Среда, 06 Август 2014   
Со музичка латиница не се чува македонскиот идентитет

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

И покрај тоа што Македонија речиси четврт век има изградено државна самостојност и суверени институции, исто толку време не може да се ослободи од напливот на регионалните музики кои го загрозуваат македонскиот национален фолклор и музички традиции.

Старата поговорка „Не доаѓај во Македонија, оти и ќе те натпеат и ќе те надиграат“ одамна е само флоскула со која сакаме да се гордееме и крепиме достоинството.

Но, дали во реалноста е тоа така ?

Очигледно дека многумина и не` надиграа и не` натпеаа, во екот на нашата немоќ да ставиме брана на туѓите музички влијанија кои вршат ерозија на македонскиот музички бит. Српската песна се` повеќе навлегува во Македонија, се слуша речиси насекаде, во кафулиња, ресторани, на свадби, а радио и тв медиумите ставаат печат на тој тренд. Нема ден да не помине без шумадискиот рокенрол на Лепа Брена, нарко-алкохолните стихови на Аца Лукас или меланхоличните рефрени на Арканица. Никој нема ништо против музиката, српска или било каква друга, но сетоа тоа да биде во рамките на границите кои нема да го загрозуваат македонскиот музички идентитет.

Додека Грција го оспорува името и идентитетот на македонскиот народ, во Македонија за време на прославите на најсветлиот македонски празник се пеат немакедонски песни. Концертот на Светлана Ражнатовиќ Цеца, одржан на 1 август во Охрид, го следеле околу 15.000 посетители. Масовното присуство на млади луѓе, кои ноќта спроти големиот македонски национален празник Илинден, во еден глас пееле хитови на Цеца, говори за непочитување на сопствената традиција и култура. Нека простат посетителите, но тоа да се случува во деновите на чествувањето на најсветлиот македонски празник Илинден, некако не бидува. Познато е дека чувството на идентитет се формира во детството, а особено во текот на адолесценцијата кога настанува криза на идентитетот. Тоа е период кога се поставуваат клучните прашања кој сум, од каде сум, кон што тежнеам? Во процесот на формирање на идентитетот, во овој период големо влијание имаат луѓето од блиската околина, како и системот на социјалните вредности на заедницата во кои живее поединецот. Се вели дека чувството на личниот идентитет се базира врз основа на забележувањето на истоветноста и непрекинатоста на постоењето во времето и просторот, како и забележувањето дека и другите луѓе го признаваат тоа. Поединецот кој го стекнал чувството на сопствен идентитет, тоа го доживува како континуитет помеѓу она што бил некогаш, што е денес, како и тоа што замислува да биде утре.

Ако сето ова е познато, тогаш каква позитивна улога може да имаат концертите на Аца Лукас, Цеца и други регионални изведувачи во пресрет на големи македонски празници, какви вредности тие можат да пренесат врз младите Македонци кои сега го градат идентитетот, млади лица кои треба да бидат континуитет помеѓу она што било некогаш и иднината на македонскиот народ.

Точно е дека процесот на глобализација, кога светот станува „глобално село“, се прифаќаат идентични културни, односно музички производи и услуги, често неспоиви со локалните традиции. Во овој процес на глобализацијата на културата, која го следи движењето на капиталот и стоката, важен момент е количеството на размената на музичките производи. Сепак, со сиот респект кон српската музика, ширењето на нивниот производ, српскиот турбофолк кон македонскиот консумент, освен потрошувачки, не носи никакви културни вредности.

Уште во деведесетите години на минатиот век, визуелно добро запакуван, во Србија и на Балканот беше промовиран турбо-фолкот како исклучиво комерцијален производ. Но, наскоро тој беше политиризиран по што владеачките структури во Србија го користат за смирување на незадоволниот народ. Преку ѕвездите на турбо-фолкот се испраќаше порака кон младите како треба да изгледаат, како да се облекуваат, што да возат, кого и кои професии треба да ги вреднуваат, односно се влијаеше на културата на однесување. Пораките кои беа пренесувани преку овој жанр музика беа во согласност со потрошувачкото општество кое земаше се` поголем замав. Обожавателите на турбофолкот се идентификуваат себеси дека се следбеници на светските модни трендови. Но, токму овој правец со локалната идеологија, го истакна на површина национализмот, криминалот и неморалот. Такви вредности на „Аркановци“ не му се потребни на македонскиот народ. Македонскиот народ долго време издржа пред налетите на турбо-фолкот од соседството, но очигледно и тој не е имун од неговиот наплив. Денес, слушањето српска музика се доживува како сосема нормална работа, за разлика од слушањето бугарска, грчка,... Но, тоа не значи дека присуството на српските турбофолк ѕвезди со својата субкултура ќе успее да ја спроведе својата национална пропаганда и не значи дека Македонците ќе ги направи поголеми србомани. Сепак, нивното присуство без разлика на македонското знаме кое го носат околу себе, не можат да ја скријат нивната мимикрија и ја потиснуваат македонската култура, го засенуваат Александар Македонски, фалангата, комитите, партизаните, новите Илинденци, а со таква субкултура не се гради и не се брани идентитетот на еден народ.

Ако во минатото се велеше дека Македонците никој неможе да ги надсвири, надигра и надпее, денес Македонците играат во тактот на брзиот ритам на турбо-фолкот. Македонската музичка сцена е во дефанзива, но токму во неа е и клучот за одбрана на македонската музика и идентитет. Имаме квалитетни музичари и изведувачи, само треба да го изберат вистинскиот правец и повеќе да се заложат за зачувување на нашиот нацинален идентитет. Само на тој начин можеме да го победиме шундот кој ни доаѓа од надвор, а кој не е својствен на нашиот јазик и култура.

Затворени во тој магичен круг, на таканаречените музички групи во сопственото бедно егзистирање, не им преостанува ништо друго освен да ги спроведуваат инструкциите кои ги добиваат од центарот. Човек не знае дали да ги жали (оти на крајот од краиштата најголем дел од нив се Македонци), или да застане на страна и да ужива гледајќи го сопствениот потоп кој им го сервираат на поколенијата свои.

Време е македонската влада да почне еден позитивен процес кај младите да ја сакаат и почитуваат македонската музичка традиција и истата да ја надоградуваат врз темелите на македонскиот автентичен фолклор.

Можеби треба да се донесе одлука за воспоставување ред - лиценца кој има право да свири и да пее во кафулиња, дискотеки, концерти, свадби, домашни веселби, па со тоа да им се стави крај на таканаречените музички групи кои го трујат духот на Македонецот со лоша музика.

Време е да се спречи оваа штетна навика за доброто на Македонија, додека не биде предоцна.

Слушнете ја песнава од Мишко Талески, добра е за трезнење.

https://www.youtube.com/watch?v=5ah2-l-ObwY

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.