|
|
Се гордееме со Македонци родени во туѓина |
Сведоци сме на времето што доаѓа како се` повеќе и повеќе се гордееме со Македонци родени во туѓина. Еден од нив е нашиот Петар Ристевски, кој не случајно и сосема заслужено е во центарот на сите политички збиднувања и јавниот живот во Австралија. Петар е роден во Сиднеј и потекнува од позната патриотска фамилија од Македонски Брод. Татко му Славе е еден од првите и најзаслужни градители на црквата Свети Никола во предградието Кабрамата, Сиднеј... која работеше беспрекорно додека Славе беше внатре. Петар Ристевски е високо дипломиран книговодител, со завршени факултети и дипломи, кои кога ќе ги видете на зидот кај него, ќе ви застане здивот и ќе помислите дека се од сите Универзитети од целиот свет. Затоа многу Македонци и Австралијци уживаат во довербата на Петар и добриот износ вратен од даночните пари во рацете на сопствениците е гаранција за неговите вредности. Со политика Петар се занимава уште како тинејџер и има преголемо искуство во Либералната Партија на Австралија. Секогаш и секаде по потреба, тој е истурен играч каде делува победнички таму кај што е најтешко и најпотребно. Додека Либералната Партија беше во вечна опозиција во Општината Ливерпул во Сиднеј, настапува Петар каде со својот тим и помогнат од Македонците, успева да го превземе неосвоениот бастион од Работничката Партија после 30 години. Иако е презафатен со неговата професионална работа, сепак наоѓа време и да оди на сите состаноци во Општината Ливерпул и пред 2 недели да биде назначен за Заменик - Градоначалник, каде функциите ротираат и следниот круг ќе стане Градоначалник. Во оваа општина живеат преку 147 националности, каде место најдоа раселени лица од бившите Југословенски простори и се меѓу најбројните. Предизвик е да имаш време за сите нации да ги сослушаш и да пробаш да им помогнеш, но Петар знае да одвои време и за нив, така да неговото работно време е од утро до полноќ, просто кажано. Но тоа не е се`... Петар има време и за секој настан во Македонската Амбасада, да помогне се` што може и има основано Стопанска Комора, така да Македонците мора да го искористат овој проект на најдобар можен начин за македонската економија. Петар наскоро, за некоја недела ќе дојде во Македонија и еве шанса и со посредство на „Македонска нација“ и Мане, причина за едно другарување и да се засучат ракавите за една најголема цел - да се помага на најдобар начин на македонската економија преку оваа комора. За крај, да кажеме дека Петар Ристевски е член на Масонската ложа, па така да ете и Масоните од Македонија и пошироко од регионот, од Европа нека имаат уште поголема причина да се сретнат и најдат и тие во целата оваа сага. Тоа го посакува Петар, тоа го посакуваат и Македонците. |