Среда, 22 Октомври 2014   
Награда за Иванов за неговата посветеност во одбраната на фундаменталните слободи

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Одборот на Форумот Кран Моната оваа година му додели Награда на Фондацијата за 2014 на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов. Наградата му беше доделена на македонскиот претседател како личен придонес за активности и достигнувања во сите општествени области, како и за неговата посветеност во одбраната на фундаменталните слободи. Покрај претседателот Иванов, добитници на овогодишната Награда на Фондацијата се Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун, претседавачот со Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, поранешниот премиер на Сенегал г. Амината Туре, а постухмно беше награден Ерве Хурдел.

Наградата на Фондацијата се доделува од 1989 година во рамките на Форумот Кран Монтана, како признание за општествена одговорност и за придонес во глобалниот раст и развој. По повод доделувањето на оваа престижна награда, македонскиот претседател во своето обраќање ќе посочи дека таа е признание не само за него, туку и за Република Македонија и македонските граѓани. Истовремено тој ќе го истакне следното:

„Јас сум горд што тоа што го прави Македонија е се` повеќе она со кое ќе се соочува светот во иднина, оти сите општества во иднина ќе бидат мултиетнички, мултирелигиозни и мултијазични. Нас ни требаат лидери кои ќе знаат да се справуваат со различноста, не да ја уништуваат различноста... Живееме во свет во кој многу брзо се случуваат промени. Глобалните медиуми, интернетот, носат процес на глобална етничка преродба, религиозна преродба, јазична преродба... Територијата го губи значењето... Така што, на младите луѓе треба да им оставиме свет во кој ќе се почитуваат, ќе ја почитуваат различноста и ќе живеат со неа. Како што Швајцарија е позитивен пример за почитување на различноста, исто и Македонија на Балканот гради сличен, свој специфичен модел на почитување. Почитта е она што се надградува над толеранцијата. Затоа мора да го промовираме почитувањето на различноста, да не ни се случуваат настани што ги имаме денес во кризните жаришта, што придонесуваат да се инфицираат млади луѓе и да не почитуваат она што е разлика“ – ќе подвлече македонскиот претседател.

Во говорот за Балканот и глобалната безбедност на форумот „Кран Монтана“, претседателот Иванов го посочи македонскиот модел на соживот како позитивен пример за почитување и прифаќање на различноста, истакнувајќи притоа дека најдобрата превентива на секој облик на насилен екстремизам и радикализам е токму афирмацијата на филозофијата на почит кон различностите.

Меѓутоа и покрај сите напори кои ги презема Република Македонија за стабилноста во регионот, како што ќе истакне Иванов, земјата „предолго го чека заслуженото членство во Алијансата, и тоа поради непочитувањето на резолуциите на Обединетите Нации, непочитување на меѓународно преземени обврски и на Пресудата на Меѓународниот суд на правдата... Одлагајќи го проширувањето, ЕУ си создава проблем на сопствената територија“.

Оттука, претседателот Иванов ќе укаже дека чекорите кои треба да се превземат како глобален одговор на глобалните закани, треба да биде  „забрзаното проширување на ЕУ и НАТО, потоа почитување на меѓународното право, интензивната соработка и размената на информациите меѓу земјите од Западен Балкан, се` со цел надминување на актуелните закани од екстремен национализам и радикализам“.

Во домашната и меѓународната јавност претседателот Иванов одамна е познат како цврст и одлучен претседател, човек кој ја познава земјата и приликите во регионот и светот, човек со визија за иднината и човек кој е вистински промотор на својата земја. Ретки се политичарите кои како него можат да упатат порака, препорака, но и критика до меѓународната јавност, како што тоа го прави претседателот Иванов.

Тој од секогаш ги бранеше демократските вредности, правото, а пред се` државните интереси и стратешките цели на земјата. Во секоја прилика тој ги застапува интересите на државата и интересите на граѓаните. Негов избор се пред се` Македонија и македонскиот граѓанин, па затоа секогаш и секаде знаеше да застане во одбрана на името и идентитетот, но и да ги промовира вредностите на својата земја и народ. Тој постојано ја раскажува вистината за Македонија и се спротивставува на силата која ја демонстрира Атина. Како што во една прилика ќе каже:

 „Нема ниту една држава, ниту една влада и ниту една сила која може да им го оспори правото на Македонците да бидат Македонци“.

Од изборот за претседател на Република Македонија, па се` до денес, Ѓорге Иванов покажа дека стана лидер од светски калибар и дека може да се носи со разни предизвици кои ги носи новото време. Тој покажа дека знае да се постави над партиските интереси и дека може успешно да ги одразува, застапува и брани интересите на својот народ и држава. Во овој период тој покажа рационалност, способност, храброст, чесност и посветеност во одбраната на фундаменталните слободи, елементи кои носат единство и сплотеност на населението.

Тоа го препозна и Одборот на Форумот Кран Моната, кој оваа година му додели Награда на Фондацијата за 2014 на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Така македонскиот претседател се најде во редот на повеќе светски лидери и истакнати личности од политичкиот и општествен живот кои ја добиле оваа престижна награда. Меѓу досегашните добитници се наоѓаат имињата на досегашниот и идниот претседател на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и Жан Клод Јункер, поранешниот Генерален секретар на ОН, Бутрос Бутрос Гали, поранешниот премиер на Израел, Јицак Рабин, поранешниот претседател на Авганистан, Хамид Карзаи, поранешниот претседател на Романија Јон Илиеску, поранешниот премиер на Србија, Зоран Ѓинѓиќ, потоа Ричард Холбрук, Лех Валенса, Беназир Буто и други.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.