|
|
Како до силна Македонија? |
Колку милиони Македонци и наши добронамерни пријатели имаат кажано, мудрувано, размислувано, пеено и гласноговорнички реторички одговорено: Како до силна, стабилна и зошто да не Обединета Македонија? Последниве стотина години, после сиктерисувањето на Аскерот, тој толку посакуван ден е колку блиску, толку подалеку. Секогаш се доаѓа до заклучок како ете не е времето, а и нашите комшии и душмани, имаат големо лоби и пари, па така се секогаш побрзи и поитри од Нас. Дали ги гледаме нашите грешки и не докрај генијални размислувања или ќе им пренесеме на идните поколенија завет дека кога претходно нашите дедовци и ние... не сме можеле ништо, па сега тие во момент на еуфорија, да заборават и да не го губат времето џабе и да си гледаат само паричката во џеб како да ја завртат? Да се разбереме едно нешто: Македонија е Феникс и ова ќе се повторува ако треба уште сто пати. За да дојдеме до насловот значи, како до силна Македонија, треба да се учиме на сите грешки и да најдеме нови идеи. Анализи од минатото се пожелни и затоа изреката да заборавиме на минатото и да се свртиме кон идината е погрешна. Прашање кое прво се поставува е дали има некој орган, тело или група на поединци кои ќе имаат или имаат, сеедно, да речеме 2 милијарди евра или долари, за да плати, поткупи или релаксира политичари, државници, религиозни лидери и тела или народски кажано дрматори светски? Замислете овие пари во Македонија или дијаспората, на располагање... Па колку правилно ќе се распоредат и употребат во права смисла на намената? Одговорот го знаете сите, па затоа треба фанатични патриоти што на зборот Македонија можат и харикири да направат. Да заклучиме дека ќе најдеме здрави и најчесни Македонци, умни и достоинствени кои ќе знаат се` да дадат од себе и дека ќе нема проневери и мучки за едно денарче. Искуството ни кажува дека западните земји и НАТО алијансата се всушност збир на различни секти и религии и дека со Православниот свет немаат ништо, па затоа секоја надеж за разбирање, помош или сојуз се занесување и лажење на самите себе, што многу штетно се одразува на Македонија. Сакс Кобург Династијата, Сорос, Ротшилд... тоа се тие гладијатори, заедно со Илуминатите и други ѓаволски секти во Америка, што секојдневно сакаат да ја парчосаат Македонија и да се накитат тие со перја од нашата историја и Царските династии... арно ама, судијата не отсвири судиско продолжение, а ние се надеваме дека ќе победиме на пенали. Истовремено братските православни земји, заедно со Русија, досега не мрднале ни со прст и се прашуваме дали повторно можат да не` стават да бидеме жртвени јагниња со некој нивни душман. Како и да земеме, од сите страни Ѓорѓи сардисан, така да ова бара големо размислување како да се надмудри овој ќорсокак. Последно нешто, а воедно и најважно, доколку дојде до силна или Обединета Македонија, уште од сега да се размислува, како да се сочува и да не се дозволи така како до сега две илјади и кусур години, сопки да ни ставаат и да не можеме глава да кренеме. Некој ќе рече лесно за потоа, но една работата не ми е јасна, како никој не се заколнува јавно, на верност према државата Македонија и да има казни, па и ригорозни доколку згрешат, а воедно и наштетат на Македонија? Нели едно време комитите се заколнуваа на Библија, кубура и кама, па нели кодошите и издајниците беа сурово казнувани? Нели беше тоа ВМРО што практикуваше вакви принципи? Само со овие примери и верба во Бога и Македонија, може фантазијата да стане реалност. Би сакал во тоа јаве еден ден да се прочита овој текст. А знам и сигурен сум дека тој ден ќе дојде.
|