|
|
Македонија во првата половина на 19 век |
Македонија како и целата османска империја во 18 век се наоѓа во опшествена и политичка криза како резултат на заостанатоста на империјата во однос на останатите европски земји. Македонија тогаш била османлиска провинција со 1.873.388 жители во најголем дел Македонци. Населението се занимава со земјоделство и Македонија е најбогата провинција во Румелискиот беглербеглук. Таа беше поделелна на Солунски, Косовски и Битолски Вилает. Земјата ја обработувала рајата, а спахиите се занимавале со војничка должност односно биле коњаници во војската на султанот. Поседите на спахиите се наракувале тимари, а поголемите земјишни поседи хасови и зијамети. Рајата е закрепостена во однос на спахијата, бидејќи е зависна од земјата која ја обработуваат, а таа е пак сопственост на спахијата. Се палаќале даноците: десеток, харач, девширме, пенџик и др. Како резултат на малтретирањата врз населението македонскиот народ го организира Негушкото востание (1822) кое треба да се спротивстави на зулумите на османлиите особено на Али паша Јанински. Водачи на востанието биле Ангел Гацо, Атанас Караташо и Зафарикис Логотет. На 3 март 1822 го напаѓаат Негуш и го ослободуваат, а потоа востанието се проширува на околните села. Им се приклучуваат голем број на доброволци од Берско, Кожанско, Костурско, Леринско и Мегленско. Во ова востание учествувала Сирма војвода од Тресонче дебарско. Востанието е крваво задушено на 6 април 1822. Во овој период се појавуваат и феудалните анархии на локалните паши и бегови кои сакале да се одметнат од власта на султанот. Такви биле: Абдурахман паша Тетовски, Али паша Јанински, Исмаил бег (Серес), Кара Алија бег (Струмица), Реџеп паша (Скопје) и др. Овие појави се сузбиени по воените експедиции во Бабуна 1831 и Катланово 1844. Истовремено цела Mакедонија е крстосувана од албанските банди и немилосрдно ограбувана, некогаш бандите броеле и до 1000 души. Заштитници на населението биле сејмените кои биле ангажирани од султанот, таков е и Кузман Kапидан опеан во поемата Сердарот. Поради тешкиот живот населението масовно бега во градовите и таму сега за прв пат пројaвува интереси за своја црква, свои училишта и др. За прв пат во кукуш 1856 година се одржа миса на словенски јазик по заложбите на кукушани на чело со Димитрија Миладинов, но под покровителство на унијатите. Почнуваат да се издаваат и првите учебници за македонските говори најпрво со Анатолија Зографски, па Партенија Зографски кој ќе биде поставен и за кукушки владика. Просветителството започнува со Пејчиновиќ и Крчовски чии книги со беседарски карактер биле печатени во Будим и во првата македонска печатница во Солун отворена во 1820 или 1828 година. Тука се печатени: Началное Учение на А. Зографски, учебниците на Партенија Зографски, а подоцна и на Кузман Шапкарев и на Јордан Х.К. Џинот. Со појавата на првите буквари за македонските говори се побуди и интересот за народното творештво, така да во овој период се појавуваат и собирачите на народното творештво браќата Mиладинови, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков и др. Нивните записи за македонскиот фоклор се сеуште едни од најзначајните дела за Македонецот и македонштината, дела кои се погодни за читање на сите генрации, за секој оној кој сака во себе да ја почувствува древноста на нашата татковина.
|