Среда, 08 Октомври 2014   
Балканските народи за време на Првата Светска Војна

vasko-gicevski
Васко Гичевски

По сараевскиот атентат Австро-Унгарија ја обвини Србија дека стои зад атентатот и со тоа Австо-Унгарија на Србија и зададе дипломатска нота која содржеше неколку услови кои Србија по совет на Русија сите ги прифати,освен оној со кој се донесуваше во прашање суверенитетот на Србија и таа овој услов го отфрли и со тоа дефакто веќе ја предизвика Австро-Унгарија на војна.Обединети Германија и Австро-Унгарија и објавија војна на Србија на 28 јули 1914.

Веднаш војските на централните сили ја нападнаа Србија од правец на Босна и Срем,но наскоро нивното напредување ќе биде запрено по битките кај планината Цер и кај Колубара.

Во 1915 година кога Бугарија влегува во војната, српските војски се принудени на долг марш со кој полека преку албанските планини се повлекувале кон Јадранското море и островот Крф.Подоцна оваа војска ќе се реоганизира со помош на Антантата и ќе учествува во борбите на Македонскиот фронт.Не треба да се заборави да се спомне дека и Црна Гора даде свој свој придонес во војната со околу 50.000 војници.

Бугарија во Првата Светска Војна се вклучува во 1915 година по долги преговори со Германија,кои главно се воделе за територијалните придобивки на Бугарија од војната и на крајот на Бугарија и била ветена цела Македонија и Јужна Добруџа долку учествува во војната и истата се согласила на тоа.

Во август 1915 година го склучува тајниот договор со Германија,а подоцна бугарските војски ќе учестваат во операциите против Србија и Романија во периодот на 1915 до 1917 и на македонскиот фронт,кој пак се протегаше од Охридското езеро до Орфејскиот залив.

Во последната битка на бугарската армија кај Добро поле, таа доживува катастрофален пораз и мораше да капитулира.Војниците се побунија на оваа одлука и заедно со Александар Стамболиски ја прогласуваат Радомирската република а на 29 септември 1918 во Солун поптпишуваат примирје.

Во Грција во ова време владееја две политички настроенија едното заедно со кралот Константин беше наклонето кон Централните сили, а пак либералите на чело со Елефтериос Венизелос кон Антантата.на крајот успеваат да ја превземат власта од кралот и го принудуваат да абдицира и така во 1917 година официјално и објавуваат војна на Централните сили.

Романија пак најпрво во почетокот на војната прогласи неутралност но кога Антантата ќе и вети територијални проширувања Романија ќе се вклучи во војната 1916 година од страна на Антантата.Романските војски ќе имаат мали успеси во битките кај трансилванските планини но под силен притисок на бугарските и австроунгарските војски,таа мора да се повлече од војната,па за на крај поради големото мнозинство да формира обедината национална романска држава.

Турција кога изби војната се ориентира кон централните сили и и објави света војна на Антантата и нејзините сили војуваа во Европа и Азија.Најголем успех доживуваат во битката на Галиполе, каде што иако со помала војска,со поскромно вооружување таа сепак извојува победа.Во 1918 капитулира а со тоа и Османлиската Империја се распаѓа а тоа ќе биде само еден чекор напред кон основањето на модерна Турција.

Албанија во Првата Светска Војна е незначаен фактор и таа за време на војната била поделена на зони на влијанија од кој северниот дел бил окупиран од Централните сили а јужниот од Германија.

Последиците од војната за балканските народи се катастрофлани,најпрво економијата и земјоделското стопанство беа уништени а околу 1.650.000 војници од мобилизираните 3.335.000 ги загубиле животите.Нерешените прашања кои останале по војната, само ќе ги влошат работите во периодот меѓу двете светски војни но и за време на Втората Светска Војна.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.