|
|
„Десловенизацијата“ и „антиквизацијата“ на антимакедонизмот на неоврховистите! |
... Една “фина дама“ во едно интервју, со леснотија во цинизмот а со намера “демистифакиција“ на простотијата на власта, вели: “Каква промена на името? За да го сочуваме идентитетот? Па, ние, внатре, веќе го променивме идентитетот?“ Не и го спомнувам името, затоа што не е достојно тоа да го сторам, се разботи за полемика со став, препознатлив за “опозицијата“. Демек, ако самите си го променивме идентитетот внатре во Македонија, зошто да биде неприфатлива промената и на државното име Македонија? Едноставно, нели? Нивниот гуру, не вели “народот е секогаш во право“, туку “народот и кога греши е во право“, а десетина избори континуирано губат мандат за власт. Знаете ли зошто таквите така мислат? Па, така мислат, затоа што за нив: “Ние сме Словени дојдени од зад Карпатите по шестиот век од нашата ера. За да не не’ поистоветуваат за Срби и Бугари се нарековме Македонци поради името на територијата што ја населивме Македонија. Ние не сакаме да ја присвојуваме историјата на античка Македонија и на Александар Велики!“ Тоа е матрицата Глигоров. Тие сметаат дека “десловенизацијата“ на Македонија значи нејзина демакедонизација, затоа што се производ на школи од времето на поранешна Југославија, инсталирани од други и туѓи централи за изолација на Македонија од сопствената историја и археологија, со цел легализација на окупацијата и геноцидот врз Македонците од времето на Балканските војни од 1912-1913 година до денес. Нивниот неоврховизам кон Белград, Софија и Атина, аксиомата “Македонија во континуитет во време и простор од пред нашата ера до денес“, ја доживува како “антиквизација“, односно “букефализација“. А, во основа, не станува збор за “десловенизација“ на Македонија како “демакедонизација“, туку за “антиквизација“ на антимакедонизмот на домашните велепредавници, колаборационисти и неоврховисти, со цел рекомпонирање на власта заради промена на државното име Македонија! Таа услуга се плаќа. Нивниот стил е да стават рејбанки на глава, да газат на високи штикли и да пушат пури во Брисел, со поотворено деколте и поголем шлиц, за да можат да плукаат од подалеку врз Македонците и Македонија, заборавајќи дека таму можат да одат само од оваа држава чие име било, е и засекогаш ќе остане Македонија! Ама, бидејќи знаат дека промената на државното име е услов за прием на Македонија во Европската Унија, а не патат од комплексот на виткање кичма, на Стразбур му велат, дајте ни нам мандат, затоа што ние ќе го смениме државното име Македонија. Идентитетот и не е важен, бидејќи самите веќе си го променивме. А ќе живеат како и досега, како платеници од центри кои бараат домашни пулени за да ги разнебитат македонската нација и држава! Друго во животот ништо и не сработиле, освен што сатанизирале, по порачка а со цена по сопствениот статус, демонизирале, судбини креирале, дискредитирале за отстрел по волја на власта. Кога нивната власт е опозиција, изгубени се во времето и просторот, немаат егзистенција, и тогаш сите им се виновни, од се’ им е смачено. И жалат... жалат за старите добри времиња кога можеа се’ да прават, без последици, но со колку посилен засек, толку подобар продор во власта и медот што друг за сите нив со труд и пот го збирал. И, како појаснување без недоразбирање: Врховизмот не е етничко прашање, туку гео-политичко. Врховизмот е сервилност на определена номенклатура која во отсуство на доверба од сопствениот електорат, мандат за власт бара од некоја соседна централа, ирелевантно дали тоа бил Белград, Софија, Атина или Тирана... Денес Брисел, Стразбур, Берлин, Москва, Лондон, Вашингтон ... ... Како и да е ... Македонија повторно е држава, Македонците повторно се суверена нација! И тоа повеќе никој и никогаш не може да го смени! Епизода е - “Државата, тоа сум јас!“ Сепак, светот без секого се движи... И без Бранко и без СДСМ, биле на избори, та не биле. Лидерите и партиите се раѓаат и умираат. Еве и Киро умре, па Македонија не заврши на Бутел! |