|
|
Македонија и Македонците во Првата Светска Војна |
Македонија, почетокот на Првата Светска Војна ја затекнал разделена помеѓу трите соседни држави Бугарија, Србија и Грција во чие што владение македонското население беше крајно асимилирано и малтретирано, подложено на најтешки казни, онакви со какви ни најголемите убијци не се казнуваат, а не пак невини луѓе. Уште со почетокот на војната македонскиот народ бил мобилизиран од армиите на соседните земји, во српската околу 53.000 Македонци, во бугарската 33.000, а во грчката армија 20.000 Македонци. Македонците во сите овие армии секогаш се наоѓаа на првата борбена линија на фронтовите, едноставно беа користени како топовско месо. Во Бугарија исто така била и организирана 11 македонска дивизија на чело со генералот Крсте Златарев, а додатна воена формација претставувале и четите на Тодор Александров кои пак единствено нешто што постигнале бил теророт после Валандовската афера, кога српската војска вршела невиден терор врз населението како одмазда за провокацијата од страна на ВМРО на Тодор Александров. Пред самиот почеток на војната на 14 август 1914 година Димитрија Чуповски и Крсте Петков Мисирков поднесуваат опширен меморандум во кој се опишани македонската етнографска и национална посебност од соседните држави, со верување дека Македонија ќе биде независна и обединета, а со самото тоа ќе настапи мир на Балканот. Наце Димов исто така ќе поднесе еден Меморандум до рускиот министер за надворешни работи во 1915 година, но и по тој Меморандум нема да има никаква измена на границите на Балканскиот Полустров. Македонскиот народ како и предходно, ќе биде залажуван со тоа дека ако се борат во некоја од армиите на соседните земји таа што ќе победи ќе и` ја даде слободата на Македонија и конечно ќе дојде до нејзино обединување. Најсилна во овие ветувања била Бугарија, токму онаа која што се вклучи во војната откако и` беше ветена цела Македонија, а од друга страна ветува дека ќе и` ја подари на Македонија долгочекуваната слобода. Како што понатаму ќе се развива военото дејство, силите на Антантата полека полека ќе ја ослободуваат заземената територија, од страна на војските на Централните сили, и кога веќе ќе се гледа крајот на војната истите сили ќе капитулираат, а со самото тоа и аспирациите на соседните држави кои биле дел од таа геополитичка и воена формација. Со Версајскиот договор ќе се стави крај на на четиригодишната војна која ќе одземе безбројни жртви, а ќе остави исто толку ако не двојно повеќе сираци и вдовици. Според договорот ќе се постави таканаречениот Версајки систем на граници, кои што до ден денешен не се во голема мера изменети, а според кои Македонија повторно е поделена и сега Вардарскиот дел ќе припадне кон новсоздаденото Кралство СХС, додека двата други дела следствено на Букурешкиот договор ќе се најдат повторно во власта на Бугарија и Грција. По војната Македонецот повторно ќе биде асимилиран и запишуван под разни имиња и националности, а не бил ни еден од нив и токму тука се крие вистина и пропаѓа во вода дека Македонецот е Бугарин, Србин, Грк. Зарем не е најголемиот доказ во тоа што со употреба на сила станувал се` и сешто, а во мирно време се искажувал како Македонец. Македонија по војната и покрај тоа што ќе биде распарчена и економски уништена врз нејзините територии ќе газат и туѓинци, колонисти донесени од далечни места се` со цел да се доразнебити македонското население до најмал сегмет, но сепак Македонецот како и секогаш до сега ќе издржи и еден ден ќе ја дочека светлата слобода.
|