Васко Гичевски
Пиринскиот цар,кралот на планините и еден од најголемите македонски национално ослободителни дејци и револуционери е Јане Сандански кој со својата долгогодишна борба против османлиите,врховистите и против сите оние кои на овој народ му сакале зло чесно ја бранел својата татковина Македонија.
Во текот на неговиот живот,низ деновите на неговата револуционерна дејност тој искажал многу мисли и пораки за карактерот на македонската борба,за организација и општо за човекот,човештвото и македонскиот народ,бидејќи Сандански и покрај тоа што е прекален револуционер тој е и творец на санданизмот еден од првите политички и филозофски правци во Македонија во чија основа на овој правец стои дека секогаш треба да се бориме за подобро и да се стремиме кон совршенство.
Во следниов дел ќе ги проследиме мислите на нашиот великан Јане Сандански.
- „Да живееш значи да се бориш: робот за слобода, а слободниот - за совршенство"
- „Не бугарска Македонија сакаме ние, туку Македонија на Македонците, Македонија ослободена од тиранијата." - Писмо до Грците, жители на Мелник, 1904 година.
- „Јас не го чекам брзото ослободување на Македонија. Тоа може да не дојде дури и во моите денови, но јас сакам да го запазам народот и да го организирам, и ако тоа се случи тој ќе ја добие својата слобода."
- “Ние треба да работиме за будење на сознанието кај македонските маси дека се тие самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека треба да се борат за извојување на својата слобода, без да се потпираат на туѓа помош, зашто оние што би дошле да не ослободат, ќе дојдат всушност, да не поробат".
- ,Вие (врховистите) ја сакате слободата на Македонија и Одринско како етапа на идните Ваши завојувања и анексии, додека кај нас слободата е легната во основата како цел. Ете каде лежи големата разлика меѓу нас - Внатрешните и Вас - Врховистите"!
- “Да, Македонија не треба да бара помош надвор од себе, туку во самата себе. Нејзината слобода не ќе биде подарок, туку крвав откуп, платен со илјадници жртви, какви што ние дадовме и продолжуваме да даваме".
- “Првпат агитирав во смисла да се постави Организацијата самостојно, да се почувствува населението слободно, на тој начин што ќе се отстранува од турските власти и што ќе се концентрира власта во рацете на Организацијата, така што населението на дело да види малку слобода, да ја осети таа слобода и да ја засака".
- ,Ние не сакаме да ја замениме турската тиранија, турските султани со други тирани, па ни со бугарска тиранија и бугарскиот кнез. Ние се бориме Македонија да стане автономна, независна, слободна држава, Македонија на Македонците!".
- Јас не очекувам брзо ослободување на Македонија. Тоа може дури и да не дојде додека сум жив, но јас сакам да го зачувам народот и да го организирам и ако тоа стане, тој сам ќе си ја извојува својата слобода".
- “Ние не ја мразиме Бугарија и нејзиниот народ, туку се спротиставуваме на нејзината политика, која е спротивна на нашите идеали и интереси".
- "Да пиеме за слободна и автономна Македонија за која се бореа и дадоа скапи жртви сојузените балкански народи" - на банкетот во Солун, по повлекувањето на Турците 1912 година.
- "Ние водиме борба против вас, врховистите, затоа што сакате да ја потчините Организацијата и да ја направите орудие на бугарскиот дворец. Со вашата оружена интервенција во Џумајско, вие на ослободителната борба и придадовте карактер на вештачко движење кое се инспирира од вас од официјална Бугарија, а не од внатрешността и од самиот поробен народ. Со тоа вие и го убивате престижот и оставате впечаток дека ние сме орудие на бугарската држава, и со сето тоа мy пречите на ослободителното дело. Ние решително им се спротивставивме на вашите офицери зашто го знаеме нивното воспитување, нивните интимни замисли. Тие се луѓе што дале клетва за верност на бугарскиот кнез и на бугарската држава, и тие не можат да бидат ништо друго освен нивни слепи и послушни орудија. А пак ние не сакаме да ја замениме турската тиранија, турските султани со други такви, па ни со бугарската тиранија и бугарскиот кнез. Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците. Вие ја барате слободата на Македонија како средство, како етапа на идни освојувања и присоединувања, додека кај нас слободата, автономијата на Македонија се положени во основата, како цел. Ете каде лежи големата разлика меѓу нас, внатрешните и вас-врховистите. Ако ги пуштевме вашите другари-офицери во ТМОРО, тие ќе ја водеа оружената борба, тие ќе ги имаа во своите раце четите, бојните јатки, Организацијата, и по таков начин, при слободна Македонија тие ќе му се наложеа на македонското население, тие ќе му диктираа да го бара приклучувањето на Македонија кон Бугарија, како што стана со Источна Румелија во 1885 година. Ние ја месевме погачата, вие ќе ја јадевте."
- "Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците. Вие ја барате слободата на Македонија како средство, како етапа на идни освојувања и присоединувања, додека кај нас слободата, автономијата на Македонија се положени во основата, како цел. Ете каде лежи големата разлика меѓу нас, внатрешните и вас-врховистите. Ако ги пуштевме вашите другари-офицери во ТМОРО, тие ќе ја водеа оружената борба, тие ќе ги имаа во своите раце четите, бојните јатки, Организацијата, и по таков начин, при слободна Македонија тие ќе му се наложеа на македонското население."
"Ние имаме своја аграрна програма тесно поврзана со нашата општа политичка програма: првата се изразува низ барањето за доделување на земја на селаните, а втората, политичката, се содржи во барањео од Македонија да се создаде автономна област во рамките на отоманското царство. А најмногу од се друго се плашиме од тоа нашите "мили пријатели" Бугарите, Србите и Грците, да не дојдат да не "ослободуваат", зошто тие, всушност, ќе дојдат да не поробат."
|