|
|
EВРОПСКА УНИЈА ИЛИ ,, НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА,,! |
Љупка Ципушева ,,Оној кој ја поседува Вардарската долина тој е господар на Балканот,, БИЗМАРК Археологијата потврдува дека , уште Неолитскиот човек не само што ја сакал македонската земја туку и никогаш не ја напуштил. Денеска откриваме многубројни траги и информации од Неолитот , време во кое човекот на свој начин и развиен сенс ни го пренесува искуството , културата, животот во неолитот во сите сфери на живеење, и се` благодарение на макотрпната ,исцрпна и одговорна работа на археолозите. Беспрекорно јасно, видливо со очи,неолитскиот човек оставил белези (неолитските керамички садови) во прекрсни форми , украси, пораки преку живописни шари во една хармонија и симболика,или , поточно – зачеток на денешнава цивилизација. На локлитетот Грнчарица кај село Крупиште во Македонија откриен е најстариот неолитски жител – кој живеел 7000 години пред н.е. Доцниот пак неолит во Македонија (5 300 – 4 200 г.п.н.е) претставува врвен културен македонски процут – култот на Големата мајка, маслиновото гранче – предизвик на денешната наука. На митскиот Балкан, од секое ќоше, пештера, долина, поле или планина течат извори од далечните наши- македонски претци кои ја отсликуваат егзистенцијата на човечкиот род на овој простор. Во патешествието низ времето се сретнуваме со напредни културни македонски револуции ; Богинките Мајки, Адам од Говрлево, потоа македонските бронзи, златните ритуални маски кои се продукт од аристократските кругови – охридска област – 6 -5 от век п.н.е, - раната антика или златниот век – векот на Филип Втори и Александар Трети,кога Македонија станала силна империја во светот , историски факт – Македонија изобилува со злато и сребро,тврдини со мегалитни блокови- или богатство за светот тогашен . Овие револуции ни ја ветиле Македонија нам на македонците со сите свои убавини ; реки, езера, планини , долини , полиња, низини и преубава блага клима. Од времето на ,,златниот век,, почнуваат македонските неарнини- расколи , делби, особено со настапот на Римската империја- кога Македонија станува нејзина провинција – факт кој историјата го бележи како познати ,,македонски делби,, кога македонската почва е раздавана на оние на кои им ја ветила историјата. Со вкоренувањето на римските вредности- скоро во сите сфери, урбанизираните средини – градовите се развивале во мир како Стоби, Хераклеа, Скупи, Стибера Лихнидос и др. Стоби на устието на Аксиос- Вардар и Еригон- Црна Река, град кој во римскиот период имал исклучителни римски повластици – ковал сопствени пари, Лихнидос , заради својата местоположба и најпознатата античка патна магистрала Виа Егнатиа, претставувал монденско место во светот тогашен. Скупи пак 1-3от век бил најголем град на Балканот-римски колонијален град, а Стибера – кај Чепигово –прилепско, бил центар за изработка на мермерни склуптури. Се до доцната антика, кога и започнува ранохристијанството, овие простори биле густо населени, и ова е ,, Време на базликите,, раскошна архитектура и мозаични подни површини. Во ова време од историјата Македонија и беше ,,ветена,, на византиската империја, време (10от – 11от век) кога на царскиот престол во Цариград владееле девет цареви од т.н. македонска династија. Светиклиментовото време е ,,брилјантно,, време за родот словенски- Светиклиментовиот универзитет, Самоиловата тврдина во Охрид кој како монумент , историски ја отсликува македонско- словенската доминација над балканските земји.Самоил бил единствениот владател кој немал време да си го регулира платежниот систем во царството и да остави траги како другите предходни владатели. Кон крајот на 14 от век – српските цареви ,,ја ветиле,, Македонија на Турците Османлии и таа останала половина милениум под Отоманската империја. Колку и да се оддалечуваме временски од овие периоди, и по два милениума, Македонија постои, и денеска во 21от век, а во овој век историјата ја вети Македонија на самата себе. Што му требаше на Бизмарк да ја зпише својата мисла која перманентно го тресе Балканов а и пошироко?! Вардарската долина не го крие Вардарскиот Рид во чие тело живеат 16 културни слоеви (13ти век п.н.е, 7 и 6 ти век п.н.е.) ниту пак го крие Македонското сонце на иднината – рудникот Алшар сместен во пазувите на Кожув Планина. И не само богатството од долината- богатството од умот на Македонецот е оној невидлив ресор кој денеска го буни светот и кој кинисал да го уништи, или пак го ,,ветил,, секому по малце. Европа, Унија на држави – денеска има вистински проблем, а проблемот е јасен. На Унијата во подсвеста и тече река од мисли, а една мисла и` надвладува,,јас сум милионерка, јас сум милионерка,, богатство само на потсвеста, а целата унија се тресе во финансиски маки. Унијата стана безидејна, финансиските нејзини маки станаа витли на искршени мисли – таа не успеа да си ги зачува своите 5 евра- остана на 3 евра, бидејќи свесно двете евра ги фрли – како неважни, во јужниот бунар дез дно , и од Унија на држави премина во ,,хуманитарна невладина организација,, која талка по трансверзалата на пропаста. Не успева да си ги ги спои краевите како нејзина обврска- а времето ја пренасочи во наш македонски ,, мислител,, сопирајќи ја нашата цел и амбиција, губејќи го од вид себеказнувањето како наследничка на македонската трагедија 1912-13год. кога таа иста Европа ја ,,вети,,Македонија на нејзините денешни патишта на пропаста. Но, се` си има своја цена. Историјата е драгоцена , таа те води низ минатите векови – нив ги нотирав во почетокот на текстов- се работи за видлива вистина која на Европа треба да и ги исчисти сите негативни предрасуди за Македонија, дека Македонија е нејзино Трајно Големо богатство, дека Македонија треба да биде Европска разбудена , непоматена совест , Македонија да ја гледа како дијамант на својот златен прстен кој ќе и`го зачува нејзиниот живот. Европа треба да ја напушти својата ментална кавга, не за себе- промена, туку да стане свесна – што е тоа што не чини , а и` го прави на Македонија. Навиките имаат моќ –тоа е карактерот, но карактер без самоконтрола сее само судбини, деградира, се губи, и понира во небиднина – и се` ова заради необразованост на срцето и душата. Светот има потреба од образована популација – значи не само во умут, туко во срцето, во душата – токму ваква е македонската популација, популација со голем потенцијал на која и` се окомила Европската Унија без срам без перде. Заради ваквата окоменост – воспитаниот и образован македонец секој ден наново и наново воскреснува со сила, храброст и јачина, и за навек се ослободи од слабоста и стравот. Ние македонците мораме да си веруваме во нашите мисли, зборови и дела, тие се видлива сила која може и светот да го промени, иако Европската Унија кон нас се поставила како ,,хуманитарна невладина организација,, која по шести пат ни доделува согласност за пристап во нејзините редови. Дали е ова пак, оној , највисокиот стадиум на моралот од Европската Култура во која не постои ниту вистината, ниту убавината ниту добрината? |