Среда, 08 Октомври 2014   
Збор-два за авторот на една илустрација на Александар III Македонски

aleksandar-stevanov
Александар Стеванов

Во последната половина дузина години, веројатно најпозната и по социјалните мрежи од Македонци најсподелувана илустрација е онаа на Александар III Македонски качен на својот сакан Букефал. Доколку имате „лајкнато“ некоја FBстраница посветена на Македонија, речиси невозможно е да не сте ја виделе барем неколку пати. Па и покрај тоа што илустрацијата е позната меѓу Македонците, за жал истото не би можело да се каже и за оној кој што ја насликал. Но ако мислите дека авторот на оваа илустрација е Македонец, се лажете. Всушност не станува збор ниту за момче.

ilustracija-aleksandar

Кирси Салонен е името на младата финска сликарка, која што македонскиот крал и освојувач го има овековечено на оваа нејзина преубава илустрација.

Кирси Салонен е родена на 25 февруари1982 година, во Коувола, Финска. Црта уште како дете, а во последните 10 години со илустрирање, како дигитален илустратор, се занимава и професионално. За нејзините квалитети иуспешноста на ова поле, освен самите илустрации, доволно гласно говорат и големиот број на награди кои што ги има освоено. Покрај илустрирање, Кирси работи професионално и како шминкер, а исто така и пишува. Пасија и` се поезијата и природата, а нејзината љубов кон уметноста во целина, како што самата вели, и` се родила уште откако за прв пат го зграпчила моливот, на возраст од само две години.

Во светот на сликарството за прв пат ја вовела нејзината мајка. Додека била дете таа ја учела како да црта и и` ги посочувала различните техники и анатомските правила. Нејзината мајка ја учела сè до оној момент кога самата Кирси не станала подобар сликар од нејзе. „Едноставно се работи за тоа колку време сакаш да поминеш во вежбање на секој еден аспект од цртањето“, вели Кирси „во еден момент јас веќе престанав за референци да користам фотографии или пак живи модели и се принудив себе си, колку што е можно повеќе, да цртам без модели, така што тоа на некој начин ми стана како дисциплина“. Својата понатамошна ликовна наобразба Кирси ја стекнува на универзитетот на применети уметности во Јужна Карелија, каде што има дипломирано на ликовна уметност, со мултимедија како нејзина специјалност.

kirsi-salonen

Нејзините илустрации претставуваатвистинска визуелна поезија. Таа секогаш слика со надеж дека ќе успее да претстави нови и уникатни потези во секое нејзино наредно дело. Желба и` е да разработува ликови со срцепарателни судбини и да раскажува приказни, кои што чекаат да бидат насликани и раскажани. Во своите дела таа им дава лик на чувствата, а смета дека нејзина примарна цел, како илустратор, е со своите дела да побудува емоции, да поттикнува восхит и преку погледот на публиката да изнудува размисли за она што таа го насликала.

По нарачка на обожавател на Александар Велики од Австралија, Кирси ја изработила илустрацијата на античкиот крал и војсководец. Но штом ја прикачила на интернет, како дел од своето портфолио, веднаш настанале и проблемите. Покрај безбројните коментари со пофални зборови имало и низа на такви во кои што се дискутирало не за нејзината уметност, туку за историската припадност на Александар Велики; дали тој бил Грк или пак можеби Македонец. „Лично јас никогаш не сум го сметала Александар за Грк“, објаснува Кирси „но тоа всушност и не е многу важно, тој бил едноставно феноменален“.

Таа подолго време се интересирала за животот и личноста на Александар III Македонски. „Бев фасцинирана од него со години, тој ми беше нешто како идол“, појаснува Кирси. Веројатно токму затоа нејзината илустрација на славниот војсководач блика со чувство на непосредност во која што и измислените елементи делуваат така веродостојно. Всушност ова не е единствената илустрација на Александар Велики, која што Кирси ја има изработено. Една друга на која е претставена сцена по голема битка во која што Александар се одмара до Букефал, го носи називот „Попладневни сенки“ и е насликана во 2005 година.

Дека за Александар се интересираат луѓе од целиот свет и дека самиот тој претставува светско историско наследство кое не би смеело да подлежи на монополизација говори тоа што за изработка на негова слика била контактирана од узбекистански музички композитор. „Само што се сетив на една волшебна работа, во врска со Александар, која што можеше да биде одлична. Пред неколку години, еден композитор од Узбекистан ме контактираше со барање да му насликам огромни промоционални постери за концерт, кој требало да се одржи во Самарканд, и во кој што Александар бил претставен. Како и да е, јас тогаш бев на одмор и не можев да му одговорам доволно бргу, а тој потоа беше заминат на деловно патување и така можноста пропадна. Сè уште чувствувам носталгија за тоа“, споделува Кирси. Но и покрај пропуштената шанса, Кирси е убедена дека во иднина ќе се појави некоја слична. „Мислам дека Александар е тема која што постојано се навраќа од некаде“, вели таа „сигурна сум дека ќе има нови можности“.

Кирси има работено како концепт уметник, има илустрирано насловни страници за поголем број на книги, а има изработено и три постери за Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Моментално таа работи на подготовките за издавање на својата книга „Ордера“, за која што се надева дека ќе биде издадена пред крајот на оваа година, во декември. Се работи за проект на кој што таа со прекини работи веќе седум години. „Ордера претставува епска авантура која што се состои од четири дела“, вели Кирси, која самата ја има напишано и илустрирано оваа книга со фантастична и мрачна тематика.

vistinska-ljubov

Со краткиот стрип „Вистинска љубов“, пак, таа ќе учествува на овогодинешниот, дванаесетти по ред,Интернационален стрип салон во Велес, во организација на Стрип центарот на Македонија (СЦМ), кој ќе се одржи од 17 до 19 октомври и на кој што се очекува да гостуваат поголем број на познати стрип автори од регионот и Европа. Истиот стрип, на 4 октомври во фоајето на кино „Фросина“ (МКЦ), веќе беше претставен пред скопската публика, во склоп на манифестацијата Бела ноќ.

„Речиси како директен комплимент на мојот метод на работење, овој стрип раскажува посебна малечка приказна во секој еден од неговите панели. На сè би можело да се гледа како на засебна емоционална сцена која што е вткаена заедно со другите во една епска љубовна приказна. Со зборови можат да бидат претставени огромни визуелни пејзажи за читателот и останува на „љубовникот“ на крај да пополни што всушност значат тие зборови и која е симболиката која што се крие зад сите нив. Како што рекол американскиот поет и филозоф Ралф Валдо Емерсон „Сиот свет сака љубовник“, и јас верувам дека овој стрип успева да ја нахрани романтичната и полна со надеж суштина во потрагата по љубов, која што тлее во секој од нас“, го објаснува таа стрипот „Вистинска љубов“.

Кирси, како што самата вели, сака еден ден да има можност да илустрира и стрип за Александар Велики, а вели и дека има огромна желба да ја посети Македонија, како и да ја види статуата на Александар на плоштадот во Скопје. А доколку вие сакате да видите дел од нејзиното богато ликовно творештво, можете тоа да го направите на веб страницата - www.kirsisalonen.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.