Среда, 01 Октомври 2014   
Меморандумот на ВМРО до Големите сили

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Наскоро по завршувањено на Првата Светска Војна македонија повторно беше поделена помеѓу соседните држави и официјално вардарскиот дел стана дел од кралството СХС, а додека другите два дела според Букурешкиот мировен договор, Егејскиот дел остана во Грција, а Пиринскиот во Бугарија.

Со Нејскиот мировен договор се реши да се изврши размена на население помеѓу Бугарија и Грција, тоа е еден од посовремените егзодуси на македонското населние кога тоа беше истерано од своите огништа со изговор дека се Бугари (луѓе кои се молеле во егзархиски храмови) и мораат да си одат во Бугарија, а од таму пак да дојдат Грците (луѓе кои се молеле во патријаршиски цркви). И така повторно македонското население окарактеризирано според црквата во кое се моли станувало бугарско и грчко и морало да ги напушти своите родни огништа.

Тогаш новоформираната ВМРО се огласила со еден меморандум кој дословно ви го пренесуваме во оваа статија.

Г-н министер-претседателе,

Има веќе триесет години, од кога македонското население, организирано во една тајна револуционерна организација, издигна пред светот свое знаме, на кое што беше напишано - автономија на Македонија. И од тогаш наваму споменатото население, исклучувајќи ги малите интервали, кои свесно ги давало, не престанало да се бори, за да се добере до своето ослободување. Големото масово востание во 1903 г., поради кое беше изработена Мирцштегската реформска програма; потоа борбите за проширувањето на таа реформска програма до полно самоуправување; револуционерните акции по пропаѓањето на младотурскиот режим, коишто беа следени од Балканските војни - војната на сојузниците со Турција и таа меѓу самите сојузници; востанието во Охридско и Дебарско во есента 1913 г., т.е. само 6 недели по несправедливиот Букурешки договор - тоа се најкрупните моменти од стремежите на едно поробено население за правда, национална слобода, законитост и мир. Впрочем сето тоа и многу повеќе, ви е добро познато Вам, затоа што е опишано подробно во соодветните жолти, сини и зелени книги, издадени по 1902 г. од владите на Англија, Франција и Италија.

За голема несреќа на македонското население, тоа и сега, по светската голема војна, којашто големите сојузни и здружени сили ја водеа меѓу другото за ослободувањето на малите народи, страда под туѓо владеење. А сигурно Македонците не ја оросија својата света татковинска земја со крвта на најдоблесните од нив, за да заменат еден господар со други такви, коишто, макар и христијански, се покажаа полоши. Затоа што реално, денешниот режим во Македонија е понеподнослив. Грција и Србија, во својот стремеж да ги асимилираат со насилство народностите во неа, им ги одзедоа и културнате слободи, нивното право да се молат на Бога и да ги учат своите деца на својот јазик, нешто, кое што беше дозволено во Турција. Резултатот на таа денационализаторска политика се секојдневните насилства на големи и мали властодршци во нашата земја. Затворите се преполнети, малтретираните, ограбените, измачуваните, обесчестените и убиените се бројат со илјадници. По промовирањето на договорите за заштита на малцинствата Македонците ја имаа надежта, дека општеството на народите ќе ги принуди Грција и Србија да ги применат предвидените права и слободи во овие договори, затоа што споменатите две држави доброволно тоа никогаш нема да го сторат: тие не признаваат да има Бугари, Власи и Албанци во Македонија. Но и таа надеж е на исчезнување. За доказ на тоа може да послужи околноста, што многумина мажи се видоа принудени да избегаат со оружје в рака по планините. Регистрирани се веќе неколку крвави судири меѓу избеглиците и жандармеријата. Процесите во Скопје, Куманово, Штип, Прилеп, Тетово исто така сведочат, дека населението во својот очај, по своја иницијатива ги прифаќа познатите револуционерни методи за борба.

Г-н претседателе,

Македонија во своите природни географски граници - на исток р. Места и Родопите; на север Рилскиот масив, Осоговските планини, Скопска Црна Гора и Шар планина; на запад Албанските планини и р. Црн Дрим; на југ р. Бистрица и Бело Море - има население 2 301 767 души. Таа е населена со разни народности, како што следи: Бугари - 1 095 355 или 48 % од целото население, Турци - 541 615 или 23 %, Грци - 253 366 или 11 %, Албанци - 184 315 или 8 %, Власи - 77 365 или 3.4 %, Цигани - 43 370 или 1.6 % и Евреи /со разни други/ - 106 360 или 5 %. Таа е поделена меѓу Грција, Србија и Бугарија. Тоа делење е сосем произволно и неприродно. Долните текови на реките Места, Струма и Вардар, крај кои врват главните патишта од континентот кон морето, се во пределите на Грција; средните и горните текови на овие реки се во бугарско и српско владеење. Поради тоа е и економското назадување на градовите крај морето и на тие во задгрбнината. Кога ќе се додаде и несигурноста како резултат на непријателствата меѓу владетелите и победените, мизеријата меѓу населението се зголемува постојано, 90% од жителите на Македонија, имено Бугарите, Турците, Албанците, Власите, Евреите се против тоа распарчување и поради изложените погоре причини, тие се држат на својот стар идеал - од Македонија да се формира независна држава, под протекцијата на општеството на народите или на ополномоштена сила од него.

Г-н претседателе,

Кога сега пак е поставено за решавање Источното прашање, од кое суштински дел составува и Македонското прашање, од името на населението во Македонија ние Ве молиме да ги земете во обѕир нивните справедливи барања, за да се воведе правда и мир во нашата несреќна татковина и да се спречат идни неминовни крвопролевања како во Македонија, така и воопшто на Балканскиот полуостров.

Примете, г-н претседателе, уверенија во нашата длабока почит.

Македонија, октомври 1922 г.

Централен комитет на тајната револуционерна организација: 
Т. Александар 
А. Протогеров
П. Чаулев

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.