Среда, 01 Октомври 2014   
Обединети против сите предизвици

Makeddonksa_nacija_copy_copy_copy_copy_copy_copy
Македонска нација

Покрстувањето на населението на територијата на Македонија го вршеле и двете цркви Источната (Цариградската) и Западната (Римската). Препирките меѓу двете цркви започнуваат уште во 330 година кога Константин го прогласува Костантинопол за главен град на источното римско царство, додека на Запад останува римскиот Папа. Оттогаш започнува трката за престиж меѓу Источната и Западната црква, при што Македонија е земјата каде се одвива вечната и најголемата битка меѓу православието и католицизмот.

До поголем конфликт доаѓа во 412 година година кога римскиот Папа Инокентие Први во Источен Илирик прогласува Солунски викаријат. Константинопол кој Солун го смета за дел од Византија ги раскинува односите со Рим и се до 518 година владее период на таканаречена акациска шизма. Солунските епископи застануваат зад Константинопол и го отфрлаат Рим. Судирот кој започнува кон крајот на 5 и трае на почетокот на 6 век, период на таканареченото доаѓање на Словените, продолжува со различен интензитет се до формирањето на Солунската тема околу 836 година, кога се интензивира.

Всушност, со управните реформи на Диоклецијан и Константин Велики, Илирската префектура ја сочинувале Дачката и Македонската дијацеза и се простирала по средиштето на Балканот од Грција до Дунав. Седиштето на префектурата било во Солун чиј префект бил рангиран по највисоките достоинственици на Цариград и Рим. Заради ваквиот нов управно-политички потег доаѓа до ново големо заладување на односите меѓу црквите и до протерување на латинските свештеници од Македонија и носење на цариградски духовници. Така во земјата започнува големиот судир меѓу Источната од Западната црква што завршува со денешната поделеност на христијанството на православни и католици. Латинската црква никогаш не се помирила со ваквата состојба и секогаш барала да и се вратат изгубените права во Македонија.

При неодамнешната посетата на Папата Франциско на Тирана, тој ќе изјави дека Албанија не е „муслиманска“ туку „европска“ држава, иако мнозинството се муслимани (56 отсто). Од друга стран, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров запрашан за тенденциите на Босна, Црна Гора и Македонија да ги следат стапките на Албанија и Хрватска и да се приклучат на НАТО, за босанскиот весник „Дневни аваз“ вели дека „Во однос на проширувањето на НАТО, јас тоа го гледам како грешка, дури на некој начин и како провокација...“ Според Ројтерс, „Русија има енергетски интереси на Балканот и историски врски со Славјаните во регионот, од кои повеќето се православни христијани како и Русите.“

И двете изјави укажуваат дека интересите Западот и Истокот, односно на Рим (читај Вашингтон) и Москва која денес е најголем центар на православието, повторно се судираат на Балканот, во Македонија. Под директива на центрите на моќ, соседните држави го оспоруваат името, јазикот и црквата на македонскиот народ, а исто така ја попречуваат македонската држава во нејзините напори за интеграција во НАТО и ЕУ. Така наместо Македонија да биде центар на интеграција меѓу Истокот и Западот, таа повторно станува јаболко на раздорот.

Дека нешто сериозно се подготвува постоат повеќе надворешни и внатрешни показатели меѓу кои се: т.н. прогласување на „Илирида“; изјавата на новоименувааниот американски амбасадор дека во Македонија живее „славјанско мнозинство и албанско малцинство“; Карл Билт кој зборува за „Славјаномакедонци“; колумна на Стојан Андов во која вели дека Киро Глигоров се согласил за Република Словенска Македонија; потоа соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи во кое се потсетува дека позиција на Грција за сложено име со географска одредница пред зборот „Македонија“, а не пред зборот „Република“, за секаква употреба (ерга омнес), за сите намени, домашни и меѓународни; како и можноста Македонија да остане без препорака за почнување преговори со ЕУ.

Во сето ова, особено загрижува однесувањето на опозицијата која предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев упорно го бојкотира Парламентот, го избегнува политичкиот дијалог, ја правоцира албанската заедница на немири и се служи со уцени за да дојде на власт преку создавање на техничка влада. Всушност таа ги ослабнува позициите на државата и ќе биде најголемиот виновник доколку по пет години по ред Македонија ја изгуби препораката за почнување за преговори со ЕУ или пак се загрози економијата и безбедноста во земјата.

Судирот на Истокот и Западот во Украина и Сирија опоменува.

Никој нормален во Македонија не посакува да види такво сценарио и на овие простори. Исто така, сигурно никој не посакува да се преименува уставното име на државата во Република Словенска Македонија, а Македонецот во Славјанин, што значи човек со недефиниран идентитет.

Единствен излез од ова вакво едно сценарио е обединување на сите сили кои ќе можат да се спротивстават на сите искушенија кои се навестуваат.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.