Среда, 24 Септември 2014   
Клетвите на македонските мајки чии синови загинале за Македонија ги стигнува сите

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Македонскиот народ не може да се откаже од своето име и идентитет

Новоименувааниот амбасадор на САД во Македонија Џес Л. Бејли, уште недојден во земјава ја предизвика македонската јавност. Неговата изјава дадена на сослушувањето во Американскиот сенат во која вели дека во Македонија живееат мнозинство „Словени“ и малцинство етнички Албанци, предизвика револт кај Македонците. По тој повод, во Министерството за надворешни работи на Македонија беше повикан заменик-амбасадорот на САД во Македонија, при што беше изразена загриженост од ваквиот начин на именување на македонскиот народ..

Изненадува што ваквата изјава доаѓа од човек како Џес Л. Бејли кој е дипломат од кариера од Стејт департментот. Тој во Скопје доаѓа од позицијата заменик шеф на мисијата на САД во Анкара, Турција, функција која ја извршувал од 2011 година. Потоа во неговата биографија стои дека бил директор на Канцеларијата за Југоисточна Европа во Стејт департментот, директор на Канцеларијата за политички прашања со ОН, директор на Центарот за странски известувачи во Вашингтон, како и советник за јавни прашања во Амбасадата на САД во Хаг, Холандија. Тој службувал и во амбасадите на САД во Дакар (Сенегал) и во Дака (Бангладеш).

Вообичаено е ваквите дипломати добро да ја проучат земјата во која треба да службуваат. Односно тие треба добро да ја знаат историјата, традицијата и културата на земјата во која се назначени за дипломатски преставници, за да не го навредат домаќинот. Сето тоа значи дека Бејли меѓудругото треба добро да е запознат за спорот со името, како и за пречките кои Грција и ги прави на Македонија во нејзините напори за евроатланската интеграција.

Од говорот пред Сенатската комисија за надворешни работи видливо е дека Џес Бејли добро го знае проблемот. Тој меѓудругото ќе каже: „Како наш посветен пријател и партнер, Македонија ја заслужува нашата помош да стане подготвена за членство во НАТО и ЕУ. Во интерес на САД и Европа е да продолжиме да и ја даваме таа помош.“

Исто така, Бејли ветува дека ќе го искористи неговото дипломатско искуство да и помогне на Македонија во спорот со Грција за да се најде заедничко прифатливо решение за името. Како што вели Бејли, „решението на спорот ќе биде клучен чекор кон зголемување на стабилноста и безбедноста на Македонија, Балканот и Европа“.

По грчкото вето на самитот на НАТО во Букурешт во април 2008 година, САД и Македонија на 7 мај 2008 година во Вашнгтон потпишаа Декларација за стратешко партнерство и соработка, со кој двете земји се решени да го прошират и продлабочат блиското партнерство што се заснова на заеднички цели, интереси и вредности.

Македонците веруваат на воспоставеното пријателство со американскиот народ и се придржуваат до воспоставените принципи. Но тие неможат да дозволат да го изгубат своето име и идентитет, зошто ниту името ниту идентитетот не се од вчера, туку тој е изграден со милениумското постоење. За тоа сведочи библијата и бројните историски споменици, кои говорат за разликите меѓу Македонците и Грците.

macedonia-usa

Ако ги прочита овие редови, новоименувааниот амбасадор на САД во Македонија Џес Л. Бејли, најверојатно ќе има друго мислење за Македонија и за Македонците.

„Во периодот од 1895 до 1925 година врз база на податоците од досиејата на Американската агенција за имиграција и натурализација, околу 15.000 лица кои имигрирале во САД се изјасниле како Македонци, иако во тоа време не постоела државата Македонија.Постојат досиеја за раната македонска имиграција во САД која се случувала во почетокот на 20 век. Овие досиеја се интересен сведок за потврдување на македонскиот етнички идентитет.

Друга многу важна серија информации содржани во досиејата на Американската агенција за имиграција и натурализација во врска со раната македонска имиграција во САД индицира дека тие навеле различни земји како земја на потекло: од Турција - 4.979, Грција - 906, Македонија - 4.194, Бугарија 267. Албанија 5 и Србија 188. Овде јасно е покажано дека најголем број од македонските имигранти, или поточно 4.979 Македонци, ја посочиле Турција како своја земја на потекло. Ова е поради тоа што пред балканските војни во 1913 година, цела Македонија и' припаѓала на Турција. Меѓутоа, она што навистина боде очи е дека речиси еднаков број Македонци ја посочиле Македонија како своја земја на потекло, иако таа во тој период не беше држава“.

Клетвите на македонските мајки чии синови загинале за Македонија ги стигнува сите, кои се обиделе да ја уништат Македонија и Македонците.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.