Среда, 22 Февруари 2023   
Регентот на Бугарија за македонскиот народ и македонската држава

129031 Тихомир Каранфилов


Тихомир Каранфилов

На 9 септември 1944 година, со решение на НК на ОФ, Тодор Павлов  бил назначен за регент на Царството Бугарија.

Борци од Народноослободителната македонска војска и активисти од средините на револуционерната македонска емиграција во Бугарија се обрнаа кон г. регентот на Бугарија Тодор Павлов, со молба да одговори на прашањето за неговиот личен однос како и на односот на бугарскиот народ кон ослободителното движење на македонскиот народ и кон новата Македонска држава. Еве го одговорот на г. регентот Тодор Павлов, на така поставеното прашање (извадок од „Работническо дело",  21. X. 1944 год):

„- По долги, упорни и крвави борби, македонскиот народ најпосле му покажа на 2 август о.г. на целиот свет, дека правото за самоопределување на народите не се дава, а се извојувува. На денот на историскиот Илинден, во древниот манастир „Прохор Пчински", верните синови на беспримерно истраданиот и херојски македонски народ ги поставија гранитните темели на слободната Македонска држава, која влегува како рамноправен член во новата демократска федерална Југославија.

Се разбира дека македонскиот народ наполно ќе ми поверува ако му кажам, дека неговата радост поради неговата голема победа и оправданите негови надежи за блескава иднина на неговата нова држава ги дели најискрено и братскиот бугарски народ.

Бугарскиот народ... со својата беспоштедна борба против великобугарскиот шовинизам, ...има најискрена желба не само да ги исправи сите досега сторени, главно по вина на неговите управници, грешки и престапи кон македонскиот и српскиот народ, туку и да направи се што е потребно за циментирањето на цврстите темели на братскиот сојуз со новата демократска федерална Југославија, за соработка со другите балкански народи и со Англија и Америка, како и за вечната дружба со својот ослободител,  големиот руски народ“.

Кој е Тодор Павлов?

Во продолжение на текстот стои.  „Роден во Македонија, но порастен во Бугарија, авторот на овие редови беше воспитан во духот на идеите на Димитар Благоев, Ботев, Гоце Делчев и Георги Димитров, та затоа ја следел секогаш со најжив интерес славната борба на македонскиот народ за ослободување, како и неговите видни усилби за создавање на нова македонска култура, па, според своите сили, каков што е случајот и со големиот македонски поет Венко Марковски и др,, се обиде да даде свој скромен придонес кон тоа историско дело на македонскиот народ“.. .

Обидувајќи се нешто повеќе да дознаеме за Тодор Павлов, истражувајќи ги интернет страниците наидуваме дека: Тодор е  роден во 1890 година во Штип. Неговиот татко Димитар, познат како Штипјанин бил учител, автор на духовни напеви и црковен певец, еден од најдобрите во Штип кон крајот на XIX и во почетокот на XX  век. Тодор Павлов се образувал на Софискиот универзитет, каде дипломирал  во 1914 година на насока филозофија и педагогија. Потоа предавал како учител во Казанлак (1914-1919), Лом, Ихтиман и Белата црква.

Во 1919 година станал член на БКП. Во 1922-1923 година бил главен уредник на прокомунистичкиот весник „Младеж“. Во летото 1923 година бил уапсен, но подоцна ослободен. Во 1924 година, тој беше избран за раководство на легалната Партија на трудот и за Централниот комитет на илегалната Комунистичка партија. По нападот во црквата „Света недела“ на 16 април 1925 година, бил уапсен и осуден на 12 години затвор. Во 1929 година бил амнестиран и ослободен.               

Во 1932 година емигрирал во СССР и станал професор по дијалектички материјализам на Институтот „Црвениот професор“ во Москва. Во 1936 година се враќа во Бугарија и се посветува на новинарската дејност. Во периодот 1941-1943 година бил интерниран во концентрациони логори. На 9 септември 1944 година, со одлука на НК на патриотскиот фронт и декрет на владата е назначен за регент на Кралството Бугарија. Како регент, тој ги користи сите права што се застапуваат во Уставот на Трново, вклучувајќи го и назначувањето и разрешувањето на високиот команден штаб на армијата.

Долго време по Втората светска војна Тодор Павлов ќе зазема значајни места во бугарското општество. Умира во 1977 година.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.