Среда, 18 Ноември 2009   
Напомош Свети Никола зимен и Света Европа декемвриска
Конечно и кај нас  за нешто да сме едногласни, и власта и опозицијата согласни дека овојпат Брисел ја почна на арно со нас и тоа за Свети Никола ( нашиот православен Дедо Мраз).

Арно ама како што  секогаш зад нештото има и позадина и сега си велам да не е таква работата, да не е укинувањето на визите некое прозирно перде пред неуспехот за клучни прашања - името наше на пример. Да не е волшебен стап да се натераат луѓево да решат еднаш за датум за преговори кон ЕУ.

„Македонија заслужува  започнување на преговорите. Македонија ги исполнува условите, и Македонија ги исполнува европските стандарди. Сметаме дека Македонија е конструктивна, дека заслужува отпочнување на преговорите. Останува да видиме која ќе биде одлуката“, СИ ВЕЛИ ЕДЕН НАШ ПОЛИТИЧАР ОД ПОМЛАДИТЕ....

Ех, ама проценка, нели ви е јасно оти волкот менува влакно ама не и ум, овие нема така да не остават, ќе не шуткаат додека им се може, ама не ќе им е на арно, некои умни европски глави им ја кројат судбината, им кажуваат оти ние сме им спасот од економската ескалација која ги чека, еееејјјј, на толку ум што има волкот, ќе го јаде стапот....

Ама и на јагнето  му е смачено, доста на ражен го вртат.... Еден мудар писател вели- добриот и чесен човек е  како оштрица ако го погодат, сече од двете страни... Ќе стане светот бре ( не ) луѓе, нас секаде не има, како пиреј сме- троскот, ни сами не знаеме колку сме, од што не сакаа да се преброиме, а и филмот е пукнат... Некој упорно си игра матно....

Народецов е шокиран, како некој да го попарил, зашеметен е... А ете Свети Никола ќе ни ја донесе утешната награда за сиромашниот....

Не ми е јасно  како овие од амбасадите се откажаа  од парите за чоколади ( читај визи ), ама ете не само затоа што ќе патуваме без визи, туку Европските демократи решија да им текне дека и ние сме во Европа... Ние ??? Ние !!!

А од друга страна пак е важно и за мотивизација на нашава влада, ова е како пет минус за доброто спроведување на домашните задачи.

Е сега народе, да запалиме свеќа ( или патиките) за Света Европа, сите ја напуштаме  Македонија? Дали е ова бродот што тоне, па треба и глувците да избегаат???

Или ќе му ја летнат само тие што имаат пари, а тие и бездруго му ја летнуваа...

Конечно еве им на сите , а најповеќе на младите, кога знаеја да се шушкаат ех, странство  му е мајката, ама јас немам  кој да ми гарантира, еве Мајка  Европа гарантира сега за секого, па на кој му е дојдено до заминување, патот под нозе.... И...  Ама сега си велам да не почнат, немам кој да ми го плати патот... Или- не знам кај да фатам, незнам кај се оди?

Колумбо ја откри Америка  во 15тиот век, а Македонија ја откри Европа во 21виот век...

Европа е денес  за нас македонците ветената земја?

Или само да излеземе надвор од земјава.

Е сега тешко нашите кои живеат во Европа, спремајте ги креветите . спремајте постелини, варете повеќе грав ќе ви треба, кога ќе ви дојдат гости да бидете спремни. Ама според некои податоци од архивите на класични радиомилеви- нема така повеќе, сега е по Европски, не се познаваме... А и од кај да се знаеме кога цел живот не сме се виделе...

Од МНР препорачуваат  поради сигурност, да се носи банкарска  гаранција, резервација од хотел  или пак писмо од роднини или  пријатели дека ќе има каде да се сместите и храните. Или една торба грав, една низа пиперка сува, еден венец кромид- ова веќе го знаеме, од одење на одмор во Грција, земи си се со себе, таму ем може да е многу скапо, ем да не седиш гладен.....

Еден  македонец некогаш печалбар, сега по новото од дијаспората од ЕУ ми испрати порака со следнава содржина:

„Како што оди работава, македонците кога ќе заминат во странство ќе почнат повеќе да си ја ценат Македонија како убаво место за нормален живот “

Е, зарем треба некој  да ни каже, оти е Македонија рајската градина, уште малку Адам и Ева ем голи, ем боси ќе шетаат... Ем ќе си јадат овошки и корења од дрвјата...

Ама си велам има  и по нешто добро за државава, одкога ќе заминат во Европа ќе почнат повеќе да ја сакаат Македонија, ќе почнат повеќе да пеат патриотски песни, место турбо фолк, ќе им текне што се и од каде се....,, можеби и ќе сватат дека со малку повеќе ангажман Македонија е ветената земја, оди ваму оди таму сите се враќаат назад, се враќаат во библиската земја, земјата на Филип таткото на Александар Македонски.

Свекрва
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.