|
|
Се чуствувам горд што сум македонец |
Македонскиот народ денес живее под голем притисок од страна на Европската Унија која стана жртва на грчката шовинистичка влада, Македонија да не биде примена како членка во Унијата се додека не го смени уставното име?! ЕУ покажа дека има двојни стандарди, тие што ја имаат силата ќе прават што сакаат, а пак помалите, послабите, за нив имаат други аршини, тие ќе бидат жртви на посилните, на поголемите и се ќе зависи од пријателските односи што ги имаат членките на ЕУ меѓу себе. Македонците во Грција сеуште живеат под терор на шовинистичките сили во оваа држава.Грчката влада сеуште ги држи границите затворени за Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија, кои беа протерани за време на граѓанската војна во Грција 1946-1949 год. од страна на грчката монархофашистичка влада.На Македонците од Егејот, не им е дозволено да се вратат на своите родни огништа, не им е дозволено ниту да запалат свеќи на гробовите од нивните родители кои беа убивани за време на граѓанската војна од монархофашистите- родителите на денешните грчки политичари. А нам, во годинава кога славиме јубилеј 70 години од АСНОМ и 111 години од Илинденското востание ни доаѓаат разни емисари и ни велат дека имаме проблем околу нашето име! Ние немаме никаков проблем со нашето име, проблем има нивниот партнер-нашиот јужен сосед, ние македонците знаеме кои сме и што сме и после 100 години ќе знаеме дека сме Македонци и ќе сме свесни за коренот наш Македонски! Затоа, да веруваме дека емисарите од ЕУ и нашиот јужен сосед, ќе смогнат разум и храброст да се соочат со реалноста дека оваа држава се вика Македонија, дека МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ постоеле, постојат и ќе постојат! Во некои држави во Европа, животните имаат повеќе права и слобода од Македонците кои живеат во Грција- чланка на НАТО и ЕУ. А Европа, ги затвора очите и ушите, се прави дека не слуша и не гледа, спие како да е падната во длабока кома, како да е опиена од виното на античките Атињани. |