Среда, 11 Септември 2013   
Во единството е силата на македонскиот народ

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

Македонскиот народ со низа манифестации на достоинствен начин го прослави Денот на независноста - 8 септември. Во присуство на претседателот на Владата Никола Груевски, претседателот Ѓорѓе Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељановски и други високи преставници на државниот врв, како и големиот број присутни македонските граѓани на централната манифестација, под мотото „Нашето единство, наша победа“ се прославија 22 години од осамостојувањето на Македонија.

Македонските граѓани сплотени како едно семејство го прославија 22 роденден на независна, самостојна и суверена Република Македонија. Македонскиот народ со своето чествување уште еднаш покажа дека без разлика на победите или поразите, без разлика на внатрешните несогласувања, кога се работи за државата и нејзините интереси продолжуваат без колебањe со сигурни чекори да одат по праведниот пат трасиран на двата Илиндени во 1903 и 1944 година, дека продолжуваат да го чуваат аманетот на Илинденците и борците во НОБ.

Сонот кој започна на 2 август 1903 година, кога со Крушевската Република беа поставени темелите на македонскта држава, потоа делумно се оствари на 2 август 1944 година, кога на Првото заседание на АСНОМ се создаде македонска држава со ограничен суверенитет, целосно се оствари на 8 септември 1991 година кога Република Македонија прогласи слободна, суверена и самостојна Македонија. Тоа беше потврда дека сме народ со долга историја, со демократска свест, народ кој е способен да го исполни вековниот сон на генерации Македонци, сам да ги испишува страниците на сопствената историја.

Дваесет и две години македонскиот народ и покрај сите притисоци и премрежија низ кои поминува сам ја испишува својата историја. Македонците уште еднаш му покажа светот, на сите оние кои во изминатиот период се сомневаа во опстанокот на македонската држава, дека тие се способни, истрајни и дека заслужуваат да имаат своја држава. Впрочем Македонецот само го потврдува извештајот на Бадинтеровата комисија дека покрај Словенија, Македонија како држава ги исполнува сите услови за меѓународно признавање.

На сите Македонци им е јасно кои се и што се, каде се и каде сакаат да одат. Затоа од осамостојувањето до денес, тие го продолжуваат сонот на своите претци и го исполнуваат нивниот аманет за создавање на уште поубава, модерна и просперитена македонска држава. Македонците сакаат да успеат да создадат подобра иднина, па затоа македонскиот народ го следи патот на евроинтегративните процеси и очекува еден ден да биде рамноправен член на семејството во ЕУ и НАТО.

Од осамостојувањето до денес, Македонија потроши многу време во решавање на проблеми како на внатрешен, така и на надворешен план. Спорот со името, идентитетот, како и меѓусебните расправии одзедоа многу време во целокупниот развој на државата. Сепак, желбата да се успее, му овозможи на македонскиот народ да истрае сите овие години и успешно да ги надминува бројните препреки кои им се испречија на тој пат.

Почитувајќи ги различностите, не оспорувајќи никого и создавајќи пријатели Македонија и македонскиот народ успеваат да изградат цврсти институции кои се отпорни на внатрешните и надворешни шокови, што е одлика на една модерна држава.

Во тој поглед Македонија израснува за пример, не само во регионот туку и пошироко. Не случајно Македонија успева да одолее на економската криза која го зафати светот. Не случајно македонската дипломатија успева да ја афирмира земјата на глобално ниво и таа денес да е призната под уставно име Република Македонија од 137 држави. Не случајно таа партиципира со свои контигенти во НАТО и мировните мисии ширум светот, како и во други организации. Тоа е знак дека Македонија денес располага со респектабилни ресурси способни да одговорат на секој предизвик, за кои и многу помоќни држави од неа тешко би се справиле.

Тоа го докажува и колективниот спорт, каде Македонците постигнуваат успеси, притоа победувајќи ги некогаш неприкосновените репрезентации. Кошаркарите, ракометарите и др., заедно со неразделната „фаланга“ која ги бодри на секој натпревар, докажуваат дека нашата сила е во нашето единство. Тука се и индивидуалците кои во спортот, културата, науката, но и на други полиња, со широка поддршка на заедница постигнуваат завидни успеси и достојно ја презентираат земјата, покажувајќи ја истрајноста, желбата и способноста на Македонецот. Желбата кај сите нив да се успее, да се стигне до целта е огромна. Но, само заедно и сплотени Македонија и македонскиот народ може и успева во овој глобален свет, а со тоа се` повеќе се шири вистината за Македонија, а тоа е сигурен знак дека земјата е во континуиран развој.

Секако дека во Македонија има проблеми, но тие не се ненадминливи. Единствено што треба да се направи да се престане да се троши времето во непродуктивни дискусии. Времето е скапоцено и сега е време за дела, време кога секој треба да го даде својот придонес. Потребно е само сплотеност на граѓаните и на политичарите и како што вели претседателот Иванов за време на обраќањето на свечаната академија Македонската Опера и Балет по повод Денот на независноста, сега е време „Да ја направиме Македонија победнички тим во секоја област“.

Македонија е прекрасна земја за живеење, во која има место за сите оние кои работат да доброто на македонскиот народ.  Таа е одлично место каде младата генерација може не само да го оформи своето семејство, туку да ги најде своите интереси. Зголемените странски инвестиции и отварањето на нови работни места само ги потврдуваат тие можности. Така секоја нова генерација ќе биде генератор на новите успеси на земјата.

Владата на Македонија, предводена од премиерот Груевски е длабоко посветена да ги создаде овие услови, да ги надмине сите проблеми и да создаде подобри услови за живеење во земјата. „Делата кои ги создава неговата гарнитура се вистински патриотизам, а не празните зборови“ - ќе подвлече во своето обраќање претседателот Иванов.

Во пресрет на Денот на независноста 8 септември премиерот Никола Груевски меѓу другото, изврши обиколка на делницата Демир Капија – Смоквица, која е дел од коридорот 10 на автопатот Александар Македонски, при што го посети и пробиениот тунел кај Демир Капија. Задоволен од темпото на градбата и дека не се доцни, задоволен како се пробиваат нови патишта премиерот Груевски изјави дека се очекува дека работите ќе завршат до 2016 година. Со тоа некако симболично најави дека на крајот од транзискиот тунел македонскиот народ конечно ја гледа светлината и дека евроинтеграцискиот сон ќе се оствари.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.