народното востание во Македонија, датум на кој што во 1941 година започнала борбата за ослободување на македонскиот народ од фашистичкиот окупатор. Зошто е одреден токму овој датум?

11 октомври е земен како симболичен датум за почеток на востанието против нацифашистичкиот окупатор во Македонија. Тогаш се случила поголемата вооружена акција во Прилеп.

Сепак и пред  11 октомври 1941 година, во Македонија се регистрирани случаи на организиран отпор против фашистичкиот окупатор. Зошто тие претходни настани, не се земени предвид при одредувањето на денот на Народното востание?

Точно е дека и пред 11 октомври се случувале диверзантски и вооружени акции против окупаторот. Во текот на мај 1941 година, под раководство на Методија Шаторов Шарло била организирана воена обука, а биле извршени и повеќе диверзантски акции. На 2 јуни 1941 година од група младинци била извршена диверзантска акција во која што бил уништен германски авион, потоа на 12 јуни истата година бил  запален еден германски камион.

Тука, секако не треба да се заборави формирањето на првиот партизански одред во Македонија, а тоа е Скопскиот партизански  одред  формиран на 22 август 1941 година.  Овој одред кон крајот на август извршил вооружена акција во која бил нападнат Пиротехничкиот завод во Ханриево (Ѓ. Петров).

Според мене, кај Македонците и немало прекин во национално-ослободителното движење.


Тука треба да ја споменеме и дејноста на Шарло и неговата национална програма. Тој зборува за НОД и ослободување и обединување уште пред да дојдат нацифашистите. На Петтата земска конференција на КПЈ одржана во октомври 1940 година кај Загреб, Шарло ги застапува ставовите за национално ослободување и обединување на македонскиот народ. Особено бил цврст неговиот став против српските колонисти, кои биле носители на големсрпскиот режим. Поради ваквите негови ставови бил доста критикуван дека застранил од линијата во однос на националното прашање. Затоа бил и разрешен од фунцијата секретар на ПК на КПЈ за Македонија. Кој, како и зошто одлучил датумот да биде 11 октомври е друга работа.

Тогаш зошто и покрај фактот дека и пред 11 октомври имало облици на организиран вооружен отпор, овој датум е избран за ден на народното востание во Македонија?

Како што реков 11 октомври е општо прифатен датум, кој е само симболичен. Во нашата историја постојат многу датуми, кои секако се важни и денес ги славиме како големи државни празници. Сите тие датуми се само симбол за долгогодишната борба на македонскиот народ за негова национална слобода и обединување. И датумите пред 11 октомври ние ги знаеме, но сме одлучиле да го користиме овој датум како почеток на вооруженото востание во Македонија во 1941 година.

Има ли веројатност Комунистичката партија на Југославија да влијаела при изборот на овој датум?

Овој датум е земен и утврден за да се намали или да се минимизира улогата на Методија Шаторов Шарло, кој што, да потсетиме, многу години беше именуван како народен непријател и предавник. Но, денес сите добро знаеме кој е Шарло и што сторил за слободата на Македонија. Како што знаеме во февруари 1940 година Шарло бил назначен за секретар на ПК на КПЈ за Македонија. Веднаш активно се вклучил во работата на Партијата и цврсто ги застапувал ставовите за обединување на Македонија.

На Покраинската конференција одржана на 8 септември на Водно кај Скопје, била донесена Резолуција во врска со целите на НОД.  Значи, уште пред почетокот на окупацијата на Југославија, во Македонија се зборувало за Народноослободително движење, а Шарло сакал Вардарска Македонија да ја претвори во база за ослободување, обединување и создавање на независна Македонска држава.

Изборот на 11 октомври како почеток на востанието во Македонија, бил со цел да се маргинализира, минимизира или отстрани улогата и влијанието на Шарло во МНОД. Него го заменил Колишевски, за кого знаеме дека бил силен послушник во однос на политиката на КПЈ и Југославија во однос на македонското национално прашање.

5. Според вас има ли потреба за ревизија на датумот на кој што се слави народното востание во Македонија?

11 октомври останува да биде празнуван и славен како „симболичен” почеток на востанието на македонскиот народ против фашистичката агресија. Мое мислење е дека овој датум треба да остане, како симбол на НОД во Македонија, бидејќи го одбележува антифашизмот, борбата за национална слобода и борба за обединување.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.